23 јануари, 2007

Плима


3 дена... недела дена...две...три. Рекордот мислам дека е месец и пол. Доколку блогов не испаднеше тесно специјализиран, можеби немаше да има толкави прекини во р-Еволуција.

Колку и да ми се неопходни периоди на отсуство од тука, секогаш ми носат некое чувство на вина - како да не сум направил нешто што требало.

Го поканив Принц, дечко со љута тастатура и автор на ново лого за еден наш провајдер, да ги покрие моите осеки со своите плими. Со своите текстови тука треба да се погрижи да не се осеќаат запоставени душичките од nonet.

2 коментари:

Анонимен рече...

Пред извесно време постоеше една `констатација` дека WADSL-от не е како што треба само на одредени акцес поинти вклучително на нерези и во кисела вода, а тие што се приклучени на АП на водно (средно водно) уживаат `привилегија`(?!) на брз и квалитетен интернет. Овој пост го пишувам како демант, а во продолжение приложувам corpus delicti:

:::.. testmy.net test results ..:::
Download Connection is:: 125 Kbps about 0.13 Mbps (tested with 386 kB)
Download Speed is:: 15 kB/s
Upload Connection is:: 82 Kbps about 0.1 Mbps (tested with 386 kB)
Upload Speed is:: 10 kB/s
Tested From:: http://testmy.net (Server 1)
Test Time:: 2007/01/23 - 2:00pm
D-Validation Link:: http://testmy.net/stats/id-YSPCX05WK
U-Validation Link:: http://testmy.net/stats/id-MQS4ZE3IU
User Agent:: Mozilla/5.0 (Windows; U; Windows NT 5.1; en-US; rv:1.8.1.1) Gecko/20061204 Firefox/2.0.0.1 [!]

Access Point: средно водно
Ова трае веќе 5 дена

Епа другари, ако сте љубители на мирцањето а dial-up от не ви е исплатлив, повелете на nonet WADSL. За повеќе - барајте друг провајдер!

Анонимен рече...

Луѓе незнам зошто толку проблеми ви се јавуваат ама кај мене не е така. Не дека не ви верувам, туку напротив постојат замки во кои и не се замки туку неправда. Кај мене WADSL-от е супер и ретко кога ке падне испод 580 kb/s. Еве и кај комшијава нема никакви проблеми. Инаку јас сум од Велес па незнам дали сепак мозно е да не ја насочиле добро чинијата кон предавателот или пак можно е предавателите на МТВ да прават проблеми. Незнам со да кажам ама јас сум презадоволен со интернетов, а и со професорот мој правев муабет тој вика дека имал ADSL и кога го ставил бежичниов бил подобар за разлика од обичниот ADSL. Незнам стварно во што може да ви биде проблемот ама јас би превзел нешто во врска со тоа.