11 јуни, 2007

Непристоен предлог

Не ми се верува на кое дереџе паднавме...
Пред некои 10 дена ми се јави некоја Анета од но.нет (оддел грижа за корисници, најс нејм) со еден непристоен предлог: Бидејќи не биле во можност да ми дадат квалитетен интернет и поради постојаните проблеми (со овие зборови всушност признаа дека имаат проблеми кои 6 месеци не можат да ги решат) сакаше да ми понуди раскинување на договорот или привремено замрзнување на истиот. Јас фино-лепо и реков ако не можат да ми понудат квалитетен интернет нека затворат фирма, а не во исто време дур она мене ми нуди таква перверзија мојот сосед да го поврзуваат на истата никаква базна станица како нивен нов клиент. Нејзиниот коментар беше дека јас сум бил арогантен и ќе ми се јавела покасно. 10 дена изминаа и уште ја нема.

* Ако некој има информација за девојчево, нека остави само коментар дали е здрава и жива, се загрижив за нејзе. Може треба да формирам оддел Грижа за вработени во но.нет :))))

Нејсе, не ми беше тоа поентата на муабетот. Поентата на муабетот ми беше: до кога ќе постои фирмава која продава интернет на хартија, а не го дава фактички? До кога ние корисниците ќе глумиме овци (се повеќе се сомневам во глумава, мислам дека ние навистина сме овци) и ќе бидеме задоволни само да имаме интернет, без разлика на обврските кои сме ги превзеле обострано ние како корисници и тие како компанија која продава услуга (512/128, 10 гигабајти месечно - бујрум 1286 денари месечно)? До кога државава (да не је окривувам сега само власта, јебем ли га, ќе ми се фрлат овие стабилизаториве, преговарачиве, како ли ги викаа) ќе дозволува да постојат вакви квази-компании кои продаваат услуга но не ја даваат?

Народот не го бива или некаде на друго место е проблемот?
До кога Треки ќе мрчи што сме фрлале ѓубре насекаде (демек тоа било јако не-европски) а во исто време фирмата во која работи и во која има некоја улога си игра со нивните клиенти како во турско (ова е европски? вие во европа не би добиле ни дозвола за работа), до кога ќе има техничка поддршка што не може да го поддржи (проблемот), а нивно најлесно решавање на проблемот е "не кревај слушалка"? До кога бре?

Edit: заборавив да спомнам дека постов го пишувам од интернет кафе. Последниве 3 месеци плаќам дома за интернет (WADSL) а всушност користам ADSL во интернет кафево, кое исто така го плаќам.

Edit II, 13 Јуни 2007, скоро 15:00 часот:
Анета е здрава и жива, ве поздрави а Тоше ве сака сите :)))
И проблемот е здрав и жив, барем до понеделник според нејзините зборови.
Да сме здрави и живи и ние па ќе видиме.
Толку засега, добрите коментари откако ќе ја добијам услугата за која ми стигна фактура завчера :)

38 коментари:

Trale рече...

Zalam sto e taka, no kako i da vrtis, sepak ADSL-ot na Telekom se pokaza podobra varijanta za internet. Ne deka se super, daaaaleku se od toa, no se podobri od on.net. Toa treba da se priznae. Koga lugjeto gi kinea dogovorite so Telekom, jas ne go otkazav dogovorot i imav griza na sovest, no sega gledam deka ne zgresiv. BTW, sto stana so vasata NV organizacija? Bas mislev deka kje bide nesto dobro.

Анонимен рече...

сте чекалe и пак ке почекате барем додека CableTel даде некои пакти :) , Telekabe за сега се нај фер. Мт.шит квалитетна услуга само, друго ништо

The Smasher рече...

Off.net и MT.Шit може да се каже дека подеднакво нудат неквалитетни услуги за големи пари. Тие си прават диопол (неиде монопол :)) и така додека си се диополисуваат народот на*бува. Штета што насекаде се распространети и луѓето најчесто неммат друг избор.
*Наравоучение: Безразлика дали си на МТ.Шit или на Off.net Македонче, џигерот ти ојде.

Александар З рече...

