02 април, 2007

2Fast, 2Little: зголемена АДСЛ брзина

6 месеци по последното зголемување на АДСЛ брзините, излезе продолжението. За среќа оригиналот беше безврска, па не ме разочара вториот дел.

Max4GB ADSL оди од 1024/256 на 1536/256 Kb/s. Брзината не е загарантирана. Лимитот останува на легендарните 4 гига, а и цените се исти - 1500 денари месечно со купен модем, 2100 со изнајмен модем.

За ептен, ептен хардкор пирати излезе MaxADSLPlus. „Штосот“ со плусот оди вака: Max4GB Plus 6GB = 10 гига. Т.е. Max! 10! GB! Нешто е побрзо (до 2048 KB/s). Минусот е цената од 2100 денари со свој модем, т.е. 2500 со изнајмен.

„MAX“РЕЗИМЕ
Солено, пресолено. Постојните корисници имаат законски основ за раскинување на договорите поради нивна еднострана измена.

„HIT“ ADSL
Почетниот пакет поевтини и сега е 700 денари месечно со ДДВ. Никако да го заокружат на 10 евра :)

БИЗНИС ПАКЕТИ
Зголемени се брзините и кај Мини офис, Офис, и „Профи“ пакетот.

ДДВ-ТО Е ОПЦИОНАЛНО!
Малку срамеживо, ама цените, кои досега ги прикажуваа без ДДВ, почнале да ги даваат и со ДДВ. Па сеа ти види - ќе платиш данок или не. Луѓе сме, ќе се договориме.

ДОПЛАТА ЗА СООБРАЌАЈ: ПОСИТНО, ПОЕВТИНО
Да не пукнам, единица мерка повеќе не им е пола гигабајт. Доплатата за задржување на брзината по надминување на вклучениот сообраќај почнаа да ја мерат по започнат мегабајт кај сите пакети, а не само кај „Хит“. Кај почетните пакети („Хит“ и Микро офис) е 0,66 денари, а кај другите е 0,3 денари по мегабајт. Поевтино да, евтино не!

Следното продолжение - летоска. Можеби.

31 коментар:

mkdev рече...

пак глупости трескаат ови мтнетовци лимитот баш ""2Fast, 2Little"

daywalker66 рече...

искрено, више ми е преку глава од мтшит. ионака наскоро ќе се селам од државава, ќе им платам пенали за раскин и у мајчину и они и нивниот мочан интернет. Само малку посеверно одовде, ќе си имам право на избор меѓу +15 адсл ИСП-а, со цени од 8-35 евра, без лимити, без мрчење, без манипулирање со договори. „FASTEST and UNLIMITED".

Анонимен рече...

Ова е луда работа незнаат овие што прават со адсл нешто не е во ред со МТ.НЕТ или се премногу алчни за парите од овој народ или имаат политичка позадина... Само едно е да се знае дека секој и сите можат да направат промена на овој монопол што е во оваа држава... За сега толку не ми е битна брзината бидни ми се ГБ-тите...

Анонимен рече...

Sto da se komentira brzinata ja nakacuvaat samo kolku pobrzo da gi potrosime bednite 4 giga nema spas neka se gonat u tri lepi p. m.

Анонимен рече...

Добредојдовте во Орвеловата 1984-та!

Анонимен рече...

Nisto drugarcinja, koj ima dogovor neka mu pomini i poveke nema sto da se razmisluva.

Анонимен рече...

Да тоа е договорот да помине и толку од АДСЛ ќе се бара некое чаре од некој друг провајдер што ќе нуди подбри улови ако нема услови како во Бугарија што е 20 евра со 2 МБит/с неограничен без лимит е тоа се вика АДСЛ а не овој смрдениов !се извинувам за изразов!

Анонимен рече...

