07 мај, 2007

CableTel купи 13 кабелски оператори

Бугарско-американската компанија CableTel плати 20 милиони евра за преземање на 13-те кабелски оператори во Македонија, а ќе вложи уште 20 милиони евра за развој на кабелската мрежа и купување нова опрема со која ќе се понудат нови услуги на пазарот, како што е Triple Play, Video on demand и фиксна телефонија, дознава Тотал од поранешните сопственици на македонските кабелски оператори.
Според договорот со CableTel, Кокотов и сопственикот на Зора и на Зора Кабел, Стојан Ѓоргоски, ќе бидат дел од менаџерскиот тим кој во Македонија ќе раководи со 13-те оператори. Инаку, CableTel на крајот на април веќе имаше уплатено 10% од вкупната сума за аквизиција на операторите: Зора, Зора кабел, Кабелскоп, Максат и Наумовски, Кабелсат, Галакси, сите од Скопје, Кабелфокс од Кочани, Астра99 и Старкс од Куманово, Кадис 2002 од Штип, Спринт и Мултиком од Велес и Сат Медиа од Тетово.
Според мене: никаква зделка. Го разгледав сајтот на CableTel и не ме импресионираше брзината на интернетот/цената на истиот.
Вие што мислите?

64 коментари:

Анонимен рече...

http://www.cabletel.bg/index.php?p=internet_plans&sub=internet_plans3

Izgleda ne si gledal na pravo mesto.

Princ рече...

Не знам колку треба да ме импресионира пакет кој чини 25 евра месечно со брзина од 2048 Kbps :)

Башка, исто така се гледа дека политика на компанијата е добропознатиот брак од интерес односно договор на две години. Гарантираат 30% од брзината...
Единствено тепаат на неограничен трансфер (нешто сеуште невидено во нашава средина).
Што знам, мое мислење е сепак.

Gorgi рече...

Мене лично ме импресионира. Дури и да има некој лимит како 20 гигабајти би ме импресионирало. Дури и да држи само 50KB/s под услови на локално оптеретување би ме импресионирало. 2 години е предолго за договор. 1 година е прифатливо. 25 евра е конкурентна цена за моменталните услови на пазарот - 1500 денари (ама ако додадам ДДВ се губи конкурентност). Штознам, останува да се види.

Анонимен рече...

Секоја конкуренција е добре дојдена.
Мислам дека нетреба да се гледа на тие цени во Бугарија. И Телком има супер цени во Хрватска, ама овде не. Секоја држава посебна приказна.

Конкуренцијата ќе си го направи своето!

Анонимен рече...

Posledniot komentator e vo pravo. Sekoj se prilagoduva na lokalniot pazar. Mene mi lici na provajder koj ke nudi nesto pomalku za nesto pomalku. Definitivno nisto novo i dobro. Najverojatno si go zgolemuva portfolioto za "mazhenje".

Анонимен рече...

Ништо посебно. Сепак од ваква ужасна ситуација секое померивање е добро. Огромна трагедијае што државата го испушти телеком од своја контрола. Со ваква одлична инфраструктура Македонија можеше да биде меѓу првите во регионот е сега е меѓу последните. Така и ни треба кога сме така ефтино поткупливи.

glisha рече...

> Единствено тепаат на неограничен
> трансфер (нешто сеуште невидено во
> нашава средина).

Како невидено? Па Телекабел директниот конкурент на овие, има неограничен трансфер за 25евра и тоа на договор месец за месец.

Очекувам дека ако ништо друго Телекабел ќе ги официјализира 2Мbit/s што сега ги нуди неофицијално.

И ќе се потруди малку повеќе да ги среди проблемите што ги имаше последниве два месеци со нестабилноста... пет минути има, пет нема...

Во секој случај Телекабел без конкуренција беше светлосни години пред останатите кабелски, сега со реална конкуренција ќе се трудат сите повеќе и повеќе. Ми се допаѓа мене трендов.

Princ рече...

glisha, зошто лажеш?
Телекабел не нуди НЕОГРАНИЧЕН МЕСЕЧЕН ТРАНСФЕР за 25 евра месечно.
Ти ја симнуваат брзината кога ќе направиш 10 GB traffic, па уште еднаш ти ја симнуваат на 20 GB, па пак на 50... Батали тој муабет :)

glisha рече...

