09 март, 2007

Камо 2 минути поддршка?

И вечерва како и секогаш имам проблеми со WADSL-от. Бидејќи ги немам давено одамна, мислев дека имам заслужено 2 минути посветување. Се дисконектираше и саат време не сакаше да се конектира. Отидов до интернет кафето бидејќи од интернет провајдер очекувам онлајн поддршка. Од телекомот, телефонска... знаете натаму како оди.

После 30 минути игнорирање и откако дома компјутерот најпосле ми се конектираше на интернет, ми одговорија на онлајн прашањето со одговор "имавме проблеми ама немаме повише".

Од техничката поддршка очекувам да биде тука во моменти кога имам проблеми, а не откако ќе ги решат.

NoNet

57 коментари:

Анонимен рече...

На никој од провајдерите не им текна да турат автоматска телефонска секретарка, која би ја укључиле коа иммаат проблеми, за да кажува дека имаат проблем. Вака полесно им је да не дигаат слушалка. Кретени.

Анонимен рече...

http://biz.on.net.mk/mk/1010

vtoriot fiksen operator haha me nasmea i uste se smeam cenite im se isto ko Telekom znaci istu kurac u drugo pakovanje a Lokalni razgovori nemalo zosto Mtnet neim dozvoluval da idat ponisko..Kakov e ovoj fiksen operator sto moram da imam od Mtnet broj za da gi koristam On net cista 0 za ova samo prodolzete so ovakvi iznenaduvanje najdobri ste...ma idite u picku majcinu ......

SHIROJIN рече...

ovoj mesec mi zavrshuva dogovorot so telekom (srekjen sum za toa)
Ama sega se koristat so eftini finti, PATETICNO stvarno , go imam pominato limitot vekje dva dena i uste ne ja namaluvaat brzinata.
Sto sakaat da napraam nov dogovor sega? uste nekoj den i ke mozam dogovorot nivni da go koristam za zamena za toalet hartija YESSS!!!
IDAM NA TELEKABEL

Анонимен рече...

Ke vidime sto ke bide i so kabelskite. Vo prvo vreme pred masovnoto priklucuvanje na OnNet i tie be super. A sega? Da ne znae covek za koj poloso da kaze, dali za MtNet ili za OnNet.

Анонимен рече...

Edna kritika do Bezvrska, ok se postovite , ama treba malku poveke globalno a ne samo za tvojot problem so tvojot internet

Princ рече...

Овој пост не е на bezvrska туку мој (Princ). Пишува под секој пост кој е автор.
Е сеа зошто цело време за но.нет пишувам... бидејќи од нив имам интернет. Не можам да мрчам за ADSL или кабелски на пример кога не користам таков интернет.

animus anonimus рече...

ok. koga si veke admin, daj izbrisi gi prvite postovi, toa spamot.

Циле рече...

Абе шо да "видиме" со кабелските, шо? Неам ни 2 секунди договор и обврски за разлика од Мт Шит, Но Нет и останатите. Интернетот е со најголем лимит од сите и е стабилен без падови, "успореното" е најбрзо од сите (256/128). Минатиот месец начукав 100 гига! И плус то, нема додатни инсталации како WADSL, секако кабелот за телевизија е тука одамна:)
Врти-сучи, кабелскиот моментално е најдобра и најевтина понуда.

Анонимен рече...

Toa sto nemas dogovor e glavnoto dobro. Prvo go plakas modemot 2000 den i e tvoj. Posle toa ako si zadovolem od uslugata si prodolzuvas i naredniot mesec a ako ne cao amore i pisi.

Fiko рече...

http://butel1.blogspot.com
Samo sakam da gi ispcujam on.net (da vi ebam sve po spisok) i da ja dadam poddrskata za blogov sto i da se pravi tuka :)

kamenica рече...

ova ne e komentar, tuku onaka, da go skrsam mrazot. pet dena gledam 13 komentari...

The Smasher рече...

Epa nema komentari zafaten e narodov, proletno ... Znaes se izleguva nadvor ... brkanje zenski :) i tn.

Анонимен рече...

"REVOLUCIONERITE" SE SEGA ZBUNETI. SE CESAAT PO GLAVA SO MAUSOT I SE PRASUVAAT: HMM, STO BEA TO ZENSKI?

Анонимен рече...

a pedrcinjata si otstanaa pedercinja kako ti

""REVOLUCIONERITE" SE SEGA ZBUNETI. SE CESAAT PO GLAVA SO MAUSOT I SE PRASUVAAT: HMM, STO BEA TO ZENSKI? "

Zlatko рече...