Не се извинувај, добар ти е изразот. :)

kukush рече...

koga skluciv adsl dogovor pred otprilika 2 god, cenata bese 3000 den/mesecno, sega cenata na istiot paket e 1500 den. mislam deka toa e dobar napredok. eve sega za 2100 den ima 10GB na 2Mbit konekcija. Sporeduvajki so kvalitetot na uslugite so onnet, mislam deka e podobra opcija. Telekabel za zal ne e dostapen na pogolema teritorija.

Перо Шванц рече...

Се изнасмеав на Новиве цени. Проста споредба, на еден корисник во просек му треба 30 ГБ месечно.

На телекабел, Максимум 1500
На МТ нет ако е Макс ти треба 2112 + 7.800 (26 гига по 300 МКД)

и тоа е равно на 9.912. Даааааааалеку од Телекабел.

А инаку, телкабел не толку споро ама тапацира. Веке е во Ченто и испад у Лептокарија. За 1 месец Карпош од страната на Нерези.

Да им се позлати кабелот!

Само да знам кој им је планерот циркузант на пакети на телеком. Сигурно работи за Телекабел :)

Dejan рече...

koga skluciv adsl dogovor pred otprilika 2 god, cenata bese 3000 den/mesecno, sega cenata na istiot paket e 1500 den. mislam deka toa e dobar napredok. eve sega za 2100 den ima 10GB na 2Mbit konekcija. Sporeduvajki so kvalitetot na uslugite so onnet, mislam deka e podobra opcija. Telekabel za zal ne e dostapen na pogolema teritorija.

Da be druze bese 3000 ama nemase limit. I sega da mi go dadat toj paket bi go platil.
Inace na rabota zemavme uste pred dve godini pro paket i bese 1.5 MB/s so 20 gigabajti limit i 17.000 denari so godina dena dogovor, posto stvarno ni trebase brz internet tuka a i stranci plakaat. Sega toj istiot paket e 3 megabita vo sekunda so 35 gigabajti limit i kosta 12 iljadi. E sea zborot mi bese zarabotuvackata na MT net od adsl go zima predezno od golemi korisnici na profi paket posto koj zima tolkavi paketi obicno ne e oganicen na 35 giga, nego trosi poeke pa posle doplatuva.
Pratete razlika za 4 godini profi paketot dobi duplo brzina i ekstra 15 gigabajti a nie po doma dobivme 1.5 mb/s so istite 4 gigabajti za pobrzo da gi potrosime i da ne limitiraat na 10-ti za da ostane bandwidth-ot za golemite korisnici koi si doplakjaat. I dodeka mnogu lugje vikaat aaa se podobruva mt net ide nakaj pobrzo eve ni nakacija pak brzina, neka razmislat stvarno zasto e pokacena taa brzina.

Анонимен рече...

Ja ne koristam vise od 7-8 GB mesecno.
Maksimum u zivot sto imam napraeno e 11 GB na bivsiot MAXadsl (pred da go stavat limitot).

Sea planiram da se prefrlam na ovoj 2Mbps da vidam malce sto e zivot ali neznam dali stvarno vadi 2mbps prosek?
Dajte ako nekoj koristi neka pise kako ide?

Ne mi e biten tolku limitot posto ne siminjam filmovi. 10 GB se TOP!

Virus рече...

Јас на т.н. бивши (нелимитиран) АДСЛ месечно си правев скромни 100GB.. така да.. не не ми одговара, благодарам. :)

jackson рече...

Prva liga e ponudata na MTShit samo so ja promasile godinata na objava, trebase ova da bide pred 5 godini ne sega, kakvi se tie mizerni 4gb ili 10gb, pa 10gb se trosat samo so citanje vesnici i proveruvanje mail

daywalker рече...

јас веќе на 1. март во 6 сабајле имав 1.7 гига, така што... ех, уште малце и збогум на уникатниот и единствениот во свет адсл провајдерот. засекогаш.

Анонимен рече...

"Ja ne koristam vise od 7-8 GB mesecno.
Maksimum u zivot sto imam napraeno e 11 GB na bivsiot MAXadsl (pred da go stavat limitot).

