05 април, 2007

ВРАТЕТЕ МИ ГИ ПАРИТЕ!

Од вчера (15:00 часот) две PPPOE конекции не можеш да имаш со ист јузер, на два компјутера. Имам машина со Windows XP и една со Fedora Core, па најлесен начин да ги поврзам и двете на интернет ми беше преку Switch со 2 посебни PPPOE конекции.
Но, од вчера втората конекција се дисконектира на секои 10 секунди (дефект со базната или ново правило на компанијата која на секој можен начин им одмага на своите корисници, сеуште е енигма). Ги начекав доцна синоќа од нивната онлајн поддршка и ги прашав што е работата, ми рекоа дека е дефект со базната кој за 1 саат ќе биде среден. Бидејќи изминаа 24 саата и уште истиот проблем го имам, решив да потрошам 100 денари од мојот мобилен за се јавам на нивната техничка поддршка. И така имав две прашања, значи имав 2 причини да се јавам.
Девојчето крена слушалка, добро вечер, ово-оно, повелете.

Прво прашање: Зошто од вчера од 15:00 часот не можам да ги поврзам двата компјутера на интернет преку две PPPOE конекции кога до вчера без никаков проблем го можев тоа?

Нејзин одговор: кажете ми јузер (и кажувам)... Па не знам, оставете ми ваш број (и оставам) и ќе ви се јави некој од колегите што знае.

Второ прашање: Зошто латенцијата денес ми е толку висока (~380ms према google.com)?

Нејзин одговор: Не знам ни тоа, но колегата што ќе ви се јави можете да го прашате и двете прашања.

Го завршив разговорот. Проверив сметка, 85 денари отидоа јабана. Бидејќи Но.Нет немаат одговор на моите прашања кои директно тие би требало да ми ги одговорат, најмалку што можат да направат е да ми пуштат утре 100 денари на сметка. Бројот го имаат, нека го искористат барем за нешто. Знам дека и така нема да ми се јават.


Јас се заебав со WADSL, а ти?

ОФИЦИЈАЛНО: Но.нет имаат проблеми со базните станици ИЛИ веќе ставиле ограничување. Сеуште не се знае сигурно дали тоа е нивната долгоочекувана новина (суплајс што би рекол трендо) или пак дефект. Фала на техничката поддршка која за крив стап не ја бива и ме натера да ги проверам компјутерите против вируси (вклучувајќи ја и федората, хехе) и што ме убеди дека мојот свич не чинел па шетав низ село проверувајќи го. Без разлика што кутриот упорно покажуваше одлични резултати. Фала ви на сите.

П.С. Пепи, жити машкоста тркни до најблискиот продажен салон на космофон и пушти ми 100 денари кредит. Ми дужиш пеер, со вработениве твои само должник ми испаѓаш.

15 коментари:

Анонимен рече...

Еве нешто што треба да го знае сета јавност и јавно ќе бараме извинување од Он.Нет. Денеска ми го релоцираа адаптерот од Скопје во Валандово каде што пред 2 месеца дипломирав и не ми требаше таму и барав да го релоцираат во Валандово. Еве конечно и тој свет момент дојде, платив нормално 850 денари за релокација и доаѓаат батиња и свршуваат супер работата и пред да си одат ми бараат пари за патни трошкови!!! Јас се чудам, што ќе е тоа кога платив веќе 850 денари за инсталација, т.е. сите трошкови се анулирани со тоа. Првиот пат кога ми кажа мислев се зафркава, тамам излегоа од врата и пак ми повтори, си велам, можеби тоа им е заверено во листот што ти го оставаат за свршената работа. Им давам пари, се враќам, го барам листот читам и гледам дека ништо слично не пишува таму. Веднаш се јавив до најблискиот другар и тој ми кажа дека нему мајка му дала на крај пари кога завршиле, и тоа различна сума. Одам барам други, најдов уште 4-5 луѓе корисници на Он.Нет само на улица за 30 мин одење пеш и тие исто ми викаат, на сите различна сума пари им барале и што е најдобро, неосновано. Ми засмрде ептен работава, се јавувам во Он.Нет и им барам објаснување дали е легално барањето на „патни трошкови“ после завршената работа и плаќањето на 850 денари претходно за инсталација. Кога ми потврди дека не е правилно и немаат основа си го фатив муабетот со неа и кажав што им кажав. Бидејќи беше касно, ми рекоа дека кога ќе се разлгледа работава ќе ми се јават пак. Арно ама, во тој момент мислев дека само сум јас изиграниот. Сега кон мојот збор додадов зборови на барем уште 20 луѓе па да видиме што ќе тежи повеќе. Само не знам до кај ќе одат со овој момент, да ни ги вратат парите, мислам дека ќе ги вратат, ама така не се остава да помине една таква кредибилитетна фирма плус втор фиксен оператор. Баш очекувам да ми се јават што побрзо и да видам што ќе ми кажат, па ако е интересно за очи и уши, веднаш ви пишувам за резултатот.