Nova informacija pusteni se novi brzini 1536/256 na onie sto bea so 1024/256

daywalker рече...

кај го виде тоа?

Анонимен рече...

abe batalite brzini. sto ce ti se takvi brzini koga na drug nacin te ogranicuvaat. sto ke ti e brza kola koga malku benzin davat so nea.

Анонимен рече...

abe batalite brzini. sto ce ti se takvi brzini koga na drug nacin te ogranicuvaat. sto ke ti e brza kola koga malku benzin davat so nea.

Анонимен рече...

Od kade informacijata za 1500? Ima nesto za limitot? Ili i ova se informacii od izvori koi dosega ne izlazale?

Atila рече...

Da sigurni se od 1-vi April ke imate pokacuvanje na brzinata kaj max, office i pro.

Za limitite seuste razmisluvam ...

Zlatko рече...

DSL Speed
256 Kbps Upstream,
1536 Kbps Downstream

Eve od kade se brzinite od modemov

pijan рече...

kaj mene uste e 1024/256

pijan рече...

btw, izgleda nemam limit ovoj mesec, posleden od dvegodisniot dogovor. 6gb i ne sum limitiran

Анонимен рече...

Anonymous said...
abe batalite brzini. sto ce ti se takvi brzini koga na drug nacin te ogranicuvaat. sto ke ti e brza kola koga malku benzin davat so nea.

5:40 PM, март 20, 2007
.................................

kje ima i zgolemen limit... minimum na 10GB kje go pokacat... redno bese - kje turime i poechku benzin vo "brzite" ni' koli:)

Анонимен рече...

Ne znam ama kaj mene vednas posle 4.3 bev ogranicen. Pak e kako ke im tekne.

Сашо рече...

Ќе може ли некој корисник на телекабел да ми каже како стои конекцијата со латенција во игри? Во WoW попрецизно. Ми помина договорот со мт нет и сега сум на неопределено време се мислам дали да го продолжам. Он нет е катастрофа знам проверив на US серверите добивам по 800ms пинг. Интернет главно користам за онлајн играње и за симињање понешто а ми кажаа дека телекабел имал рестрикции над емуле, торент, ФТП и сите останати портови што не се ХТТП т.е. дека довнлоад преку бровсер идел топ ама на се останато си заглавен на 1-2 кб/с. Вистина ли е ова? Ај ако може некој нека направи "tracert us.logon.worldofwarcraft.com" фала однапред.

Korisnik na TK рече...

Pingovi na WOW na evropskite serveri e vo prosek 120ms a na US okolu 200ms prosek ...

Igram skoro godina i nema problem ...

Dejan рече...

Telekabel indirektno zavisi od lokacijata i preckite vo priemot taka da ima luge se falat so odlicen lag a drugi pa nemozat nisto da igraat. Inace mt net definitivno ima kaceno na 1.5mb/s ama limitot si e 4 giga, barem ovoj mesec.
http://img233.imageshack.us/img233/9493/snapshot7vt3.jpg

Анонимен рече...

mnogu se otkazuvaat od adslot pa i jas

pa mt ke moraat nesto da prevzemat :)

pijan рече...

ma edvaj cekam da dojde maj, sto radi praznici, sto radi razvod :)

kanon рече...

ova mi e posleden mesec od dogovorot. procitavnekoi komentari ovde demek nema limit posledniot mesec, ama op me limitiraa na 7GB. jebi ga, ke izdrazam uste ovoj mesec. Samocudno ovojpat na modemot pokazuva 1024/256, a traficot go limitiraat nekako poinaku. Za prvpatgo zabelezuvam ova.

Циле рече...

Ич да не се думате, само развод за курвата вавилонска Мт-Шит! Еве јас после разводот сум веќе втор месец на кабел: до 20GB е 1024/256, од 20GB до 50GB e 512/128, и од 50GB до крајот на месецот 256/128. И на 1-ви пак од почеток.
Сеа е 23-ти а јас имам начукано промет од 81GB! Значи ако тргате нон-стоп цел месец практично се прават преку 100GB. А сето тоа за 1500 денари. Поарно - амин.

mkdev рече...

и јас се префрлив на телекабел ок се за сега прв ден :)

vele рече...

se javiv na mtnet support da prasam koga mi istekuva dogovorot. mi kazaa i mi nudat ekstra 1 GB mesecno (zamislete, CELI 5GB !!!) ako potpisam nov dvogodisen dogovor... he he, smeski, se prasuvam koj brilijanten um go smilil toa. he he...