Трале, друже,

не беше поентата да се испораскинат договорите, туку да се раскинат договорите без пенали (за оние што не ги сакаа новите услови) или да се добие подобра услуга. И двете цели беа (и се) постигнати. Денес имам(е) АДСЛ со 2 мегабита (добро, фактички е 1,3 до 1,7) за малку посолена цена - ама услугата си држи повеќе од 99% од времето и се прави муабет со техничката поддршка (мислам, одма можеш да им збориш на компјутерски, разбираат децата).

Малку ми е криво што он.нет не игра ко што треба, има места во МК кадешто ми треба (себичен сум, де, јасно е) добар безжичен нет. Вака, човек само да се нервира со беден пинг кога треба да провери мејл од „недома“, да не зборам за нешто посериозно.

The Smasher рече...

Заборавив:
Off.net како што знам треба да понудат нови пакети (пакетчиња :)) кон крајот на летово, почетокот на есента.

Princ рече...

Каков? Плаќаш интернет а не го добиваш? Тоа би било cool, јас автоматски ќе бидам префрлен на тој пакет. Башка да ја официјализираме состојбава, онака црно на бело :)

Инаку јас лично не очекувам некои подобри пакети и услуги од но.нет. Едноставно, тоа не е во нивните можности (насекаде има проблеми дури и со оваа конекција, на зголемување не можам ни да помислам) иако имаше неколку пати такви муабети. Јас тие ги квалификувам како нивен очаен обид да опстојат уште некое време.

Анонимен рече...

Vo prilog na "nepristoen predlog" eve i mojata posledna korespondencija so "no.net":

Почитуван кориснику,
Пред се би сакале да Ви се извиниме за непријатностите предизвикани од наша страна со деградираниот интернет сервис. Ве известуваме дека Вие како и сите останати корисници на Он.нет сте третирани на највисоко професионално ниво во одделите за Грижа на корисниците како и за Техничка поддршка кои за жал во моментов не беа во можност да одговорат на Вашите барање и потреби.

Он Нет се труди на највисоко професионално ниво да се соочи со наглиот пораст на корисници во последните неколку месеци, па затоа постојано инвестира во нови долгорочни инфраструктури и изнаоѓа нови решенија се со цел да се задоволат потребите на нашите корисници.

Во моментов комбиниран тим составен од високи професионалци работат на оптимализација на целокупната мрежа и воедно придонесоа за сериозно подобрување на системот. Но сепак некој реони од Тетово се сеуште проблематични.

Според последно добиените информации, овие реони ќе се оптимализираат во следниве неколку недели. Поради тоа вашиот приговор ќе биде сметан како официјален документ а Вие ќе добиете соодветен попуст на ф-рата за месец Мај, како и за месец Јуни по истекот на месецот.

Се надеваме дека и Вие ќе имате разбирање за ново настанатата состојба со која Он Нет се соочува во моментов и дека ќе ни дадете барем уште една можност да ве снабдиме со стабилноста на бараниот сервис.

Уште би сакале да потенцираме дека забелешките и сугестиите од нашите корисници, позитивни или негативни, секогаш се добредојдени и би сакале да Ве охрабриме и во иднина да ни ги доставувате.

Marija Tavrajkovska - Georgieva
Customer Care
On.net ISP - Skopje
bul.Partizanski Odredi br.101
E-mail: marija.georgieva@on.net.mk
Tel/Fax: +389(0)23100800 ext.306

To: customercare@on.net.mk
Cc: info@on.net.mk ; komentari@on.net.mk
Subject: Prigovor

Pocituvani,
Pomina i osmi-ot mesec kako vas pretplatnik na uslugata wadsl. Napomenuvam deka ovoj e tret e-mail kon vasata customcare sluzba (na prethodnite dva nemav odgovor). Zadovolstvoto od vasata usluga e samo 50% so ogled deka od prilika i tolku realno mi bese internetot za izminatite 8 meseci, sto znaci deka nemase mesec da nemav problemi so konekcija, brzina ili stabilnost na vasiot wadsl internet.Ediniot razlog sto se uste sum vas pretplatnik e nemanje na druga alternativa za internet (telekomot e isklucen kako alternativa od pocetok).

