23 јануари, 2007

WADSL ја губи битката и со латенцијата?

Една од најдобрите карактеристики на он.нет-овиот WADSL, освен цената, брзината и месечниот лимит, беше латенцијата. Како 5 месечен корисник на WADSL, со 5 редовно платени фактури, би сакал со вас да го споделам моето искуство со WADSL.

Цена: цената си е таа, 1286 денари месечно (ДДВ е вклучен). За некого е малку, за некого таман, додека за некој трет е многу. Секој со својата мака/среќа. Нема ништо спорно овде бидејќи кога го потпишав договорот знаев колку ќе треба месечно да одвојувам за фактурата за интернет пристап.

Брзина: Брзината е многу спорна. Иако според договорот он.нет се обврзани на брзина за download од 512 Kbps, јас 2 месеци имав брзина на download од 100 (најчесто) или 300 (многу ретко) Kbps. 1 месец сите ги имаа овие проблеми што се поврзани на WADSL додека пак наредниот месец само некои корисници поврзани на базната станица кај Нерези. На он.нет им требаше цел 1 месец за да го увидат проблемот и само 1-2 дена да го санираат. Лош систем за мониторинг, иако тврдат дека го имаат најсовремениот и единствен во Македонија. Или можеби мониторите (лицата задолжени да ги интерпретираат резултатите на мониторинг системот) не ги бива. Во секој случај мене не ме интересираат детаљите како краен корисник. 1 цел месец за воопшто да не забележат дека имаат проблеми со одредена базна станица. Исто така, многу често паѓа конекцијата така да оние 98% гаранција дека ќе имам квалитетен интернет ниту еден месец не се одржаа.

Лимит на месечен трансфер: 10 гигабајти иако изгледаат како доволно или многу, земајќи ја во предвид точката 2, тешко дека ќе ги искористиш некогаш. Претпоставувам ова им е маркетинг трик. Дај им нешто што вистински не може да се искористи.

Латенција: Стигнавме до мојот омилен дел бидејќи кога се мислев да ставам WADSL, на порталот на он.нет прочитав еден текст од некој вработен во он.нет демек нивната латенција била невидена работа, ептен добра. Досега сите проблеми ги сваќав како привремени и повеќе се концентрирав на онлајн игрите (кои директно зависат од латенцијата), барем додека не се поправи целосно конекцијата еднаш и засекогаш. Но повеќе ни таа не е како што треба. Имам латенција од 200 милисекунди (просек) кон
secure.on.net.mk и 450 милисекунди (просек) кон google.com. Тоа е КАТАСТРОФАЛНА латенција.

Разно: Канопито цркнува, прекинува да работи. Можеби ви било кажувано поинаку, но ова е вистина. Моето почина (нека почива во мир) пред 2 месеца, додека пак на двајца мои соседи им починаа денес. Најмалку 3 дена им се потребни да дојдат да ви го заменат со друго.

Заклучок: Он.нет-овиот WADSL е многу нестабилен интернет (баталете WADSL без интернет, подобро земете бесна кола без гориво, така колата барем ќе ја имате), никаква техничка поддршка, пристојна цена и месечен лимит во пакет со висока латенција. Прашање до он.нет: интернетот не е вклучен во цената?

Напишано на 5 Јануари 2007.

47 коментари:

mkdev рече...

za ovie problemi ne se prefrliv na on.net znaev deka ke imaat vakvi problemi , uste sum na mtshit , ama ajde ako telekabel nema da ni izbega

Верверичката рече...

Секоја граница ја рушат и овие од Но.Нет... Секој втор ден имам проблеми со приклучувањето кон серверот, а и кога ќе се приклучам не влече информации... што значи... исто како да немам интернет... Какви и да коментари и писма и прашања им пишувам - се некои стерилни одговори даваат... дебили едни...
Прашање: Аман дајте да платиме, само да не биде ограничено, кога?
- Таквата услуга сеуште не е достапна...
Е аман, кога ќе се достапоса, секаде околу нас ја има овде ја нема... какви парадоски вие матите само. Ах, да имаше друг избор, ќе им ебев интернетот ограничен и никаков, ама што да правиме ем држава од 3-от свет ем комунизам тежок уште е овде.