The Smasher рече...

"REVOLUCIONERITE" SE SEGA ZBUNETI. SE CESAAT PO GLAVA SO MAUSOT I SE PRASUVAAT: HMM, STO BEA TO ZENSKI?

@ Anonymous

Ова преминува веќе во лични навреди!

ПАТЕМ:
Мајка ти беше женска на времето.
Ај ако си толку маж пиши си име или барем ник. МтОвск0 или Оннет0вск0 шпиунченценценценценценценценце.

Перо Шванц рече...

Подолното писмо е испратено до повеке адреси на мтнет за незадоволството и филтрирањето на пораките на мтнет. Талентите имаат антиспам без да те консултираат.

Почитувани,
како ваш долгогодишен клиент во последниве 10 години, осеќам должност да ве информирам дека планирам
да престанам да ги користам вашите услуги поради два принципа преку кој неможам да поминам, иако долго
време се трудев. (До пред месец дена беше само еден.)

Првата причина е константното и намерното уназадување на цивилизациските придобивки, прикриени со
маркирањето на количината на протокот на информации, како главен "суровински" трошок на вашето работење.

Околу оваа причина, најискрено ве уверувам дека немам ништо против вие да имате најголем профит во
универзумот и да наплаќате двапати, трипати , петпати или десетпати повеќе за вашата услуга.
Стварно немам ништо против !

Имам многу против, што тоа го оправдувате и линеарно да го врзувате со протокот на информации и да го
наметнувате како суштински дел во креирањето на вашата информациско - количинско-давачка политика ....

Вие мене, секој 20-ти во месецот цивилизациски ме уназадувате до ниво на неандрталец а ова се оправдува со
моето прекумерното трошење на вашата “суровина“ koja вас ве става во некаков набавен “суровински“ трошок.

Можеби постојат поединци односно “субверзивни“ структури во оваа држава кои ова ваше “добро“ можат да
го злоупотребат, доколку протокот е поголем а камоли неограничен.
Тука едно ме чуди. Познавам неколку вакви ликови кои за еден месец прават поголем суровински проток од
моето 10 годишно користење на вашата услуга, плакаат помалку од мене , а нивниот трговец со информации
не се возбудува нешто специјално. Напротив. Им ја подигна и брзината...

Со ова господа трговци со информативна суровина од МТ НЕТ , сакам само да ви укажам, колку ви е вам
стварно битно трошењето на “суровината“. Само преку вашите постапки ...
Несакам тука да постирам линкови до другите, слични на вас трговски друштва на големо со информациска
суровина, лоцирани ширум земјата и странство и во една општина на Плутон.
( Која веќе не е планета и се отцепи од планетарниот комуникациски систем, во знак на протест.)

2. Втората причина ке ми биде малку тешко да ви ја објаснам поради тоа што неможам да ви ја нацртам.
Иако десет пати пробав со сите методи.

Имено, вие вршите цензура. Невидена, безобразна и од најдолен вид.
Баш така. Цензура.

Случајно пред 3 недели преку телефон, дискутирајки со вашата служба за врската помеѓу глобалното затоплување
и вашите рутери дознав дека сте ми уклучиле СПАМ филтер.
Кога побарав да ми го исклучат веднаш, вашиот оператор рече дека ке го направи тоа и да очекувам да симнам
повеќе меилови одеднаш.

Тоа и се случи. Во тие 17 меила имаше 15 спама. Сите беа ваши... Разни промоции и глупости на МТ НЕТ.
Плус два валидни меила со постара дата. Едниот неважен а другиот ептен важен но среќа истиот беше дојден до
мене преку одговор на трето лице. Од тогаш десет пати ви имам кажано да ми го исклучите СПАМ ФИЛТЕРОТ!.

Вие на сево ова ме известувате дека тоа неможе да се направи и тоа било ваша полика и дека тоа било
светско чудо и дека имам ја на веб и една цела серија на вонсериски високо неинтелигентни одговори.

Сеа ке пишувам споро.
1. Јас кон вас има ПОП протокол.
2, ПОП = POP = Post office protokol. Све што ми е пратено на моја адреса стигнува кај мене дома !!!!
3. Тоа е ПРОТОКОЛ!!! Нема политика и светски чуда !!!! Нема вакви и такви домеини !!!
4. Види точка 2 !!!