Znaci jas gi ispolnuvam obvrskite prema vas (redovno i na vreme gi plakiam fakturite), a vie ne mozete da go ispolnite clenot od dogovorot vo koi se obvrzuvate da mi obezbedite 98% kvaliteten, brz i stabilen internet, clen koi mi dava za pravo da raskinam koga sakam dogovorot so vas. Imajki predvid deka skoro cel mesec maj imam dial-up brzina na vasiot "brz" wadsl a mi ostana nepotroseni celi 5 Gb (poradi brzinata),

ja cekam junska faktura da vidam kolku ste korektni (znajte deka ako ne doaga namalena - realno, istata nema da vi bide naplatena).

So ovoj e-mail ve obavestuvam deka uste eden mesec ke se strpam i ako se povtoruvaat istite problemi definitivno raskinuvam dogovorot so vas. Mislam deka ovoj pat ke imate doblest i ke mi odgovorite.

Tetovo,
31.05.2007
P.S: I vo prethodnite poraki vi sugerirav da go isklucete avtomatot na brojot 3099999, posto samo za mesec maj mi se zgolemi telefonska smetka za 500 denari cekajki (zaludno) nekoj vas operator da mi se javi (zal mi e sto potrosiv 500 denari vo korist na telekomot slusajki edna idiotska pesna na vasiot avtomat).

Denes mi stigna junska faktura i ni trag od spomenatite popusti.

Анонимен рече...

дај боже и мене да ми се јават и да ми понудат раскинување и ќе прифатам одма.

но.нет .... коа ти треба интернет НЕМА!!!!!!!!!!!!!1

Анонимен рече...

Toa ti e Princ, nekoj ke se maci 2 godini so nikakov internet i samo ke mrci i ke se nervira a nekoj ke si uziva na adsl i ke faka seir :)))))

The Smasher рече...

Не се согласувам со
-----------------------------------
Anonymous said...
Toa ti e Princ, nekoj ke se maci 2 godini so nikakov internet i samo ke mrci i ke se nervira a nekoj ke si uziva na adsl i ke faka seir :)))))
-----------------------------------
Се виде што сеир сите испофаќаа со АДСЛов. Како што реков и тој и WADSLот се за нигде. Единствено во таа ситуација некој може сеир да фаќа само сам на себе (ако веќе нема што друго да прави), или ако има ADSL со врска - е тогаш можеби ќе фаќа сеир на другите, дали ќе фаќа или не тоа е индивидуално.

The Smasher рече...

А да заборавив да одговорам:

@ Princ

Поради тоа што off.net се прогресивна фирма и сите тие работи 'n stuff, како промоција во нивните пакети најверојатно ќе бидие воведена услугата - ослободување од интернетот. Значи плаќаш, воопшто не добиваш нет (освен 1Кb/s кон on.net.mk за да не можеш да го раскинеш договорот) и си слободен да не го трошиш. Замисли си колку помалку нерви ќе изгубиш ако си плаќаш сметки, и место да чекаш на нетот 10дена 1сајт да ти се отвори Ти како корисник си слободен да излезеш надвор така на воздух, сонце, трева да се прошеташ, и вооошто да заборавиш на секојдневните грижи, обврски и евентуално работното место кое што ти зависи од интернетот.

Анонимен рече...

kako ne, kje dadat dobri paketi.

umiram od smeenje koga kje im ja vidam reklamata "sega imas izbor"!!!

Hahahaha!!!!

Kakov mi e toa izbor, koga, kako i da svrtis, moras na Telekomshit da plakjas pretplata!!!!

Анонимен рече...

I to so mnogu poniski ceni od Mt.net razlika 50deni. haha Veruvajte ili ne od No.net glavata me boli nisto drugo .Tapa jonson se jas mislam vo Tunguzija e podobar netov...

koskar рече...

@сите што се на оннет,
http://revolucija.blogspot.com/2006/12/wadsl.html

ова функционира без проблем. јас си ги скратив оннет маките (претпоставувам на обострано задоволство) и преминав кај телекабел. сега за сега сум задоволен. не знам на колку паѓа брзината после „катаљалда“ симнати гигабајти пошто не сум пират... праам 4 до 6 гига.

за оннет; кој не е задоволен, има доказ дека не се испочитувани условите од договорот („намалена“ фактура) и има алтернатива, нека го раскине договорот. препорачано писмо во кое се наведуваат причините и се цитираат членови од договорот.