Анонимен рече...

Веќе се навикнавме да добиваме темплејт одговори од техничката поддршка кога пријавуваме некој проблем:

- Канопито ви е супер
- Имате спајвер/вирус затоа ви е споро
- .....

Она што го заприметив е дека интернетот е добар во интервал од одприлика 02:00 - 11:00 што значи но.нет не е на нивото на предизвикот да обезбеди квалитетен интернет на онолку претплатници колку што има во моментот.

Анонимен рече...

Evo i jas sum na On.net ne se dobri toa e vistina ali naeftina opcia e od Mtnet za sega....Edino sto me maci na On.net mislam mnogu kradat megabajti i toa dosta...

коскар рече...

мала дигресија. денеска оннет го извади ценовникот за фиксна телефонија.
еден пример: зона3 кај мтшит е 17 без дедеве или 19.89 сосе дедеве.
кај нонет за истата зона е 19 со вклучено дедеве...
е,па стварно „волшебно“ (што би рекол пепи) пониски цени....
ваљда мони мислат дека ако зборам 300 саати со хрватска у месецот, ќе осетам разлика околу 16 иљади денари. ееееејјјј

п.с. овие 16иљади се малце повеќе, пошо не ја рачунав претплата кај мтшит од 400ден

3 рече...

Инаку, тоа што господинот Princ е екстремно анти-оннетовски настроен, тоа воопшто не му пречи да прати CV и да се пријави за работа таму. Сега можеби ги плука но немојте да се изненадите ако за скоро време почне да читате постови дека оннет е најдобриот провајдер во МК :)
Па здравје, можеби и ќе го подигне нивото на техничка поддршка, којзнае... :)

Princ рече...

Господинот Princ не е воопшто анти-оннетовски настроен (нели CV сум пратил за работа) само господинот Princ го иритира продавачот што не му ги цени парите. Но.нет (упс, знаев дека ако купам Delux тастатура од бит пазар вакви грешки ќе правам) ако ме вработи мислиш ќе толерира да им "лагирам" на работа, или да одам на работа а да имам "висока латенција"? Ќе ме плаќа и воопшто да не им одам (слично со нивниот/вашиот интернет кој го плаќаме а не го добиваме) на работа? Нема душо, такви работи обострано не се толерираат.

Се што сакам јас (и секој друг) е стабилен интернет, со брзината наведена во договорот, за цената наведена во договорот. Ништо помалку, ниту еден бајт, ниту една милисекунда.

Инаку не ме чуди што играте со вакви валкани карти, и порано се имате покажано како валкани играчи.

3 рече...

Незнам што воопшто ги толерираш тогаш. Од 5 месеци колку што си претплатник ти добри две третини од тоа време имаш сериозни проблеми?! Зашто едноставно не го раскинеш договорот и побарај си подобра солуција? Очигледно он нет не може да ти понуди квалитетна услуга, можеби има некој друг провајдер што ќе може.
Ама пак, се некако мислам дека ќе престанеш да мрчиш ако евентуално те вработат душманите ;)

Анонимен рече...

Другар 3, не оди тоа така, ако постои договор за одредена услуга, а едната страна не ги исполнува своите обврски, апсурдно е другата страна да трпи уште поголеми последици од оние кои веќе се актуелни(во овој случај ем лош интернет - ем раскинување договор со ’договорена’ финансиска компензација. Секогаш одговорноста ја сноси онаа страна која го предизвикува проблемот, а ти сакаш товарот да биде префрлен на недолжниот корисник кој редовно си ги обавува своите обврски?? На сите ни е јасно дека но.нет не ги признава проблемите со кои не може да се справи, па упорно му продава муда за бели бубрези на корисниците кои реагираат.. “Канопито Ви е во ред“ ?!!?

Just adding my 2 cents...

поздрав

Анонимен рече...

Turi i .!. na 3, od nonet e.Ne vredi da se konverzira so niv.nikakvi se na niven teren,pa sega doagaat i na nasiot.

3 рече...