Сега уште поспоро.
Пример.
Вие секој ден да идете со 64ка до Пошта-1 за да проверите дали поштата решила да не ви ги дава сите сметки
и каталози адресирани до вас. Само што ке се вратите дома да отидете пак да проверите и нон-стоп така.
А најубавото од сето ова , таму ќе ве пречека вашата шефицата што мене ми ја објаснуваше на телефон
поврзаноста на вегетаријанците со розевите слончиња,


Згора на све сте пртиле и упатство за користење на СПАМ во кое објанувате за начинот за цензурирање здраво
за готово!!!

Што се однесува до квалитетот на услугите преку одделот за подршка за корисниците на стратегиската “суровина“
нема да зборувам.
Не дека нејкам да зборувам. Него дека истиот го нема ...
На вековен одмор е негде... Ако го видам , ќе ви кажам.

Сево ова горе наведено со доле приложеното е неприфатливо и ме фрустрира мене, моите партнери , мојата работа,
мојата околина и другар ми на Плутон.

Затоа ,
ве молам да ми одговорите во за вас подобен период што планирате и дали планирате да направите нешто што на
мене, на моите партнери, мојата работа и мојата околина ке ни помогне во електронското општење.
Сакам да донесам рафинирана одлука за алтернативен извор од трговците на големо со стратегиската информативна
суровина, како за мене така и за мојата работна околина.

Имено во текот на следните 2 до 3 месеца ке го мигрирам мојот и уште 12-13 други акаунти.

КраФТ


ПС
Замислете да дојде некој талент и да ви каже, "Сакам да примам Спам!" .
Кутрата шефица.... Поточно кутар тој ...

Овој допис содржи “суровина“ во износ од 20кб кој се надевам нема да ми биде вкалкулиран во крајниот
биланс.
Воедно овој допис е пратен само до достапните маилови при вашето трговско друштво за информациска
суровина.
Секое препраќање до други Дилберти е неосновано .

man b рече...

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=76597

ok e ovaa vest
samo da prevzemat isti aktivnosti i za internet

mende рече...

denes mi se javija od mtnet za da me ubedat da go prodolzam dogovorot uste na dve godini (segasniot istekuva za 10-tina dena)mi ponudija 100-tina denari poeftino za istiot limit od 4gb, ili so istata cena da dobija 5 GB. im velam planiram da se prefrlam na on.net,posto oni nudat 10GB za poniska suma. i ovie demek planiraat da postavat novi limiti, najkasno za eden mesec, no ne mozeme nisto konkretno da kazeme, zatoa sto se resavalo toa na najvisoko nivo.

planiram da ne go prodolzuvam dogovorot i da zemam eden mesec internet od mtnet, bez dogovor, pa dokolku ponudat nesto prifatlivo da ostanam, ako ne preminuvam na on.net, druga opcija nemam za zal.

Анонимен рече...

planiram da ne go prodolzuvam dogovorot i da zemam eden mesec internet od mtnet, bez dogovor, pa dokolku ponudat nesto prifatlivo da ostanam, ako ne preminuvam na on.net, druga opcija nemam za zal.


Toa e kvakata isto taka, da im dades ushte 2 iljadarki bezveze. 2 godini im funkcionira "ke"-to

Александар рече...

Еве и на мене ми помина Договорот со мт.нет. Им го „плеснав“ модемот и не се ни ценкав за подобри пакети/лимити/услови/условувања/години... Едноставно си заминав. Сега сум на Роби (штипскиот Телекабел) и сум повеќе од задоволен. Модемот ми го дадоа со 33% попуст и на две рати. Немам никаков обврзувачки договор. Овој месец имам направено над 16 гигабајти и брзината ми се движи околу 1 мб/с (на моменти и 2мб/с).

Анонимен рече...

Pa gore dolu lugeto se zadovolni i od Mobi, Bitolskiot Telekabel.

Анонимен рече...

Бидејќи уште еден наш Интернет провајдер го блокираше својот форум, да ви го предложам следниот:

http://nezadovolstvo.forumer.com

Анонимен рече...

NVO-to (Inernet Makedonija) sho ne napravila nishto (vidlivo) odkoga e oformena, ne napravila... R-Evolucija shto zgasna skoro kompletno posle pocetnata frka so limitte, zgasna.. Nego aj koga vekje (ocigledno) ne moze niso da se napravi vo vrska so podobruvanjeto na uslovite kaj mt.net , on.net i drugite .net-ovi, da se napravi neshto drugo... Naprimer konstantno prakanje na mejlovi (kako od legalna organizacija) do servisi kako PAYPAL i slicni, kaj koi Makedonija e banirana... Da im se ukaze deka koga veke na skoro site sajtovi postoi isporaka do Makedonija i e ovozmozeno samo paypal plakanje, nema logika da bideme banirani...Koga vekje ne mozeme da koristime asalen net, barem i ovoj jadniov shto go imame da mozeme da go iskoristime dostoinstveno.