оннет се расплинаа во желбите за освојување пазар; исп, фиксна телефонија... не бараа готови решенија туку експериментираа со полу решенија. (така и испадна тоа лакрдијата со вифи, нели?)
имаат очајна грижа за корисници, а гледам дека вработените се и неписмени, WTF е „оптимализира“?

во МТНЕТ сеуште живеат во времето кога се плаќаше 2000 марки за приклучок...

телекабел (каде има) е за сега единствено решение, да видиме што ќе каже кејблтел...

за новите пакети на оннет можам само да кажам: гладна кокошка - просо сонува ;-)

druze рече...

Јас од еден од тие операторите на КејблТел на Телекабел се префрлив, интернетов шиба!! Сабајлево download иде со 170 KB/s. Пушка!! Најболје одлука у живот шо сум ја донел. Само вака нека продолжат зашто вака се прави бизнис и се станува бренд.

Иначе тоа инфраструктурата бежична е катастрофа. Бегајте подалеку од било кој што ќе ви нуди бежичен интернет.

Од КејблТел до Ноември не очекувајте ништо затоа што тие допрва ќе ја градат оптиката низ Скопјево.

Сега за сега, Телекабел е најдобра понуда во однос цена/перформанси.

За тие со најистенчен вкус, најубаво е да си земат АДСЛ од МТнет затоа што подобар интернет од тој нема.

koskar рече...

@druze,

се слагам дека најдобар интернет е АДСЛ. ама они се педери какви нема втори на светов!!!!!

зимаат пари и кога треба и кога не треба, сите цени ги пишуваат без ддв (на финта го користат законот кој вика дека МОРА да стои колку е ДДВ-то). ги заболе КУР за корисниците, сите ги ставаат во ист кош (не’ прогласија сите за пирати, се сеќаваш?)...

мене они ми земаа пари (кои претходно не ги спомнаа) за селење на опремата (кога јас се преселив).

се обидоа да ми наплатат два дена повеќе користење интернет (кога се побунив ми рекоа, де бе за 2 дена, ли?)
кога го откажава ИСДН-от ми го сменија бројот и ме убедуваа дека не постои техничка можност ПТСТН да има „ИСДН“ број???!!!!???

кога ќе се земат погорниве (нарочно последниот) фактори во предвид јасно се гледа дека они во нас гледаат малоумни овци за стрижење.
(имаше и една изјава на некој од оннет; гомна да им дадеме, ќе ги изедат!!!!!)
се’ додека така размислуваат нема да ги биде. дури ни телеком кој сепак, сеуште има „телохранител“ отелотворен во државата. ќе дојде и нивниот крај....


patience, Highlander.........
коскар.

П.С. за факот дека вработените во мтнет имаат ФЛЕТ макс адсл (или повеќе) по цена пониска од другите, без договир и дека (каде има слободни парици) им се врзуваат 3-4 ИСДН линии, а плаќаат една, нејќум ни на почнувам. лично знам такви....

The Smasher рече...

Телекабел Л&Б (Лимит и Брзина)

Вака стојат работите:

Телекабел - Resident Basic
1000MB - 500ДЕН
За секој 1МБ - 1ДЕН се до додатни 1000ДЕН кои што се исплаќаат во рок од наредниот 1-ви до 5-ти, заедно со 500ДЕН за наредниот месец. По поминати вкупно за месецот 1500ДЕН трошок за интернет за додатно сурфање не се напаќа.
Се плаќа само Download, Upload не.

Брзина - Доwnload:
2048/512Кб/с - од 0Мб до 3900-4000Mb

1024/256Кб/с - од 4GB до 12Gb
1024/128Кб/с - од 12Gb до најверојатно 30 Гб
Потоа 512Кб/с до 90-100ГБ па потоа 256 по 90-100ГБ download.

Анонимен рече...

The Smasher neznam za tebe ama mene 4 giga mi se puna kapa, nekogas ne mozam ni tolku da potrosam a barem mi e stabilen internetot i ne se tresam ko nekoi drugi sekoj pat nad konekcijata dali ke me pustat off net ili ne hehehe ali sto da se pravi, barem vo drzavava mazohisti kolku sakas :)))))

The Smasher рече...