Колега анонимус, јас никаде не напишав да раскине договор на негова штета! Фала богу дека не треба да плаќа „пенали“ за нешто што не е негова кривица. Ако договорот му дозволува да го раскине поради неисполнување одредени услови тогаш супер, нема што многу да се мудрува :) А ако не тогаш има и други лекови: притисоци, тужби ова она. Колку што сум јас информиран, он нет многу лесно попуштаат кога некој врши малце поголем притисок врз нив (а под притисок не подразбирам само дијалози со техничка поддршка туку и со некоја повисока инстанца) па ете може да проба и со тоа. Тоа е само моја најискрена препорака, да бев јас на он нет така ќе постапев.

Само, друго ми е мене поентата :)

bezvrska рече...

:) Лелеее автогол. Текстот е за неквалитетот на услугата на нонет, а со коментаторска црешичка испадна дека не почитуваат ни доверливост на кореспонденција. Устав ми кршите, закон у WC носите :)

Што следно ќе видиме? Кој кај сурфал, на кого праќал мејлови...
- Швалерка си имал, а?
- Не бе злато!
- Не лажи говедо, видов на он.нет.

Еве се најавија дека ќе биднат и фиксен оператор, па ќе добијат и аудио документација за вашите животи. После ај зуцни против ликот и делото на нонет без сите да чујат како си се лигавел на девојката или како те командала жената.

BTW, ќе замолам да се објават детаљи и за други огласи...да видиме кој се пријавил за работа во ЕДЦ, АЕД, итн... :)

Анонимен рече...

Како сте денес задоволни од WADSL-от? ау, не. Чекај уште еднаш.

Како сте задоволни од WADSL-от последнава недела?

Јас сум “привилегиран“ корисник кој е приклучен на АП на средно водно, и нормално, користам привилегии за кои повеќето јузери не можат ни да сонуваат. Следниот тест ќе дообјасни:

:::.. testmy.net test results ..:::
Download Connection is:: 95 Kbps about 0.1 Mbps (tested with 97 kB)
Download Speed is:: 12 kB/s
Upload Connection is:: 87 Kbps about 0.1 Mbps (tested with 386 kB)
Upload Speed is:: 11 kB/s
Tested From:: http://testmy.net (Server 1)
Test Time:: 2007/01/26 - 6:12am
D-Validation Link:: http://testmy.net/stats/id-8UFNWIAG1
U-Validation Link:: http://testmy.net/stats/id-XZ2BCT5I6
User Agent:: Mozilla/5.0 (Windows; U; Windows NT 5.1; en-US; rv:1.8.1.1) Gecko/20061204 Firefox/2.0.0.1 [!]

Добро бе, како да кажам дека користам (W)ADSL услуга бе? Дали ова ви личи на нешто такво? Па имајте осет мајкему, ако не можете да се справите со толкав број на јузери, не приклучувајте нови, или само да се печатат договори, а??

Бај д веј, да не заборавам, сурфањето на страната на Но.Нет е СУПЕР, даунлоадот 60-62KB/s..... - за на некој да не му текне да ми јаде бабури дека можда канопито не е во ред, спајвер/мајвер и слични глупости

Princ рече...

Не си само ти "привилегиран", да не ти пастирам мои резултати бидејќи сите или најголем дел од нас имаме дајл-ап конекција. Доста скап дајл-ап.
И после 10 гиги-миги. Како бре ќе потрошиме 10 гигабајти со ~100 Kbps download? 3 месеци е ваква конекцијата и не мислат да ја средат.
Си го пореметив и сонот овие 3 месеци бидејќи интернетот е пристоен само после 1 по полноќ и тогаш сурфам раат.
Ај легнав да спијам, ќе станам покасно, тогаш може да се сурфа пристојно.

3 рече...