Е немораш де толку строги зборови како „лажам“ да употребуваш. :)

Само сум реален што значи неограничен сообраќај за домашен корисник. Нема шанси, нема шанси дека тоа што го пишува на овие „неограничен сообраќај“ и ќе ти биде стварно неограничен нон-стоп 24h/30dena/2048kbit/s да симињаш (*1). И Телекабел ги рекламираат исто овие пакети како пакети со неограничен сообраќај.

Мене Телекабел минатиот месец ме спуштија од 2mbit/s на 1mbit/s после 5 гига. Велат дека ќе ме спуштат на 512kbit/s после 50 гига, направив 15гига па незнам. :)

Ама ако тоа не ти е неограничено за хоум корисник, јебеш га мислам дека Неотел имаат по договор некои можности за неограничени на оптика за евра со 4 или 5 бројки. :)

(*1) Писмата на Comsat за „трошачите“.

Анонимен рече...

Ako e taka togas ustvari teoretski sekoj provajder vo MK ima "neogranicen transfer" samo sto so ponudenata brzina vremeto te ogranicuva. Cukanje slama vo prazno.

ilefx рече...

Битно е ке има конкуренција па ке види ме што ке биде

koskar рече...

телекабел нуди најблиску до флет. не те спуштаат под 128/128, колку и да направиш сообраќај. а, 128/128 е минимум бродбенд, не?
капачето на оннет и телеком 30/32 и 64/64 е всушност деградирање на бродбендот во дајалап....

телекабел објави до 4 мбс денес... и до 1 гига за 500 ден....

еве го моето мерење:
http://www.speedtest.net/result/123841483.png

Анонимен рече...

Sepak e dobro sto vleva CableTel, da go razdvizi pazarot malku, no sepak vleva vo samo 13 kabelski operatori koi pokrivaat mal dek od drzavata. Inace ne treba da se sporeduva so Bugarija cenite oti Bugarija se prvi na balkanot za internet a nie posledni
btw. ne e loso ovie da vlezat a ne cabletel http://homelan.bg/index.php?page=pricelist

The Smasher рече...

@ Дејан

Како прво се извинувам што не одговорив подолго време не бев тука.

Гранката на која што си ставен е нешто затната или модемот нешто ти чкрипи (ама сепак сметам дека е до гранката кај што си). Техничка помош барај, овие од Image кај мене се ок работат добро, ти не знам под кој спаѓаш. Како и да е пак појди и барај техничка помош, појди им дирекно во Телекабел, јас ќе се консултирам нешто со одредени личности окулу овој вид на проблем, ќе ти пишам...

Анонимен рече...

Off tema malku....

Koj prodava najeftino PSP vo Skopje ako moze brojce od telefon..

Александар рече...

Да бе... Овие од homelan.bg стварно се добри. Еден мој пријател од Бугарија го има пакетот од 44 лева т.е. 8Mbps. Јас на работа имам баш толкава гарантирана конекција (не ви кажувам колку плаќаме за неа, оти ќе се разочарате - во евра со три нули). И така решивме да тестираме дали и колку му се гарантирани тие 8 мегабита.
Тестиравме два дена по ред во различни временски приоди од денот. Од добиените резултати можам да ви кажам дека навистина има толкава меѓународна брзина кон Интернет бидејќи само еднаш не успеа да ја достигне дадената брзина (одеше со 6 мегабита околу 22 часот по наше т.е. 23 часот по нивно).
Ех... и јас сакам така...

Анонимен рече...

44 лева , тоа ти е 22 евра плус ддв би дошло околу 26 евра , околу 1600 ден за 8Мб/с неограничено. Не е лошо. И ја сакам.
Ај да им го пратиме ова на Мтшит, Но-нет и другите. Ама ова е по оптика...

The Smasher рече...

Јас како да ќе останам на Телекабел, некако не ме врзуваат со НИКАКВИ договори. А квалитетот и ценета на кабелтел незнзнам дали ќе останат исти кога ќе се распространат низ Македонија. До сега сите ИСП-а што го влечеле народот за нос со договори, не се покажаа во добро светло, баш поради тоа што нивните корисници што веќе еднаш ќе ги уловат им се загарантиран плен во наредниот долг временски период.

Dejan рече...