Од техничка гледна точка ADSL-от би требало да биде најдобра и најстабилна опција за интерет. Не велам дека е нестабилен, го има (сепак кога ќе згрми може одредени делови од Аеродром и Чаир да останат без нет зависи, понекогаш) работата е тоа што МТ нуди од општа гледна точка неквалитетни пакети. Сепак се е индивидуално, ако ти се исплати да плаќаш од 1500ДЕН до 3000ДЕН (или колку беше за месечен договор)за 4ГБ тие 4 ќе ги добиеш, а после идеш со 64/64Kb/s. Како што веќе реков претходно, некогаш и човек нема избор, па мора да бира помеѓу лош ИСП и лош ИСП.

Анонимен рече...

Postovive od den na den se poglupavi se

The Smasher рече...

@ Anonymous

Стави паметни.

Trale рече...

A ima nekoj informacii za WiFi-to na On.net? Na sajtot nema ama nisto. Im prativ poraka pred edna nedela i eve uste mi odgovaraat. Pa kako mislat da me dobijat kako musterija? A sakav da znam dali toa e vistinski WiFi, kade fakja, dali treba dopolnitelna oprema ili samo ona sto go imam vo laptopot, cena i sl. Ako ima nekade na net, sakam da procitam za ova.

The Smasher рече...

Трале да ти ги скратам маките, сум пишал на тоа за WiFi и освен еднаш на времето кога тоа беше актуелно никогаш ми немаат одговорено повторно во живот. Единствено што сум добил е автоматска порака за отсутност. Затоа не се мачи џабе е најверојатно нема оператор кој што работи со mail-овите за wifi-то сега, знам дека на времето имаше ама ок. Нема ни постови на сајтот еден долг период (wifi.on.net.mk) единствено што можам да ти помогнам е линкот до мапата на покриеност:
http://wifi.on.net.mk/wifi.swf, и линкот до упатството за користење:
http://wifi.on.net.mk/files/UpatstvoWiFiBox.pdf.

Ако веќе сакаш некој човек од off.net да прашаш појди во некој од тоа салоните на off.net. Би треабло да ти кажат, а вака со mail нема со тел. има да ти отидат едно 500-1000ДЕН на сметка за да им ја слушнеш новата музика (која што се повторува со години :))од секретарката.

The Smasher рече...

@ Trale а да, заборавив секогаш постои опција (која што не е наведена во контакт опциите) да им пратиш гулаб, ако стигне гулабот до нив 99% ќе ти одговорат. :)

koskar рече...

@trale,

wi-fi-то е напуштен „полумртов“ проект на оннет.... кога мтнет не им даваше адсл (всушност им даваше ама по безобразни цени) од оннет се обидоа да направат вифи мрежа и да нудат интернет. ама пошто вифито по дефиниција нема тква намена нишо не испадна од тоа. после го открија канопито...
како што реков, оннет е фирма без стабилен развоен план...

памтевте као се курчеа; цела македонија покриена со сигнал, вести на БиБиСи, смешки....

Анонимен рече...

@koskar

ne si vo pravo za DDV-to (iako ne e nekoja tema)... vekje podolgo vreme na site reklami na MT cenite so DDV se navedeni pod cenata bez DDV (toa e sosema spored zakonot).

broevite na PSTN i ISDN ne se "mesaat" t.e. nemoze da go imas istiot broj i vamu i tamu... regulirano so zakon za el. komunikacii... proveri pa komentiraj... poplakite upati gi do agencijata...

ne ljubomori na vrabotenite vo MT. postojano ima oglasi za vrabotuvanje pa prijavise, prevzemi nesto i prestani "da bides ovca"...

btw, normalna praktika e na svoite vraboteni da im davas beneficii... rasprasaj se kje se iznenadis za povolnostite sto vrabotenite gi dobivaat vo nekoi mak firmi, a da ne zboram za stranski.

se' drugo ti e manje-vise OK.

Перо Шванц рече...

broevite na PSTN i ISDN ne se "mesaat" t.e. nemoze da go imas istiot broj i vamu i tamu... regulirano so zakon za el. komunikacii... proveri pa komentiraj... poplakite upati gi do agencijata...