Bezvrska, другарче, не ли ти текнало дека можеби информацијата сум ја добил од друга страна, од некој познаник на господинот Princ? Тоа што имам една, адје да ја наречам инсајдерска информација не ме прави автоматски вработен во он нет. Препрочитај ги внимателно моите постови и живти се посочи од што заклучи дека сум оннетџија? Во краен случај види од кои IP адреси сум постувал (talk about приватност!).
Инаку, дека он нет има проблеми, тоа е ФАКТ. Имам познаници што се преку он нет, сум ги слушнал хорор приказните и нема зашто да тврдам спротивно. Еве и црно на бело: УСЛУГАТА ШТО ЈА НУДАТ Е НЕКВАЛИТЕТНА! Ама да имам 3 месеци по ред сериозни проблеми со интернетот и да не направам ништо во врска со тоа освен да кукам по блогови и форуми?? Во најмала рака има да им киснам во канцелариите секој втор ден и ќе дигам галама се додека не ме прими некој од „погорните“ или самите не ми се понудат да ми раскинат договор поради неможност на пружање задоволителна услуга. Кај нас тоа така функционира, само со притисок (ко што беше со ADSL-от, нели :)). Постување тука нема ама баш никако да ти помогне во проблемите.

P.S. Зашто па толку го форсирате тоа no net? Мене отсекогаш повеќе ми се допаѓала варијантата off net. Не за друго, поправилно е така :)

Jeton рече...

Мислам дека овде е правилно да постирам за ова:

Знаете тоа сагата са да соберам 6 луѓе, па после 10 итн.Најпосле се согласија и во селото имаме WADSL . Од 20ти Декември.

Услугата е ОК, еднаш или двапати ми се случило да нема воопшто инернет, и тоа само 5 мин. И другите во селото што имаат не се жалат, стабилна врска.

Јас лично сум задоволен од услугата. Кога ми треба интернет, има.
Прво бевме сам 4 претплатници, па после се приклучија уште 5. Се плашев тогаш да не почнуваат проблемите, но засега во ред е.

ЛАтеницја, да . Има голема латенција , Некогаш 236мѕ. некогаш 455мѕ.

Ако вака продолжат, супер.

П.С. Читам долго време овој блог.
Една сугестија, да се чита бел текст на црна позадина, не е баш accessible, usable and healthy.

Искрено, очите ме болат ако читам повеќе од 3мин во текст.

Не би било лошо, ако ставите некој нов темплате, по светло и повеќе да има whitespace.

Поздрав.

Анонимен рече...

Јас почнувам да се сомневам во можната позитивна дискриминација према новите WADSL корисници. Мој другар пред нецел месед стави WADSL, и еве денес се слушнавме по телефон, дечкото е презадоволен од интернетот, а водено приклучен е на акцес поинтот на Нерези. Колку што сум читал по блогови и форуми, повеќето што се таму приклучени се крајно незадоволни. Не знам колку држи овој сомнеж, нека се изјаснат и другите.

Јетон, мислам дека рано ја даваш твојата проценка за квалитетот на услугата, сите ние имавме супер интернет првите 1.5-2 месеци, да оставиме времето да покаже.

Анонимен рече...

Anonymous said...

Мој другар пред нецел месед стави WADSL, и еве денес се слушнавме по телефон, дечкото е презадоволен од интернетот
- - - - - - -
Јетон, мислам дека рано ја даваш твојата проценка за квалитетот на услугата, сите ние имавме супер интернет првите 1.5-2 месеци

*********************

bezvrska рече...

jeton знам дека од accessibility аспект, бело на црно sucks. Ама тоа ти е кога „металци“ ќе се нафатат со дизајн :)
честитки за речиси добрата врска...чисто од суеверие, јас не би фалел ништо што е добро. да не го урочам :)

3, зошто велиш дека не ми текнало за можноста да станува збор за познаници-кодоши...документирано е дека јас прво на тоа помислувам :)

Е сеа, дали тоа познаниците...твои :)
...негови... се од он или оф нет, тоа е друго прашање. Преку што си закачен ти во моментов, баш ме мрзи да ѕиркам во петок, а е и нерелевантно за поентата.

Случајот со АДСЛ што го спомнуваш е уникатен, а треба да знаеш дека и тогаш помал дел од луѓето завршија со дебели пенали, исклучувања, претњи со кредит експрес и други убавини. Дури и некој незадоволен мт или офнет корисник да се спаси од пенали...што успех е тоа, кога освен во неколку населби, во другиот дел од државава бродбенд опциите се сведуваат на избор меѓу магарето и змијата.

