30 април, 2007

1997 година

30 минути пред 24:00. За 30 минути но.нет ќе ми вратат 10 гигабајти трансфер на мојата сметка, без разлика што уште не сум ги потрошил старите. Животот ќе ми добие смисла, имам 10 гигабајти за трошење. Како да ги потрошам на dial-up конекција? Се чувствувам 10 години помлад кога гледам дека имам 30 Kbps download. Уште ми фали пиштење на модемот за да се комплетира сликата и да поверувам дека одиме 10 години назад наместо 5 напред.
Факен dial-up.

Нека запиштат модемите!

Патем, среќен 1ви Мај!

12 април, 2007

Поезија

Знам дека блогов не е за поетски души, но денес, поради сонцево и убавово време сум расположен за да пишувам поезија. Напишав една и честа први да ја прочитате ја имате вие верни посетители на блогов.
Мојот WADSL
Pinging google.com [64.233.167.99] with 32 bytes of data:
Reply from 64.233.167.99: bytes=32 time=209ms TTL=241
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Reply from 64.233.167.99: bytes=32 time=211ms TTL=241
Reply from 64.233.167.99: bytes=32 time=220ms TTL=241
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Има уште многу, ама јас сум поет кој не сака да им здосади на своите читатели (вклучувајќи ги и оние кои редовно ме читаат од виртуелната приватна мрежа на но.нет, или работат за пепи) затоа ќе завршам овде.
Оставам на вас да размислите како оди понатаму поезијава :)))
(Си направив копија пред да го објавам постов, ништо чудно веќе да сум дисконектиран)

10 април, 2007

Killing me softly... by No.net

Во време кога нивните конкуренти и во исто време побратими воведуваат нови пакети, поголеми брзини и поголеми лимити (грдо звучи зборов, знам, ама тоа е нашата црна реалност) но.нет не сакаше да остане со покуси ракави.
Ни дадоа нешто ново.
Не зборам за брзина (мноооогу ретко 512 Kbps download да достигнеш, најчесто е околу 400 Kbps, а не многу ретко и под тоа) или лимит (низ сајбер просторов прочитав неколку жалби дури за КРАДЕЊЕ од лимитот) туку читајте ме внимателно: ни ги ограничуваат сесиите!
Да драги мои, се работи на воведување на новото правило: Едно корисничко име - една сесија. Само да напоменам дека не сум запознат некое ISP досега да ограничувало PPPoE сесии.
Е сега, неофицијално нивното образложение за овој чекор е: пример имаш 2 компјутери. На двата правиш посебна PPPoE конекција со истото корисничко име. СЕКОЈ од нив тегне со брзина од 512 Kbps.
Но не ги оправдувам. Тоа пред се` се има случено поради нивно незнаење. Не сум јас крив поради тоа што тие не можат да ограничат брзина на канопи па прават вакви глупави потези. Најмалку што смеат е да ме иритираат мене (или било кој друг клиент), изигруваат(се` почна со мојот расипан "свич") и третираат како мали зелени идиотчиња, бидејќи јас не сум крив за нивното незнаење.

05 април, 2007

ВРАТЕТЕ МИ ГИ ПАРИТЕ!

Од вчера (15:00 часот) две PPPOE конекции не можеш да имаш со ист јузер, на два компјутера. Имам машина со Windows XP и една со Fedora Core, па најлесен начин да ги поврзам и двете на интернет ми беше преку Switch со 2 посебни PPPOE конекции.
Но, од вчера втората конекција се дисконектира на секои 10 секунди (дефект со базната или ново правило на компанијата која на секој можен начин им одмага на своите корисници, сеуште е енигма). Ги начекав доцна синоќа од нивната онлајн поддршка и ги прашав што е работата, ми рекоа дека е дефект со базната кој за 1 саат ќе биде среден. Бидејќи изминаа 24 саата и уште истиот проблем го имам, решив да потрошам 100 денари од мојот мобилен за се јавам на нивната техничка поддршка. И така имав две прашања, значи имав 2 причини да се јавам.
Девојчето крена слушалка, добро вечер, ово-оно, повелете.