Се мешаат итекако, ако отидеш од ПСТН на ИСДН ти остануе бројот од ПСТН за носител. Значи коа ке даеш повеќе пари ондак може.

ne ljubomori na vrabotenite vo MT. postojano ima oglasi za vrabotuvanje pa prijavise, prevzemi nesto i prestani "da bides ovca"...

Штета што само овците останаа во Телеком. Се палат на нелимитиран АДСЛ, скромно платиче и пребег од некоја македонска вукојебина каде нема ни дом на култура, во Скопје, мислејки дека ете го достигнале максимумот у животот.
Паметните си отидоа од телеком, или си одат па затоа има потреба од нови овчички за шишање кои ке го лижат гзот на исфрустрираните шефови таму, и главната придобивка ке им биде нелимитиран проток на суровина.

btw, normalna praktika e na svoite vraboteni da im davas beneficii... rasprasaj se kje se iznenadis za povolnostite sto vrabotenite gi dobivaat vo nekoi mak firmi, a da ne zboram za stranski.

Шетан чоек си гледам ја, ама нормална практика е на вработените да им се даде пари, а они да одлучуваат што ке купат со нив, а не да ти замачкаат очи со 300 Евра и нелимитиран нет. Времето на купоните на Ѕинго поминува, како и прашакот од Охис.
Странските фирми, бидејки гледам ги споменуваш даваат бонуси во пари а не нивни производи.
Телеком ништо не го кошта да ти даде нет, и така закупениот линк не го искористува.

se' drugo ti e manje-vise OK.

Да, мање више :)

koskar рече...

@ последниот anonymous,
иако не разговарам со типови што се кријат како п**** под кошула...

ДДВ-то кај мтнет е наведено со 5-ка фонт на дното од страницата, што е педерски. цената со ддв треба да стои веднаш под таа без ДДВ или да има колку (во реални вредности) е ДДВ-то. башка што никој не може да купи нешто без да плати ддв. тие што се ослободени, плаќаат па прават поврат. затоа воопшто не ја гледам сврхата на истакнување цена без ддв.

еден претплатнички број е токму тоа - претплатнички број. дали ќе има исдн, птстн, или пички голи ќе искачаат од слушалка е небитно.
Ја не барав и „ваму“ и „таму“, барав само „ваму“, кога го откажав исдн-от да ми остане истиот број и на птстн-от...
портабилноста на бројот (има и закон кај нас за тоа) е нормална работа. дури и да се преселам у свирипичино. затоа немој ти мене броевите не се мешаат и остали срања.... кој кажува кој број е ваков, а кој таков....? и дека сите броеви у центар мора да се на 32 или 31...?
не, туку така ви е полесно, за корисниците ве боли кур (како што споменав во претходниот пост).

околу тоа кој е овца, не би коментирал во оваа прилика....

јас никако не им љубоморам на вработените во мтнет (телекомите масовно отпуштаат вработени, ќе дојде тој ден и кај мактел). немам ништо против бенефиции. но, во услови кога мактел не користи независни институции за пресметка на импулси и гигабајти, ќе дозволиш, драг мој анонимецу, да се сомневам дека екстра гигабајтите, претплати и импулси што ги прават вработените во мактел се наплаќаат од останатите смртници. (посебно кога слушам изјави од типот: абе монтерот ми вржа уште 2 исдн линии од доле у подрум, шо кур. или абе шо знам да зеам ова адслов за 1000 денари, колку сакам трошам...?)
јас немам начин да докажам дека ми се крадат импулси или мегабајти, кога бројачите се кај тие што ја пружаат услугата и не дозволуваат контрола од надвор...

The Smasher рече...

Сметам дека цената треба да ја пишува толкава каква што е сосе ДДВ и сите други рекети (зборувам за онаа цена што е со фонт 72), а не вака да се залажува народ со плитки финти. Кога сме веќе кај интернетот на вработените во нашите многу ценети ИСП-а, знам дека и Off.Net нудат интернет на своите вработени за месечна цена од 600ДЕН. Конкретно каков пакет е незнам, колку GB 'n stuff. Е сега ова е како што знам за обичните вработени, додека оние ептен ВиАјПи личности незнам каков нет користат :).

Анонимен рече...

....ептен ВиАјПи личности... ne koristata nikakov net. Kompjuterot im sluzi za ukras na desktopot. Se bavat so muchki so ludje, se prepukuvaat i si podmetnuvaat, se pregrupiraat i pa se isto.
Za toa i dojdovme do ova deredje i tazna Makedonija. Shto juznije to tuznije...