П.С. Едно нешто најмногу ме мачи - зарем требаше десетици луѓе да бидат изиграни па да дојдам јас на ред за да направам нешто. Ме мачи зошто другите при очи се прават слепци.

Анонимен рече...

Се заебав и јас што се заебав, но што да се прави, да ги запалиме единствените два-три провајдери, џабе, немаме избор друг. Иако 180% ги малтретирам поради нивните сопствени грешки ама идиоти си се идиоти. Туку еве барем се има шанса да се раскине договорот при желба поради тоа што далеку од тоа да се достапни 98% од целиот месец.

Анонимен рече...

решив да потрошам 100 денари од мојот мобилен за се јавам на нивната техничка поддршка

Druze, nemas fiksen?

Gorco рече...

си велам, можеби тоа им е заверено во листот што ти го оставаат за свршената работа. Им давам пари

Хахахаха... suckers!
Друже, прашај кои се тиe што дојдоа кај тебе да инсталираат. Ако се некои локални момци од Валандово или околија, тогаш знаеш што треба да се стори ;). Ако се скопјанци, тогаш со здравје да си ги трошат, а ти не се нервирај, другпат кога ќе даваш пари за било што, зборот можеби исфрли го од речникот!

Патем, колку те закрпија тебе и останатите "комшии"?

Princ рече...

Друже анонимец, јас со некого кога ќе се раскарам, онака до крај го правам тоа. Од МТ не сакам (сеуште) ни АДСЛ ни фиксен телефон. Па тука доаѓа во игра космофон со нивните услуги.
Капираш?
Имам бежичен интернет, мобилен (како и секој друг во македонијава)... зошто да плаќам и фиксен?

Анонимен рече...

Многу од квалитетните момци, од ИТ минатата недела си заминаа од НоНет. Не поради причина дека си нашле подобра работа....

Анонимен рече...

Друже анонимец,...Капираш?

Не! :)
Фрлање повеќе пари на друго место, само затоа што си се скарал со првиот, за мене нема логика. Но ако можеш да си го финансираш инаетот, so be it!

Жане - жоржет рече...

@анонимец кој мисли дека инат е во прашање:

од кај виде поскапо жити тебе ... човекот треба да е среќен што поминал толку брзо (и „ефтино“ - плус ПЕПИ е фин ќе му ги рефундира сретствата)... некад по 20 мин ти ѕенѕа тоа лошата музика во но.нет дур да ти јави некој (просечна шупелка со никакви познавања за ИТ) и дати каже: „абе знаеш имавме мала сецка“ (мала е и кога 4 дена немало интернет) али „ЌЕ се среди наскоро (во 2012)“ - не се секирај ти само плаќај си редовно ...

Не е инат тука прашањето - проблемот е во следново: но.нет (па и повеќето провајдери во МК - секоја чест на исклучоците) не го боли СТОЈКО за обичните корисници (малце поише го боли за бизнис корисниците) и се додека ние си ќутиме они ќе не стрижат како невини овчички..

druze рече...

A zosto nekoi sizici na ova blogov vikaat
"latencija", a ne "dilej"??

Анонимен рече...

Жане - жоржет said...

@анонимец кој мисли дека инат е во прашање


Жане, ај читај малку подобро и подолго (не само последниот пост), не буди лењ. Мојот пост беше во релација фиксен-мобилен, а не за квалитетот на услугата на но.нет.
================
druze said...

A zosto nekoi sizici na ova blogov vikaat
"latencija", a ne "dilej"??


Затоа што во оваа сезона тоа е мода, треба да се биде in :)

Sasho рече...

Latency и delay се различни поими.

druze рече...

A sto e razlikata?

Spion666 рече...

Латенција - ти не го одложуваш, но ефектите се латентни - се јавуваат подоцна.

"Delay" - ти го одложуваш.

Провајдерот (најчесто) е причина за delay - кое што кај корисникот се манифестира како латенција.

Уште една варијанта е, ако меѓу корисникот и серверот (пример google) постои компонента (рутер или сличен уред) кај кој има "delay", и кај корисникот и кај серверот во нивната комуникација ќе се осеќа латенција. Ако компонентата е поблиску до корисникот, тогаш корисникот ќе осеќа латенција спрема повеќето сервери (освен можеби локалните), а ако е поблиску до серверот, пробување на друг сервер ќе покаже намалена латенција (бидејќи комуникацијата не поминува низ компонентата која го прави "delay"-от)

Spion666 рече...

Во секој случај (еве и за кабловскиот кај мене) без некое мало (и не секогаш ефтино :( ) рутерче кое ги воспоставува PPPoE конекциите (освен на кабел каде колку-што-знам не е PPPoE туку друг протокол и модемот си се грижи за него) наместо компјутерот веќе не се може.. мислам, ако имаш повеќе од 1 компјутер дома.

druze рече...

Spion666, ama bas nisto ne te razbrav :))

Aj, nema veze..