Sea planiram da se prefrlam na ovoj 2Mbps da vidam malce sto e zivot ali neznam dali stvarno vadi 2mbps prosek?
Dajte ako nekoj koristi neka pise kako ide?

Ne mi e biten tolku limitot posto ne siminjam filmovi. 10 GB se TOP!"


I jas sakav da migriram vo toj noviot paket so 10GB, ama pogodi sto mi rekoja
"decko nemozi tukutaka da migriras, treba da se napravi nov dogovor na 1 ili 2 godini..."
a jas posto edvaj cekam da gi skinam s'kurca, brojam sitno uste nekolku meseca (ama sitno...tuku aj da ne se nerviram) gi odebav i si zaminav doma.
Inaku imam teorija deka toa brojacon nivni mnozi po nekoj koeficient X koj verojatno zavisi i od brzinata na paketot
Nemozam inaku da si objasnam kako so pocetnata brzina 384/128 trosev 700-1000 MB, so 512/128 okolu 2GB, 1024/256 imav okolu 5-6 GB, a so ovaa novava eve do deneska nesto povejce od 2G. Patem nisto nemam smeneto od navikite za surfanje.
Ako nekoj ima drugo objasnuvanje go molam neka mi odgovori na postov :)

Na zdravje

Анонимен рече...

Mene mi istekuva dogovorot so mt net vo maj, i sakam da se prefrlam na telekabel, ama kolku sto gledam i tie limitiraat, na sajtot im pisuva deka ako simnuvas mnogu ke te stavat na 128/128, pisuva deka ne ti ja garantiraat brzinata od 1024, deka zavisi od kolku korisnika ima prikluceni vo momentot, i nivni korisnici kazuvaat deka posle 30 gb te limitiraat na 512, posle 50 na 256, moze nekoj da gi potvrdi ovie raboti.
Fala.

Анонимен рече...

Барем да ја зголемеа брзината после лимит на нешто повеќе од 64кбпс, 128 ќе беше ок, 256 ќе беше топ.

Анонимен рече...

** Доколку претплатникот го надмине вкупниот месечен сообраќај (download + upload) од 512 MB вклучен во пакетот, услугата се наплатува во износ од 0,56 ден (0,66 ден. со ДДВ) за секој нареден MB започнат сообраќај.

За секој нареден? Абе луди се овие. Додуша јас сум лудата овде што потпишав договор на 2 години за адсл хит и ги имам истите трауми што ги имав со dial-up-от. Па и колку фино им е напишано тоа “за секој наредем мегабајт“ а никаде не спомнуваат дека за тој нареден магабајт плакаш како за 175 магабајти, безразлика дали ќе потрошиш 1 или 175.
хехе... а вие се расправате за тоа дали 10гб биле доволен сообраќај!

Анонимен рече...

Anonymous said...
Sto da se komentira brzinata ja nakacuvaat samo kolku pobrzo da gi potrosime bednite 4 giga nema spas neka se gonat u tri lepi p. m.

9:12 AM, април 03, 2007

А ти на колку сакаш да ти ја намалат брзината за да ПОСПОРО си го потрошиш лимитот? 32 кб/с, 64 кб/с? Пошто со помала брзина, нели, подолго ќе ти трае. Така?Многу паметно, нема што.

Што не побараш на шалтер да ти ја намалат брзината, можеби ќе ти ја исполнат желбата. Таман ќе остане повеќе капацитет за тие што сакаат БРЗИНА!!!

The Smasher рече...

Batalete MT.

Перо Шванц рече...

Mene mi istekuva dogovorot so mt net vo maj, i sakam da se prefrlam na telekabel, ama kolku sto gledam i tie limitiraat, na sajtot im pisuva deka ako simnuvas mnogu ke te stavat na 128/128, pisuva deka ne ti ja garantiraat brzinata od 1024, deka zavisi od kolku korisnika ima prikluceni vo momentot, i nivni korisnici kazuvaat deka posle 30 gb te limitiraat na 512, posle 50 na 256, moze nekoj da gi potvrdi ovie raboti.
Fala.