Анонимен рече...

koskar said...
@ последниот anonymous,
иако не разговарам со типови што се кријат како п**** под кошула...

Пријателе... еднаш го поминавме ова ама некако не ти влегува во глава... по што ти не се криеш ко ПИЧКА под кошула??? Со тоа што знаеме дека nick-от ти е koskar? Па дај не биди веќе смешен и престани со глупите ти изјави... анонимус, па анонимус... ако се регистирам со nick анонимус ќе бидеш посреќен??? Смешнo e што се сметаш за храбар со тоа што јавно си го кажуваш nick-от а ние останатите се криеме (пази молим те) со тоа што пишуваме под анонимус...
-----------------------------------
ДДВ-то кај мтнет е наведено со 5-ка фонт на дното од страницата, што е педерски. цената со ддв треба да стои веднаш под таа без ДДВ или да има колку (во реални вредности) е ДДВ-то. башка што никој не може да купи нешто без да плати ддв. тие што се ослободени, плаќаат па прават поврат. затоа воопшто не ја гледам сврхата на истакнување цена без ддв.

Се сложувам дека треба да има цена со ДДВ.. но, пак ќе додадам дека ЈА ИМА И ТАА ЦЕНА.. тоа е во согласност со законот... не гледам проблем...
Е сега јас да те прашам нешто - Дали тоа е случај и со кабловците??? Дали цената ја наплаќаат со или без ДДВ? Дали таа законска обврска ја исполнуваат? Пријателе, може ти е пофино дека не ти наплаќаат ДДВ (што те боли уво, 18% помалку плаќаш), но со тоа го кршиш законот, нели?
-----------------------------------

еден претплатнички број е токму тоа - претплатнички број. дали ќе има исдн, птстн, или пички голи ќе искачаат од слушалка е небитно.
Ја не барав и „ваму“ и „таму“, барав само „ваму“, кога го откажав исдн-от да ми остане истиот број и на птстн-от...
портабилноста на бројот (има и закон кај нас за тоа) е нормална работа. дури и да се преселам у свирипичино. затоа немој ти мене броевите не се мешаат и остали срања.... кој кажува кој број е ваков, а кој таков....? и дека сите броеви у центар мора да се на 32 или 31...?

Убаво е дека знаеш дека постои закон, ама не си го прочитал (или разбрал ама нема да навлегувам)... ај да видиме што стои таму:
“Пренослив број е национален претплатнички број доделен на краен корисник врз основа на склучен претплатнички договор, кој претплатникот има право да го задржи (пази сега) при промена на опратор и/или промена на географска локација во рамки на исто географско нумерациско подрачје”.

Најверојатно зборуваш за ГЕОГРАФСКА преносливост, како и преносливост од еден оператор на друг... различно е пријателе, различно...
Инаку, броевите се (префиксите) се одредени во согласност со АЕК и штом се официјализираат - важат за сите... така, по некоја случајност утврдено е дека во центар броевите ќе почнуваат вака или така... во секоја држава е така... повели докажи го спротивното (само немој со прости реченици исполнети непотврдливи мислења)...
-----------------------------------

не, туку така ви е полесно, за
корисниците ве боли кур (како што споменав во претходниот пост).

Тоа е твое мислење и секако имаш право на тоа... жалам дека нешто придонесло така да се чуствуваш. Друго не би можел да додадам за да ти олеснам.
-----------------------------------

околу тоа кој е овца, не би коментирал во оваа прилика….

Не го кажав со цел да те навредам. Нормално дека не си ти овца... фигуративно беше употребено и извадено од контекст на твојот коментар... ништо повеќе, ништо помалку...
-----------------------------------

јас никако не им љубоморам на вработените во мтнет (телекомите масовно отпуштаат вработени, ќе дојде тој ден и кај мактел). немам ништо против бенефиции. но, во услови кога мактел не користи независни институции за пресметка на импулси и гигабајти, ќе дозволиш, драг мој анонимецу, да се сомневам дека екстра гигабајтите, претплати и импулси што ги прават вработените во мактел се наплаќаат од останатите смртници. (посебно кога слушам изјави од типот: абе монтерот ми вржа уште 2 исдн линии од доле у подрум, шо кур. или абе шо знам да зеам ова адслов за 1000 денари, колку сакам трошам...?) јас немам начин да докажам дека ми се крадат импулси или мегабајти, кога бројачите се кај тие што ја пружаат услугата и не дозволуваат контрола од надвор...