Smasher се среди телекабел проблемите престанаа оној момент кога мт нет си го среди линкот пошто имаа и они проблеми тој период на некои базни станици. Така да претпоставувам ја сум се паднал на некој мт нет днс преку телекабел што иде па работите се средили сами од себе. Сега е ок си ги добивам брзините како што беа порано. Незнам само дали ми се падна таков дибек од техничар на телефон или сите се такви. Упорно ми викасе дека nvidia.com и download.com и уште некои светски познати сервери, понекогаш не давале повише од 5 кБ/с трансфер. Мислам стварно да праиш некого будала до долку ама ај.... претпоставувам дека не ни знаеа дека мт нет има проблеми и дека они индиректно го пренесуваат на еден мал дел од нивните корисници така да се се среди само од себе.

Анонимен рече...

ne e losa i ovaa firma da vleze kaj nas
40 Mbps za ~30 evra
http://promo.spectrumnet.bg/packs.php

The Smasher рече...

@ Дејан
Незнам за другите од Телекабел, ама овие од Image се стварно ок. Најверојатно некој неписмен (или тупаџија) [или и двете :)] ти се има паднато од техничката поддршка. Батали телефон, појди лично така по ќе завршиш работа (од искуство ти кажувам). Tоа е тоа добро е штом сега е ок.

druze рече...

Eve ja sum ukljucen na Kadis od listava i poslednava nedela-dve internetov e katastrofa.

U zgradava gi imam site moguci operatori, taka da planiram da se prfrlam od Juni na drugo mesto.
Kako ste zadovolni tie vo centar od Telekabel?

Анонимен рече...

Ај одамна нема нов коментар, па еве нешто за интернетот во Хрватска

Iskon nudi ADSL do 10 Mbpsa za 99 kn
http://www.bug.hr/vijesti/?id=78742

Инаку Iskon е компанија во сопственост на Дојче телеком

Анонимен рече...

vakov ADSL sakam http://www.baobab.or.jp/

The Smasher рече...

@ Друже

Телекабел јас како што имам проверено дели насекаде подеднакво интернет. Јас дека сум приклучен на Image (Телекабел Маџари и Сингелич), на почеток си мислев дека нема интернет да видам, ама испадна да имам исти брзини со ове во Аеродром. Братска делба за сите, безразлика кај си така иде.
(Да не бидам погрешно сватен, можеби може да ти се случи на ептен локално ниво проблемот на Дејан со брзината, ама тие работи се санираат.)

mkl рече...

абе луѓе што зборувате каква инвестиција. па никој ништо не купил. фингирана работа. газдата на кадис(кабелската од центар) - кокотов е истиот што е пола газда на кабелфокс(лисиче), а другата половина на кабелфокс е истиот газда што е газдата од филаделфија од кочани и истите тие се ортаци и со некои други од скопје и од таму некаде струмица... и имаат ортаци - веќе неколку години од бугарија... и се обидуваат да направат нешто веќе подолго време ама не им успева. те ке воведат воип,па фиксна телефонија па не знам што, ама до сеа ништо не воведоа, затоа што за да воведеш било што треба да се инвестира, а они се прават фушерски. они не можат да си ги средат тв каналите а не ке воведат интернет. имаат само еден линк од косово со не знам се на се 2мбпс и они нудат такви пакети на поедници. каква смеа. и сеа за да го подлажат народов демек еве странска фирма инвестира во нова технологија па повелете приклучете се на нашиве оператори - малце пробуваат да го групираат капиталот и така да пробаат да успеат. не бива така. ке видите. ке нудат на интернет секакви паќети а отидете им во станиците и прашајте ги како прво колку линкови имаат према надвор, со кои брзини и нека ви покажат па ке видите за што ви зборувам.или влезете им и видете какви сервери користат или кои им се администратори, дали има некој вечерно време освен чувар што нема појма од компјутери или интернет.а кога ке се јавите на техничка подршка после 5 ви велат „аааа тоа утре од 9 ако има можност ке видат администраторите“ и може слободно цела нок да си немате интернет. а тоа башка што велите со договорите. па тоа има да ви ги скине конците. нема нешто полошо од договор на година или повеќе. а ништо не нудат за возврат. и сега не треба да се зелетуваме и ај да земеме конекција кај нив па да се заебеме. слободно почекајте па ке видите што ке се случи. ако видите да се нуди нешто добро ок.ама како што кажа некој погоре тука никогаш нема да ги има странските цени без разлика кој и да влезе. пак ке си бидат доста високи и пак ке се нуди помалку за помалку. досега само од колеги и пријатели што се на телекабел слушам пофалби. сите други ми се жалат. особено оние што се на кабелски ама не од телекабел. таму е најлошо... како во к.вода и сл. како и да е нема тука странска компанија. пак се истите луѓе само ке го сменат името на фирмата и се групираат за да можат да му бидат конкуренција на телекабел бидејки телекабел веке е гитант и поинаку не можат. се надевам дека со ова ако не друго парем ке паднат малку цените... поздрав

The Smasher рече...