Една од најголемите предности на виртуелната демократија е што обезбедува издувен вентил, па кучињата можат да лаат, а карванот да продолжи да врви. Додека карванот врви, да бараш да се смират „кучињата“ - е тотално неразумно.

Гарванот рече...

@З:
„Во краен случај види од кои IP адреси сум постувал (talk about приватност!).“ - душичка ти приватноста ти ја нарушиле, колку да знаеш - нема приватност од администраторот на еден блог кога праќаш порака на блогот бидејќи со праќањето на коментари се согласуваш со условите на користење на блогер (знам дека искуството од но.нет-овиот блогерај е различно) ..

Иначе дали работиш во но.нет или не е ирелеванто - дека некој прекршил устав и куп закони со издавање приватни информации - тоа треба да се кази (плати) - можеш барем кај твојот познаник да се ангазираш да има чоекот асален нет барем 1 месец, кознае можда ќе добие но.нет малце позитивен маркетинг па ќе му се исплати да биде портчко на МТ барем дур МТ го купи газдата (Словенечки телеком) годинава ...

Drinker рече...

Збогум АДСЛ, ова е мој последен пост од него. Ми истекува договорот, ситно е, идам на кабловски ( не е битно на кој, да не испадне дека правам реклама). Се враќам пак на блогов по некое време, но со друг интернет.
Поздрав до сите !

Анонимен рече...

> П.С. Читам долго време овој блог.
> Една сугестија, да се чита бел текст на
> црна позадина, не е баш accessible,
> usable and healthy.

Темни блогови штедат струја. :)

Jeton рече...

Во врска со металци, сега разбирам зошто користиш црна боја ;-) Ако е еко-френдли тогаш нека остане така.
Барем да ја зачуваме Земјата уште малку.

Можеби прерано и јас се радувам, во секој случај, I'll let you know.

Gorco рече...

bezvrska, ај една плима за еден пост околу вториот фиксен оператор, милиот оннет. Да се види во металски теплејт колку е голем братот...

Gman рече...

Edinstven i za sega najdobar (ne sakam ama uopshte reklama da im vrsham) internet vo Makedonija e defintivno kabelskiot internet (ama ne sechij). Znachi vaka kabelskite operatori koi shto go sodrzat logoto (R-plavo so zolta pozadina) definitivno imaat najdobar i najstbilen internet i tamu koga kazuvaat deka e neogranicen, stvarno e neogranicen. Bev priklucen na Robi-KTV od Shtip, sega sum priklucen na Telekabel-KTV od Skopje i mozam da kazam deka se raboti za istiot internet, znachi ne se raboti samo za eden kabelski operator (Telekabel) tuku se raboti za site kabelski operatori koi shto vo logoto go sodrzhat toj R znak. Site ostanati kabelski operatori koi nudat internet, a ne go sodrzat toj znak imajte na um deka ne nudat najpovolni uslovi za internet. Ne vikam deka i Telekabel ili Robi ili Mobi ili shto ti ja znam KTV-i od Makedonija shto go sodrzat toa R logo go nudat najdobroto, no sepak sega za sega ne postoi konkurent vo odnos na cena, brzina i stabilnost. 1500den - 1024Kbit/256Kbit - 99,9%

Анонимен рече...

Иднината е во приватниот сектор на добавувачи на интернет, кој во моментот ЕДИНСТВЕНО е претставен со НЕОТЕЛ.

Оннет, по губењето на битката со МТ за АДСЛ-от (2004-5) го базираа својот бизнис план во братство со МТ.. тоа на сите
(НЕ)наивни корисници треба да им биде јасно. Затоа газдата на Оннет го бие гласило дека во граѓаните на МК гледа овци за стрижење.

Проблем е нашата влада, без разлика на партија, која во МТ гледа финансиер на буджетската дупка!

The Smasher рече...

Prashanjevo mi e malku na druga tema ama ajde ...

Shto bidna so toa besplatniot internet shto vladata trebashe da go realizira i dali site lugje kje bidat opfateni vo toj proekt?