Никогаш не иде под 512. Барем не до 70 ГБ колку што напраив минатиот месец.

Кај телекабел немаш педерски договори на 2 години. 1500 и чао.
После 20-30 ГБ идеш на 512. Елегантни 512. Нема педерлук.

Има мноогу корисници у Мај што се зезнале пред 2 години, и реално дека тие што имаат можност на кабловска да си отидат от глупите таленти.
Гледам дека осем Телекабел и неговите керки, солиден Интернет нудат и Максат.

Глупаци, Место АДСЛ-от да го истапацираат и да не им дадат на кабелџииве да прднат, они обратно. Цело Скопје отиде на кабел.

Некој погоре спомна 3000 без лимит. На Телекабел имаш опција 3000ден месечно / 2048 до 100 ГБ а после 512. Молим лепо!

druze рече...

Isto i jas razgleduvav ponuda za telekabel ali na ova stipjanive ne e da im veruva covek.

Stvarno li ide 1 Mbps? Kolku ide download vo prosek koga downloadirate preku HTTP na nekoj server vo amerika?

Анонимен рече...

Pa i kaj kablovskite (Telekabel, Mobi i Robi) ne e bas brzinata stabilna kako sto bese. Posle ogromniot priliv na novi nezadovolni ADSL-dzii koi ne gi prodolzija dogovorite i kaj nivstabilnosta e dosta opadnata. Ama ako. Nemas dogovor, nemas nisto, ne ti se dopaga drugiot mesec cao amore, pauziraj, prefrli se kaj drug, sto sakas pravi.

Sase рече...

А ти на колку сакаш да ти ја намалат брзината за да ПОСПОРО си го потрошиш лимитот? 32 кб/с, 64 кб/с? Пошто со помала брзина, нели, подолго ќе ти трае. Така?Многу паметно, нема што.

Што не побараш на шалтер да ти ја намалат брзината, можеби ќе ти ја исполнат желбата. Таман ќе остане повеќе капацитет за тие што сакаат БРЗИНА!!!


To be decko ja promasi poentata skroz na skroz. Koj rece deka jas sakam da mi namalat ama aj kazi mi dali mt net ne profitira povekje sega na paketite so doplata posle 4 giga? Eve pobrzo si siminjame pobrzo gi trosime i posle doplakame covek se opusta aj uste ova i uste ova i otide platata. Kontroliraj se malce ili si mt net missionary i sakas da ne konvertiras.

druze рече...

Znaci, ne ide na Telekabel so 1 Mbps sea??

zadovolen od telekabel рече...

druze said...

Znaci, ne ide na Telekabel so 1 Mbps sea??

*****

Jas posle istekuvanjeto na dogovorot so mt.net od pred dva meseca preminav na telekabel, iskreno na pocetokot bev nezadovolen so p2p idese epten mizerno so 20-30kb/s max, nekogas i so 10kb/s, a preku http idese so 120kb/s. Site korisnici na telekabel imaa takov problem toj period, no posle 10-tina dena izgleda go resija problemot i si idese ok p2p, duri i podobro od adsl-ot sto go imav pred toa. So adsl-ot idese max so 105-110kb/s so telekabel ide so 115-120kb/s, a nekogas i do 130kb/s. E sega navecer moze da padne linijata obicno od 18-19h do 00:00h
i toa paga od 1Mbit na 512 a nekogas i na 256kb/s, sepak i taa brzina za surfanje e ok.
Sega za sega sum zadovolen so internetot od telekabel, za ponatamu neznam.

Spion666 рече...

Касно е за сето ова, ужасно касно за МТНет. Пред еден месец кога ми заврши договорот, си прочитав фино лепо во весник што им се нуди на робовите (овај, корисниците) со 2 годишен стаж.

Продолжете го договорот и наместо 4GB (мојот пакет) ќе ви дадеме (неверојатни!) 5GB.

...