CADIS, CabelFox или како и уште да се викаат, јас како што знам се едно, понудите им се навистина никакви, а и освен понудите и веќе дадените услуги им се уште поникакви. Значи ако земаш 512/512Кб/с интернет, нема ни 5ката да ја видиш од тоа.

druze рече...

512/512 e ustvari nedge 384/128 vo praksa.

Uslugata e nikakva zatoa sto nejkat da investiraat uopste. Sami si go zakopuvaat biznisot.

Gorgi рече...

Можам да потврдам за Кисела Вода / Кабелплус. Деновиве бидејќи имаше невреме - им снема струја, па истовремено немаше ниту ТВ канали ниту интернет, иако имав пристап до сите други локални корисници приклучени на надворешниот gateway на кој сум и јас. Им требаа само 15 минути за да средат (веројатно дури да ги одговорат сите повици во техничка поддршка :)), што сепак е за поздравување, ама... останува фактот дека не си земале UPS за дел од опремата.

сепак мислам дека ќе почнат да се менуваат работите кон подобро - конкуренцијата се зголемува, луѓето (дури и тие од провајдерите) се информираат (тие од провајдерите за тоа што бараат купувачите), инфраструктурата се подобрува.

Сега за сега, можам да ги сумирам моите барања за интернет во:

- што поретки прекини и падови, по можност нула, и ако ги има да траат што е можно по кратко, никако подолго од половина час.
- брзината (download) да не паѓа под 256kbps, а во идеални услови да биде 512kbps или 1Mbit
- upload најмалку 128kbps, а повеќе од 256kbps нема потреба.

- до гушење на мрежата заради локално оптеретување смее да оди само до минимумите напишани погоре. Да опадне двојно под нив 5 минути, може. 15+ минути, не. 1 саат, никако.

Да опадне повеќе од двојно под нив не смее во било кој случај, освен при прекин од временска непогода кој бил неизбежен, а бил брзо саниран.

По надминување на месечниот сообраќај (кој треба да биде најмалку 10GB)
- download не смее да падне под 128kbps
- upload не смее да падне под 64kbps

конечно, цената несмее да биде повеќе од 1500 денари

и на крај, договорот не смее да бара повеќе од 1 година "верност". Една година е едвај прифатливо. 6 месеци можеби може. Зошто? Затоа што сега ни е најдинамичен интернет пазарот во земјава.

Многу битно - договорот не треба да го интересира што јас правам со интернетот :) Имам видено некои смешни договори кои спомнуваат p2p и filesharing апликации. Можам да дадам само пример - gaming компанијата Blizzard Entertainment веќе користи p2p за дистрибуција на видео трејлери од нивните игри (како на пример најновиот за StarCraft2). Да не зборуваме за сите линукс дистрибуции кои се "дистрибуираат" преку torrent за најновите изданија.

Што ако утре добијам задача да разгледам некоја линукс дистрибуција и колку е таа употреблива за некоја намена? Ќе ја бркам по http/ftp сервер кој не е оптеретен?

p2p е тука и сега, како брза алтернатива за неефикасните http/ftp, а почнува и комерцијално да се прифаќа се повеќе.

Конечно, НИКАКВИ тарифирања по сообраќај. Иако тие на телекабел (ограничените до 1500 денари) се одлични, сепак тарифирањето по сообраќај е глупаво, а ОСОБЕНО е глупаво кога нема cap.

Спушти брзина на минималната (не под 128/64), имплементирај некој QoS, прај што сакаш, само не ми тарифирај сообраќај. Несакам да стварам параноја, ама кога се тарифира сообраќај можностите за крадење и поткраднување се ОГРОМНИ, исто како што беа и за телефон.

Мислам дека нема потреба да објаснувам во детали, ама еве неколку: Кога на секој корисник кој во просек прави 600MB сообраќај месечно ќе му "запишеш" 650MB, од 100 корисници крадеш тарифа за 5000MB, а ниеден од нив нема да те тужи затоа што не му се гледа којзнае колку битно за тужење (и во право е). За да се избегне ова - крај на тарифирањето по мегабајти (мое лично мислење)

Сметам дека ова се разумни барања за интернет, а не верувам дека некој може да отвори видеотека со нив... :)

The Smasher рече...