Навистина незнам како да ти одговорам на оваа рекла-казала... ајде, посочи со име и презиме таму кадешто мислиш дека има неправилности (нормално пријавувањето можеш и АНОНИМНО да го направиш и никој нема да те смета за П**** под ...)... Останатото што го тврдиш, драг мој ПОЗНАТ koskar (нели, дијаметрално спротивно на моето анонимство) просто не држи вода. Можеш да кажеш, да се сомневаш и слично но да тврдиш, а уште пак и да докажеш, неможеш/несакаш... Повели, стори го вистинскиот чекор и пријави неправилности... вака, нема да имаш прогрес туку само изгубено време за непотребни преписки со нас АНОНИМУСИТЕ...

Извини што неможам да навлезам во подолги полемики со тебе, но морам да се вратам на работа за да не си го изгубам работното место иако за мизерни пари, бенефиции и услови работам спротивно од среќлијата и ПОЗНАТ “перо шванц” (ова ти е име и презиме?) што работи сосема спротивно од мене во прекрасни услови и за неверојатно висока плата што разликата од 500-1000 денари за интернетот воопшто не го возбудува... гледам не губи ни време по разни блогови ...

@ шванц – само едно ќе ти кажам – на човек со сила можеш му земеш, но не и со сила да му дадеш... за жал, сосема неразбра што сакав да кажам, џабе и себе и на другите им одземаш драгоцено време да ти го читаат постот за Ѕинго и слично... ќе останеш, за жал, ограничен каков што и си, но најверојатно така и ти одговара.. Гледај си ги своите проблеми и не се мачи со проблемите на останатите... за колку, каде и како работам и дали имам флет или не... ај, јасно ти е што мислам па да не должам...

Princ рече...

Извинете вака што сметам, ама ќе ве замолам да внимавате на правецот на дискусијата и јазикот кој го користите. Тука пички спомнувам јас, вие останатите користите звездички за цензурирање на такви безобразни зборови на блог во кој не е ограничена возраста на читателите.

Знам да бришам патем.

resenec рече...

videte gi cenite na resenskiot internet operator kanal 16 www.kanal16.com.mk

390 denari 1 Gb
550 denari 3,3 Gb
730 denari 5,5 Gb
brzini do 2 megabita
najevtini ceni vo MK!

Анонимен рече...

Si go raskinal dogovorot You lucky baster

Анонимен рече...

On net. Тин шема 2 гб , 512 кбпс

890 ден :)))))))

Анонимен рече...

"broevite na PSTN i ISDN ne se "mesaat" t.e. nemoze da go imas istiot broj i vamu i tamu... regulirano so zakon za el. komunikacii... proveri pa komentiraj... poplakite upati gi do agencijata..."
----------------------------
Bev korisnik na ISDN dodeka ne se pojavi ADSL-ot.Otkako staviv ADSL naj normalno izvrsiv migracija vo PSTN linija zadrzuvajki go stariot broj...
Zatoa ne mozam poinaku da go razberam problemot na Koskar osven kako izzivuvanje ili momentalen hir nekoj od vrabotenite vo "telekomot"...

Анонимен рече...

Ако е некој заинтересиран за интернетот на cabletel во тафталиџе, нека не скока веднаш. Јас го имам од јануари 2007, беше ок, ама откако дојдоа новите газди, јас имам интернет максимум 60% од времето. Договорот беше за 96% мислам. Четири дена чекам да дојде некој од кај нив, ама изгледа ште бде трудно сос браштата блгарчета.

Анонимен рече...

Kazete kako pravno da ja isteram rabotava i da go prekinam dogovorot so On.NEt?

imam ist problem kako Tetovcanecot.
BTW i jas usm od Tetovo.

nemozam poveke... izgubiv i nervi .. a sum tipicen makedonce CORBA tip...
trpam , ama ova ne se izdrzuva poveke.


POMOS lugje!