17 јуни, 2007

Влада на РМ - Бесплатен dial-up - Втора клапа

Со повикување на бројот 055 858 858, граѓаните од утре до 24 јули ќе можат бесплатно да се поврзат на интернет. Се' што треба да направат е да се најават со корисничкото име: vladanarm и лозинката: ostvaruvame.
Трошоците за телефонскиот импулс и за интернет-пристапот ќе бидат на товар на Владата.
Извор: Дневник

11 јуни, 2007

Непристоен предлог

Не ми се верува на кое дереџе паднавме...
Пред некои 10 дена ми се јави некоја Анета од но.нет (оддел грижа за корисници, најс нејм) со еден непристоен предлог: Бидејќи не биле во можност да ми дадат квалитетен интернет и поради постојаните проблеми (со овие зборови всушност признаа дека имаат проблеми кои 6 месеци не можат да ги решат) сакаше да ми понуди раскинување на договорот или привремено замрзнување на истиот. Јас фино-лепо и реков ако не можат да ми понудат квалитетен интернет нека затворат фирма, а не во исто време дур она мене ми нуди таква перверзија мојот сосед да го поврзуваат на истата никаква базна станица како нивен нов клиент. Нејзиниот коментар беше дека јас сум бил арогантен и ќе ми се јавела покасно. 10 дена изминаа и уште ја нема.

* Ако некој има информација за девојчево, нека остави само коментар дали е здрава и жива, се загрижив за нејзе. Може треба да формирам оддел Грижа за вработени во но.нет :))))

Нејсе, не ми беше тоа поентата на муабетот. Поентата на муабетот ми беше: до кога ќе постои фирмава која продава интернет на хартија, а не го дава фактички? До кога ние корисниците ќе глумиме овци (се повеќе се сомневам во глумава, мислам дека ние навистина сме овци) и ќе бидеме задоволни само да имаме интернет, без разлика на обврските кои сме ги превзеле обострано ние како корисници и тие како компанија која продава услуга (512/128, 10 гигабајти месечно - бујрум 1286 денари месечно)? До кога државава (да не је окривувам сега само власта, јебем ли га, ќе ми се фрлат овие стабилизаториве, преговарачиве, како ли ги викаа) ќе дозволува да постојат вакви квази-компании кои продаваат услуга но не ја даваат?

Народот не го бива или некаде на друго место е проблемот?
До кога Треки ќе мрчи што сме фрлале ѓубре насекаде (демек тоа било јако не-европски) а во исто време фирмата во која работи и во која има некоја улога си игра со нивните клиенти како во турско (ова е европски? вие во европа не би добиле ни дозвола за работа), до кога ќе има техничка поддршка што не може да го поддржи (проблемот), а нивно најлесно решавање на проблемот е "не кревај слушалка"? До кога бре?

Edit: заборавив да спомнам дека постов го пишувам од интернет кафе. Последниве 3 месеци плаќам дома за интернет (WADSL) а всушност користам ADSL во интернет кафево, кое исто така го плаќам.

Edit II, 13 Јуни 2007, скоро 15:00 часот:
Анета е здрава и жива, ве поздрави а Тоше ве сака сите :)))
И проблемот е здрав и жив, барем до понеделник според нејзините зборови.
Да сме здрави и живи и ние па ќе видиме.
Толку засега, добрите коментари откако ќе ја добијам услугата за која ми стигна фактура завчера :)