Сметам дека горе долу ова што го напиша Телекабел го исполнува, ама сепак мислам дека можат и уште подобро. Како и да е ок ти се барањата.

Анонимен рече...

Dali nekoj ima nekakvi informacii za pretstoeckite promeni na paketite i tarifite na MtNet?

Анонимен рече...

Само што ги променија, тешко во скоро време да ги променат пак...

Анонимен рече...

Ќе имало промени, и тоа за брзо!

Анонимен рече...

Процентот на АДСЛ корисници бил на премногу ниско ниво спрема кабловските оператори и тоа бил главниот проблем, па ќе менувале нешто.

Анонимен рече...

E arno im tekna

Анонимен рече...

:) Е ова е смешно. Телекомци никогаш не размислувале така, дури ни кога имаше навалица од нови инсталации на Он нет на нив им требаа месеци да ги пуштат новите цени и брзини. Нема логика волку брзо да реагираат поради некои си таму кабелски провајдери...

Анонимен рече...

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=B700DD46EAC9344395599E4054004354&arc=1


„Македонски телекомуникации“ прифати да ги намали цените за интерконекција, кои Агенцијата за електронски комуникации ги намали за 350 отсто уште во почетокот на март. Со тоа се отвора патот да почнат со работа новите оператори во фиксната телефонија.

На идните оператори, телекомот ќе им наплатува 0,54 денари, односно 0,36 денари за минута во локален разговор. За меѓуградски повици, телекомот ќе наплатува 0,75, односно 0,51 денар за минута нормална/евтина тарифа. За меѓународните повици цените ќе се 1,11 во нормална и 0,75 денари за минута во евтина тарифа.


Ним не му е до тоа колку интернет корисници имаат кабловските, туку колку потенцијални корисници на фиксна телефонија може да имаат кабловските оператори.

The Smasher рече...

Малку надвор од темата...

Објава

Доколку има луѓе кои што се заинтересирани да пристапат во СкопјеWiFi од Маџари нека пишат на форумот на www.skopjewifi.com во делот за Маџари.

БЕЗРАЗЛИКА, ДОКОЛКУ ИМА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПРИСТАП ОД БИЛО КАДЕ НЕКА ПИШАТ НА СКОПЈЕWIFI.


Патем МТ се плашат за евентуалниот губиток на телефонски корисници од фиксната телефонија.

Анонимен рече...

Глупости. Да им беше гајле за корисниците на фиксната телефонија, немаше за толку кратко време толку многу да ги качат цените. Корисниците константно ги откажуваат линиите, приходите им се намалени, бројот на реализирани минути е намален... ако навистина им било гајле за ова, ќе реагираа со време. Сега веќе е касно.

The Smasher рече...

Дај боже да се глупости, и дај боже да е касно.

IraPratiPoKopitarPari рече...

Modernizacijom postojećih i puštanjem u rad novih telefonskih centrala po Srbiji, kompanija EUnet od ponedeljka, 21. maja krenuo sa još jednom akcijom priključenja velikog broja korisnika na EUnetov ADSL servis. Od sledeće nedelje na EUnet ADSL Internet servis biće priključeni korisnici u Zrenjaninu, Bečeju, Kuli, Kraljevu.

Do kraja meseca, akcijom priključenja, ukupan broj korisnika EUnet ADSL usluge premašiće 15.000. EUnetova ADSL usluga uključuje i besplatnu instalaciju i korišćenje opreme za rad servisa, tri e-adrese, prostor za Internet prezentaciju, tehničku podršku 24 sata - svih sedam dana u nedelji, zaštitu računara od virusa i spamova.

EUnet je svim korisnicima ADSL usluge obezbedio i dodatne olakšice. Sve redovne platiše imaju pravo na popust od 5% na vrednost fakture ako uplate do 10-og u mesecu, za plaćanja unapred za tri, šest i 12 meseci važe popusti od 10, 15 i 20%, zavisno od broja meseci. Korisnici mogu u okviru korisničkom portala https://my.eunet.yu, samostalno da proveravaju utrošene sate, menjaju lozinku, kontrolišu statistiku protoka informacija i odmah reaguju u slučaju eventualnih prekoračenja, da po potrebi menjaju tarifni EUnetADSL model: Surf, Flat, Download.