Анонимен рече...

btw, mtnet adsl brzinata e dignata na 1,5mbit

Анонимен рече...

btw, na TELEKABEL sea e 2048/512.... letaaa :D
daj boze vaka i da ostane

Анонимен рече...

zakon, 3juni mi istekuva dogovor za adslot, Telekabel here I come ! :)
Citav deka i tamu ima limiti (ali posle bajagi, 30-60-80GB), moze nekoj da mi kaze kolkavi se limitite ?

Анонимен рече...

Od licno iskustvo iako vikaat neograniceno posle 30gb namalija na 512/128 sto e super i izdrzlivo.

Анонимен рече...

dali nesto vi se slucuva so brzinata na On net mene mi de so 380kB/s eve za 30 minuti skinav film od 700mb...

Анонимен рече...

http://img143.imageshack.us/my.php?
image=onnetneverovatnovu4.jpg

eve nemozam so svoj oci da poveruvam..

Анонимен рече...

Си имал среќа. Му се случува изгеда одвреме навреме. Колку време тоа ти траеше?

Анонимен рече...

ma simnav nekoi 3gb ali go iskluciv internetot i pak go ukluciv i prestana da ide vise a na acauntot mi stoese deka ne sum potrosil nisto..

Анонимен рече...

butel1.blogspot.com

Анонимен рече...

ЕЈ, људови денес на он нет е лудница , брзина изнад 2 мб/с , латенција под 100, не знам дали е првоаприлска шала, али ако вака продужат супер е ....

suomynona рече...

И Google ќе почне да се угледува на македонските провајдери:

http://www.google.com/tisp/install.html

3 рече...

Априљиљиљи :)

Анонимен рече...

Хмммм! Нови брзини и пакети на МТнет, а никој не коментира?

Анонимен рече...

Еве нешто што треба да го знае сета јавност и јавно ќе бараме извинување од Он.Нет. Денеска ми го релоцираа адаптерот од Скопје во Валандово каде што пред 2 месеца дипломирав и не ми требаше таму и барав да го релоцираат во Валандово. Еве конечно и тој свет момент дојде, платив нормално 850 денари за релокација и доаѓаат батиња и свршуваат супер работата и пред да си одат ми бараат пари за патни трошкови!!! Јас се чудам, што ќе е тоа кога платив веќе 850 денари за инсталација, т.е. сите трошкови се анулирани со тоа. Првиот пат кога ми кажа мислев се зафркава, тамам излегоа од врата и пак ми повтори, си велам, можеби тоа им е заверено во листот што ти го оставаат за свршената работа. Им давам пари, се враќам, го барам листот читам и гледам дека ништо слично не пишува таму. Веднаш се јавив до најблискиот другар и тој ми кажа дека нему мајка му дала на крај пари кога завршиле, и тоа различна сума. Одам барам други, најдов уште 4-5 луѓе корисници на Он.Нет само на улица за 30 мин одење пеш и тие исто ми викаат, на сите различна сума пари им барале и што е најдобро, неосновано. Ми засмрде ептен работава, се јавувам во Он.Нет и им барам објаснување дали е легално барањето на „патни трошкови“ после завршената работа и плаќањето на 850 денари претходно за инсталација. Кога ми потврди дека не е правилно и немаат основа си го фатив муабетот со неа и кажав што им кажав. Бидејќи беше касно, ми рекоа дека кога ќе се разлгледа работава ќе ми се јават пак. Арно ама, во тој момент мислев дека само сум јас изиграниот. Сега кон мојот збор додадов зборови на барем уште 20 луѓе па да видиме што ќе тежи повеќе. Само не знам до кај ќе одат со овој момент, да ни ги вратат парите, мислам дека ќе ги вратат, ама така не се остава да помине една таква кредибилитетна фирма плус втор фиксен оператор. Баш очекувам да ми се јават што побрзо и да видам што ќе ми кажат, па ако е интересно за очи и уши, веднаш ви пишувам за резултатот.

П.С. Едно нешто најмногу ме мачи - зарем требаше десетици луѓе да бидат изиграни па да дојдам јас на ред за да направам нешто. Ме мачи зошто другите при очи се прават слепци.