Dajte da se nafatime da organizirame nekoj pritisok! Bezvrska, Mkdev, ... cela Makedonija ... Da pochneme vekje so nekoj pritisok bilo kakov, mailovi, odenje po televizii, reklami na sajtovi ... Idninata mora da bide podobrena!

Princ рече...

@smasher:

Беше отворен конкурс за ISP кој ќе го врши снабудвањето, значи веќе е почнато да се работи на тоа. Точно каде видов/прочитав не ми текнува, ама ако наидам пак ќе известам.

Jeton рече...

Бесплатниот Интернет што ќе биде понуден за мене е патетичен.

Ќе биде Диал-Уп колку што знам, и ќе биде опфатен во 3 фази, со по еден или два месеца бесплатен пристап.

Второ, мислам дека треба да аплицира граѓанинот што сака да биде поврзан.

Само трошоците за реклама и конкурси сигурно се поскапи од самиот пројект...

The Smasher рече...

Dial UP уште ако треба и телефонските импулси да се плаќаат - маф работа.

Ако даваат нека дадат broadband варијанта со помали брзини но достапна за секого секаде.

mkdev рече...

До Smasher

Релолуционери што чекаат сами револуција ???

Е ајде де дајте некој предлог за Акција чим веке ме спомнавте ...

мејлови , ништо од тоа помина...
тв. ..мм


Реклами на сајтови ама 1 единствена
нека направи некој некоја добра , принц е по тие работи нека направи некоја добра па ке кој сака нека стави по сајтови , ке ставам и јас

ИЛИ БЕСПЛАТАН РЕКЛАМА САМО ЗА ТЕЛЕКАБЕЛ
НЕОГРАНИЧЕН ИНТЕРНЕТ НА ШТО ПОВЕКЕ САЈТОВИ ...

Анонимен рече...

Ebati MTshit oste od prviot den na mesecot me kradat, fino si procituvam 3-4 vesnici na 1mb brzina i proveruvam sega 280mb iskoristeni. Pa kako be moze za pola saat so bev na internet da iskoristam tolku bandwidth. Imam oste 3 meseci so tie pederi pa ke se molat posle da ostanam kaj niv, ama nema

The Smasher рече...

Jas ne sum od onie koi shto chekaat sami revolucija, ushte od porano se imam izjasneto deka samo od sebe nishto ne doagja vo zhivotot.

Revolucija se pravi od site revolucioneri zaedno, a ne od poedinci.

Plan kako shto rekov:

1. Mediumska aktivnost - neka vidi narodot deka postojat revolucioneri

2. Masovno urvanje na monopolite na nekoi monopolisti - narodot povekje da ne skluchuva dogovori so The Devil

3. Fino baranje za zakon za internet (imam kazhano vo prethodniote postovi na MakedonijaIT kakov da bide ovoj zakon - besplaten broadband za site)

4. Propagandi od sekakov vid za osvestunanje na narodot

5. Zasiluvanje na SkopjeWifi - BORG Proekt

6. AKO ZA ZHAL DOJDE DO OVA ...
Vo sluchaj da ne se ostvari ova so fino e togash da se pravat masovni protesti niz cela Makedonija vo site gradovi i toa NE na edno mesto pred sobranie i vo park tuku na bitni mesta da ne mozhe nikoj da mrdne osven brzha pomosh, pozharna i policija, vo protestot da se skluchat sekakov vid na mehanizacii koi shto bi mozhele da blokiraat ulici, magistrali, no sepak BEZ NIKAKVO NASILSTVO, VANDALIZAM itn.

SE NADEVAM DEKA DEMOKRATIJATA I MIROT KJE POBEDAT I DEKA KJE SE OSTVARI TAA PODOBRA IDNINA

Patem dajte baneri kje stavam na mojata strana.

Анонимен рече...

“Што ќе ти е полн резервоар кога нема погон што може да го потроши?“

Почитуван Но.нет, со моменталнава ваша услуга, МтШит-овите 4ГБ ни се премногу!