Specijalna pogodnost je što korisnici ADSL-a kod drugih provajdera mogu da se kroz EUnet Test vožnju, na Internet strani https://my.eunet.yu/adsl/adsl_test_acc.php, sami uvere u prednosti ovog servisa.

U okviru EUnetove akcije “Internet opismenjavanje“ preko 60 srednjih škola u Srbiji je već dobilo besplatan EUnetADSL servis. Pored toga, svi osnovci, srednjoškolci i studenti već tradicionalno dobijaju od EUneta popust od 20 odsto na sve EUnetADSL servise.

EUnet ADSL usluga omogućava veoma brz pristup Internetu, 24 sata dnevno, bez troškova telefonskih impulsa, uz slobodnu liniju za razgovor. Praktično, sa uključenjem kompjutera, korisnik je odmah na Internetu sa svim globalnim sadržajima koji se nude: od pretraživanja različitih vrsta podataka, studiranja onlajn, skidanja muzike, filmova, igara, slušanja radia, gledanja televizije, rezervazije i kupovine koncertnih, pozorišnih, avio karata, dobijanja izvoda iz matičnih knjiga i tome slično. Na raspolaganju su tri brzine: 256/64Kbps, 512/128Kbps i 768/192Kbps.

Анонимен рече...

ooooooo NEEEE, istorijata se povtoruva :

"
Austrijski “Mobilkom“, treći mobilni operater u Srbiji, posloveće u Srbiji pod imenom “Top net“. Ali, kako se saznaje, neće početi sa radom 1. juna, kako piše u ugovoru o izdavanju licence, jer nije ispunila ni jedan od preduslova neophodnih za početak rada - nema svoje bazne stanice, niti prodajnu mrežu, infrastrukturu, logističku podršku.

Iako nisu postavili svoje bazne stanice, preko kojih bi signal trebalo da stiže do mobilnih telefona budućih pretplatnika, Austrijanci su imali mogućnost da i taj problem premoste. Dok ne izgradi svoju infrastrukturu, “Top net” je mogao da pusti signal preko “Telekoma Srbije”. Za to je bilo potrebno da podnese zahtev za pružanje usluge nacionalnog rominga."

The Smasher рече...

Екстра. :)

druze рече...

Kako odea limitite na telekabel?

Posle kolku pominati namaluvaat?

Анонимен рече...

А каде е bezvrska? ... онака процедурално да прашам... Го снема човекот после нова година, и во 2007 има само два поста на блогот.... хмммм. Да е презафатен, можеби, но само ако е на арбајтен некаде во Африка... исто и volan, додуше тој постува на својот блог.

Блогот го смени правецот, и наместо анти-моментална-интернет-состојба, се претвоти во анти-
оннет на Принц...

The Smasher рече...

Имаш 2Мб/с после поминат лимит од 1ГБ (или неколку ГБ) ти намалуваат на 1Мб/с, после 30-40ГБ (не е сигурно кога) ти намалуваат на 0,512Мб/с а после таму 100ГБ може да ти намалат и на 0,256Мб/с. Баш ќе проверам убаво месецов ќе пишам.

The Smasher рече...

ПС:

Стварно кај е Безврска, го снема човекот... ??!!

Му пратив mail пред некое време не одговара.

Анонимен рече...

T-Com od sada svojim postojećim i novim MAXadsl korisnicima nudi povoljnije MAXadsl Flat pakete.

Mjesečna naknada za MAXadsl Flat pakete snižena je za privatne korisnike i, umjesto dosadašnjih 199 kuna, sada iznosi 140 kuna. U cijenu za privatne korisnike uključen je PDV.
---------------------------------
Гледај како се однесува Дојче Телеком во Хрватска, ах како се нервирам, за ова и за изменувањето на договорот за АДСЛ пред некоја година сите услуги од МТ ги заменувам со соодветните ма конкуренцијата, уште фикснава телефонија да ја мавнам и рајат.
Инаку 140 куни за флат пакетот во Хрватска е 19 еур.

mkdev рече...

еј одамна не сум поминал тука како , како со интернетот , што има ново. блогов замре некако

Анонимен рече...

Ne da zamre nego skroz se ispusti. Nema novi postovi (eden post na eden mesec), samo isto pak isto.