Од зголемувањето на 512kbps па наваму брзината е фактор што не ме интересира ни тронка - ако сакаат нека го зголемат и на 8 мегабита и пак ќе им биде џабе. Не само џабе, туку и парадоксално, затоа што со брзини над 1 Мегабит способен си да потрошиш 1 МегаБајт за 10 секунди. Што би му дошло, способен си да стигнеш до еквивалент на вртење на хотлајн број за кој си добил гратис во старт како кхм редовен корисник кхм кхм. Јас немам намера да се стрелушам дека некој убав пролетен ден МТ повторно ќе решат дека сите корисници "заслужуваат" ненамалување на брзините и тарифирање по сообраќај - дури и тие што не потпишале договор за намалување - и во таков случај интернетот да ми стане жешка линија со 2 годишна обврска, или да се повторува историјата.

Весела МТ математика: 0.3 денари (односно 1 мегабајт) за 10 секунди се 1.8 денари во минута. Нешто што се симнува 1 саат троши 10 денари (заокружив на помалку). Бидејќи конекцијата е способна да симне (или на п2п, потроши) 6 мегабајти за 1 минута следи способноста 60 мегабајти за 10 минути, 360 мегабајти за 1 час, 3.6 гигабајти за 10 часа, 7.2 гигабајти за 20 часа, 8.64 гигабајти за 1 ден, над
250 гигабајти за 30 дена (приближно еден месец).
Конечно, доколку тој е капацитетот на конекцијата, трошење 5 гигабајти значи дека се користи само 2% од можноста. 10 гигабајти се 4% од можноста. Оние 5 гигабајти се трошливи за 14 саати. Оние 10 гигабајти се трошливи за 1 ден и 2 саати. И цело време калкулирам со 1 мегабит. Кога се паѓа под 5% од можноста на конекцијата во лимитирањето, моја гледна точка е дека не постои причина провајдерот да се сфати сериозно. АДСЛ конекцијата е од "стабилен" тип - ако има интернет и нема проблеми, без разлика на бројот на корисниците 1 мегабит е 1 мегабит (капацитетите на МТ одприлика можат да го "гарантираат" тоа). Но во такви услови, што ќе ми е "стабилна" конекција? Само како скап орнамент? МТНе фала.

Се преселив на кабел, и како што стојат работите, очигледно не се враќам назад ниту пак има шанси да се вратам назад во скора иднина.

Spion666 рече...

корекција, 10 гигабајти се трошливи за 1 ден и 4 саати (не 1 ден и 2 саати).

едит - (си го избришав претходниот коментар со корекција, се извинувам за mass постингот)

Уште една корекција: кај што стои
"дури и тие што не потпишале договор за намалување"
треба да стои:
"дури и тие што потпишале договор за намалување (на брзината)"

Astraion рече...

Со конекција од 96down/64up kbps успеав за еден месец да направам трафик од 15 гигабајти....
Да ги помножиме овие 15 гигабајти со 10 - аналогно со download-от (96*10=960kbps - скоро мегабит), што значи дека мене ќе ми треба околу 150 гигабајти трафик месечно.
Кој не може да направи трафик од 10 гигабајти, мислам дека џабе има интернет дома...кога не знае "како" да го искористи. Ако ви треба интернет за да си проверете пошта...користете dial-up или ISDN, што ќе ви е Hi-Speed Broadband врска...
Факт е дека треба МТ-Нјет да се освестат малце, нека ѕирнат преку оградата во соседството (Бугарија). Како прво си имаат национален (бугарски) интернет, т.е. "peering" со двојно поголеми брзини а двојно поевтини цени за разлика од брзините/цените на интернационалниот интернет што се нуди таму, кој пак е двојно поевтин од нашиот + без лимит.
Интернетот е како телефонот - потреба, а не луксуз...

Astraion рече...

Еве еден обичен пример за нашиот провајдер... traceroute до гугл и назад...низ колку "места" ќе треба да помине еден ваш "пакет" информација:
Traceroute Google