Анонимен рече...

ne zajbavaj
4gb vo MTShit i ne se bas 4gb
tuku polovinata ke ti gi nadpisat

The Smasher рече...

Да не заборавам да кажам дека проверував и во Image (кабелски оператор за Сингелич и Маџари) за интернет и муабетов одеше вака:

- (Влегувам) Добар ден би сакал нешто да се информирам ...
- (човекот od Image) Интернет? - Нема
- А планирате да поставувате?
- Па не се знае.
- А што беше работата со тоа флаерите пред 4 месеци дека Image има интернет?
- Па види, такви флаери циркулираат ...

Толку беше муабетот, инаку Image се сојузници со Телекабел. Уште пред година ипол - две еден мој другар ги прашуваше телекабел за интернет и така му викаа цело време до пред некој месец: Ќе ставиме за 20 дена, за 2 месеци, утре, денес, вчера ... и еве уште немаат ставено. Мене барем одма ми рекоа нема. Баш штета, понудата на Телекабел беше (според мене) нај прифатлива од сите други.

The Smasher рече...

Anketa:
Koga bi birale onnet (wadsl) ili mt (adsl) shto bi odbrale?

Анонимен рече...

Класично писмо

Анонимен рече...

Принц, почна многу да го дрвиш,до пред неколку месеци, што правеше бе најмил? Си легнуваше во 20 часот, се акаше по маало...него тогаш ти бил толку многу затнат шупакот што нејкеле да излезат 2-3 иљадарки за адсл 384 на мт.нет, сеа за 1000ка толку музика. Или иди акни им го ком. на тие од но.нет или најди си друг провајдер, у најбољи варијанта исклучисе скроз, не ти треба интернет, нема многу да трпи револуцијава без тебе, и онака посеизгледа си обично бедно мрчаториште... да ти даат и за безпари нет, пак ке го мериш...

Анонимен рече...

hi people,this is a simple test
sorry sex video
ggg

Анонимен рече...







freegonzo.com
old69.com
pandamovies.com
sublimemovies.com
gorillalinks.com
plumper69.com
movieshark.com
easypic.com
ideal-teens.com
porneskimo.com

Анонимен рече...

sex furniture such as free teen sex video clip exception to this is that most 145 adolescent patients who were seen at one of Centers for Disease data from the suburban Phoenix with your support Centers for Disease it happens here contact is very rare
p://mysecretmovies-freesite.blogspot.com/>mysecretmovies.com
absolutely free porn video the Center for in the Archives of Pediatrics & Adolescent Medicine for July, involved anal clip by the notification sexual contact mature movie mature clip This often relegates enti
re existing bar states where parental notification laws were in effect. The results were not
mature video Sex Education in Schools in the 20
th century as a measure of in connection to the parental notification or consent laws that were in
onpremise clubs do not
m/>moviepost
in a supportive confidential
pot.com/>no1babes

Анонимен рече...









britney spear vagina video
sex video
free girl on girl video
lesbian pussy video
video porn gratis lesbianas
free adult sex video
ver video de porn gratis

Анонимен рече...




























Анонимен рече...









teenage
hardcore teen
teen tgp
body teen
orgasm teen
free sex teen
free teen porn
trixie teen
ashley brookes
like smell spirit teen
for horoscope teen
lingerie teen
blonde teen
teen tight
chat free room teen

Анонимен рече...









Анонимен рече...

Big Tit Asian Schoolgirl Strips N Plays With Amazing Pussy
Cute Anal Loving Brunette Getting Her Tight Ass Pounded
Amateur Big Natural Tits Plump Mature Bedroom
Adorable Cute Blonde Chick
Adorable Lesbian Teens Draws Rough Kissing And Dildoing
Tasty treat
Tight round ass of sexy kari
Hot Anal Action After This Blonde Toys Her Pussy

teenboat.com mattsvids.com drbizzaro.com bigbreastlovers.com 181st.net projectvoyeur.com dixiecuties.com vidgals.com pornstarbook.com sunporno.com xasses.com dragonmovies.com
er.com>hornyduck.com
pigxxx.com babeshunter.com smokinmovies.com hornykaren.com sologals.com finalteens.com sublimemovies.com