Прво прашање: Зошто од вчера од 15:00 часот не можам да ги поврзам двата компјутера на интернет преку две PPPOE конекции кога до вчера без никаков проблем го можев тоа?

Нејзин одговор: кажете ми јузер (и кажувам)... Па не знам, оставете ми ваш број (и оставам) и ќе ви се јави некој од колегите што знае.

Второ прашање: Зошто латенцијата денес ми е толку висока (~380ms према google.com)?

Нејзин одговор: Не знам ни тоа, но колегата што ќе ви се јави можете да го прашате и двете прашања.

Го завршив разговорот. Проверив сметка, 85 денари отидоа јабана. Бидејќи Но.Нет немаат одговор на моите прашања кои директно тие би требало да ми ги одговорат, најмалку што можат да направат е да ми пуштат утре 100 денари на сметка. Бројот го имаат, нека го искористат барем за нешто. Знам дека и така нема да ми се јават.


Јас се заебав со WADSL, а ти?

ОФИЦИЈАЛНО: Но.нет имаат проблеми со базните станици ИЛИ веќе ставиле ограничување. Сеуште не се знае сигурно дали тоа е нивната долгоочекувана новина (суплајс што би рекол трендо) или пак дефект. Фала на техничката поддршка која за крив стап не ја бива и ме натера да ги проверам компјутерите против вируси (вклучувајќи ја и федората, хехе) и што ме убеди дека мојот свич не чинел па шетав низ село проверувајќи го. Без разлика што кутриот упорно покажуваше одлични резултати. Фала ви на сите.

П.С. Пепи, жити машкоста тркни до најблискиот продажен салон на космофон и пушти ми 100 денари кредит. Ми дужиш пеер, со вработениве твои само должник ми испаѓаш.

02 април, 2007

2Fast, 2Little: зголемена АДСЛ брзина

6 месеци по последното зголемување на АДСЛ брзините, излезе продолжението. За среќа оригиналот беше безврска, па не ме разочара вториот дел.

Max4GB ADSL оди од 1024/256 на 1536/256 Kb/s. Брзината не е загарантирана. Лимитот останува на легендарните 4 гига, а и цените се исти - 1500 денари месечно со купен модем, 2100 со изнајмен модем.

За ептен, ептен хардкор пирати излезе MaxADSLPlus. „Штосот“ со плусот оди вака: Max4GB Plus 6GB = 10 гига. Т.е. Max! 10! GB! Нешто е побрзо (до 2048 KB/s). Минусот е цената од 2100 денари со свој модем, т.е. 2500 со изнајмен.

„MAX“РЕЗИМЕ
Солено, пресолено. Постојните корисници имаат законски основ за раскинување на договорите поради нивна еднострана измена.

„HIT“ ADSL
Почетниот пакет поевтини и сега е 700 денари месечно со ДДВ. Никако да го заокружат на 10 евра :)

БИЗНИС ПАКЕТИ
Зголемени се брзините и кај Мини офис, Офис, и „Профи“ пакетот.

ДДВ-ТО Е ОПЦИОНАЛНО!
Малку срамеживо, ама цените, кои досега ги прикажуваа без ДДВ, почнале да ги даваат и со ДДВ. Па сеа ти види - ќе платиш данок или не. Луѓе сме, ќе се договориме.

ДОПЛАТА ЗА СООБРАЌАЈ: ПОСИТНО, ПОЕВТИНО
Да не пукнам, единица мерка повеќе не им е пола гигабајт. Доплатата за задржување на брзината по надминување на вклучениот сообраќај почнаа да ја мерат по започнат мегабајт кај сите пакети, а не само кај „Хит“. Кај почетните пакети („Хит“ и Микро офис) е 0,66 денари, а кај другите е 0,3 денари по мегабајт. Поевтино да, евтино не!

Следното продолжение - летоска. Можеби.