Анонимен рече...

Vo nekoi gradovi i kaj odredei korisnici denovive brzinata na MaxADSL od Mt-Net e kako modem od 64K. I najloshoto e shto toa e taka vekje nekolku dena i pokraj javuvanjata na telefon na 080012345 nishto ne prezemaat. Bash me interesira dali ke prezemat neshto koga nema da im ja platam smetkata sledniot mesec. Plakjam za ADSL a imam brzina kako obichen modem. Koj ne veruva neka se uveri.

http://www.speedtest.net/result/134528605.png

The Smasher рече...

Па замре тие што беа на МТ од Скопје отидоа на ТК и тоа е тоа.

The Smasher рече...

ПС За блогот.

koskar рече...

@the smasher,
тоа, барем што се однесува до мене е точно. од мтнет преку оннет до телекабел. супер сум задоволен со последниве....

до последниот анонимец,
јас кога одам на софија добивам лоши резултати. пловдив ми дава околу 2мбпс, така што брзина проверувам на пловдив. енивеј, сликичката нема да ти помогне кај лешинарите мтнет, мене ми изгледа дека ќе мора да си ја платиш сметката :-(......

The Smasher рече...

Traffic Sum
Free Traffic included in Surfpackage: 1.000,00 MB
Traffic Downlod: 3.923,92 MB
Traffic Upload: 735,38 MB
Traffic Download + Upload: 4.659,30 MB
Traffic Überschreitung 3.659,30 MB

Е на овој статус на мојот интернет сообраќај ме лимитираше Телекабел на 1024/256Kb/s. Признавам дел од вината за ова е и моја, можев повеќе да извлечам, ама ај... :)

Dejan рече...

Denovive i Mt net i telekabel imaat problemi na momenti t.e. telekabel indirektno. Brzinata varira eve na rabota od 3 megabite tesko gledame i dva. Se javiv u mt net mi vika stranite nemozat da ponudad zavisi kaj e hostirana bla bla bla, a ustvari varira i na download.com od druga strana pa od nvidia.com brzinata e super nad 320 Kb/s.

The Smasher рече...

Провери на рапид, ако и таму е бавно (што имаат 10Mb/s НАЈМАЛКУ uplоад), тогаш е до конекцијата, како и да е мислам дека е до конекцијата. Рачунај + тоа дека овохј месец сите идат на неограничено, па преоптеретен е малку системот, + некој застој од МТ, и тоа е тоа.

Анонимен рече...

Bezvrska da ne pocnal da raboti ili vo MT.net ili No.net!? :))) Granat uci covekot da zavrsi sesijata ke pise

The Smasher рече...

Чисто претпоставка:

Виде со кои си има (на 1 комита 3 кодоши) работа и најверојатно му дошло преку глава.

Анонимен рече...

Дали е ова крај на овој блог? Ај ја да ја имам таа чест да бидам последен број 60 на 10 Јуни:
Бидејќи
а/ Интернетот во Македонија е сосема О.К
или
б/ Не чини ама дефинитивно стана јасно дека не сме способни ништо значајно да направиме

нема да има блог? Колку се за а/ колку за б/ ????
Или има некој да предложи ц/ заклучок?

The Smasher рече...

b
Се видоа нашите способности за револуција, како народ. Сепак не се откажувам, верувам дека отпорот ќе остане и ќе постои, само очигледно не на глобално ниво.

druze рече...

Pa posle ponudava na telekabel, nema potreba od revolucii :))) LOL.

Dajte samo da kreneme brzinava negde do 6 Mbps da ide kako vo Prishtina sto e.

Анонимен рече...

ГОСПОДЕ БОЖЕ, Стигнавме до таму да Приштина ни биде нешто што допрва треба да го достигнеме!!! Од ова по доун нема.
Одам да гледам Фри ТВ. Од Интернетот ништо.

Анонимен рече...

Другарчиња,
ке ви кажам само 1 нешто:
Во никој случај немој да сте ставиле нет од cabletel,
јас ставив пред 6месеци(уште кабелплус кога беа),и по НЕзадоволен не може да бидам, искрено подобро ми идеше dialup-от.
Плаќам 1500ден за демек 2048-512мбпс и неограничен трансвер,
а добивам:
200/300-64мбпс и лимит од 15гб.

ете така, па сега вие видете дали ке ставите нет од CableTel.

абе Бугар ако не те заебе, нема кој