29 август, 2007

Нова понуда на МТНЕТ?

веќе и "teaser" билбордите излегоа.... со црвена боја... изгледа се на мтнет. прочитавме на блогот од разни „сигурни извори“, „братучед ми што работи у мтнет“ и сл. дека мтнет спрема нови пакети...

една работа ме буни; на билбордите има 3 коцки со различна големина, ама на сите стои 2Х. 2 пати повеќе сообраќај е, што?
од „адсл плус“ 20 гига, нели? од најјакиот „профи“ би било 70 гига.... не гледам кој пакет ќе ги добие фамозните 100 гига, ако одиме по формулата "дупло". по таа формула, брзината би се качила на 4Мбпс, што е пола од теоретскиот максимум на адсл.... некој спомињаше адсл2 - значи ли дека ќе имаме и до 12Мбпс брзини?

инаку, денес се јавив на 080012345 за да прашам дали има проблеми у гевгелија (иам една машина на гости таму, па нешо не ми работеше). и така ја го прашуем момакот за триста работи, демек разговараме и на крај комплетно офтопик го прашувам: кога ќе ги објавите новите пакети?
по кратка пауза, момакот вика на први....

80 коментари:

Анонимен рече...

фала богу нов пост!

The Smasher рече...

Е неее...! :)

Нов итек како! :)

Работава е како што веќе реков, времето ќе покаже се. Затоа памет в глава, трпение на максимално ниво и внимателност при избирањето на интернет провајдерот и неговиот пакет. Очите отворени петнаесет :).

The Smasher рече...

Анкета:
Дали сте задоволни од интернетот што го имате?

Било каков и да е интернетот што го користите, битно е дали сте задовлони од соодносот цена/квалитет на услуга. Доколку да зошто, доколку не зошто?

Следете го линкот за да одговорите:
http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?t=297

volan рече...

Денеска една теткица на шалтер на МТ ми се пофали дека од први се спремаат новите пакети ... а оди и некоја реклама на ТВ - МТ се дупло ...

Колку ке успеат да повратат доверба во излажаниот македонски потрошувач ке видиме ...

Но секако е добро да паѓаат цените а да се подобрува квалитетот ...

The Smasher рече...

Не траба да се пристапи на никоја нова понуда одма, ај да ги оставиме да намалуваат прво.

Анонимен рече...

toa 2x na cenite da ne se odnesuva?
:))))))

The Smasher рече...

Anonymous said...
toa 2x na cenite da ne se odnesuva?
:))))))

Ќе видиме :).

The Smasher рече...

Понуди

Австрискиот мобилен оператор

На вести кажаа се е средено за Австрискиот мобилен оператор да почне да работи, се очекува тоа да биде за скоро. Јас не очекувам нешто револуционерно, но сепак ај да видиме што ќе кажат Австријците. Патем се очекува и избирање на четврт мобилен оператор.

http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?t=304

daywalker рече...

Pa, ako e istiot sto e vo Hrvatska i vo Srbija (VIP), togas kje bide podobro. Vo Srbija startuvase pred mesec dena, zasega ne nudi postpaid, samo prepaid, i toa po edinstvena cena 24 casa (nema skapa/eftina tarifa) od 4.9 dinari za minuta (5.7 dinari so DDV), toa e 0.06 eura (0.07 eu) po minuta.

koskar рече...

читам сега на форумот дека се знаат пакетите...

какво разочарување! тотално!

еве проверете:
http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?p=2326#2326

The Smasher рече...

Мислев дека еќ понудат барем нешто како Телекабел. Ништо револуционерно. МТ си е МТ и секогаш ќе си остане МТ.

Анонимен рече...

Луѓе не знам што сте очекувале, ама пакетиве мене ми изгледаат како да се подобри од секој пакет во соодветната класа што е моментално на пазарот. Работата е што нема потреба од нешто подобро или пореволуционерно затоа што ове најверојатно ќе ја заврши работата.

За „малите“ пакети 2 и 10 мислам нема потреба од коментар(дека се подобри од останатото), а АДСЛ 100 е практично флат за 90% корисници. Тоа се 3.3ГБ дневно :).

Јас искрено очекував нели дупло според рекламата, од 10 на 20 за иста цена, а ако пакетите се тие би добил десетоструко за 25% пониска цена и скратен договор.

Со оваа понуда мислам дека и луѓе без договори и такви работи би се одлучиле за АДСЛ100 наспроти Телекабел флет за 1500. Разликата е 150ден за АДСЛ, ама сепак добиваш стабилна и константа брзина на конекција. Колку ќе фалат тие кусур од 100 и кусур гига што можат да се направат на Телекабел не знам, ама мислам дека стабилноста ги оправдува 150-те денари и кусурот.

...

1 година е веќе разумен период за договор, а сепак разликата во редовната цена и онаа со годишен договор е 200+ддв денари. Значи и во случај да сакаш да раскинеш договор нема да треба бубрег или два за раскинување, доста поразличен пристап од претходно.

Анонимен рече...

А како е на адсл: дали мора 12 месеци континуирано да се користи интернетот или може да се скокне некој месец?

пиво рече...

Ма каков Телекабел флет, вчера и денес е ужасно споро, намален сум на 256/128 со симнато 20 и нешто гига. Ок треба да ми иде со 32, а иде со 5-6кб. Освен навечер е ок. Порано беа подобри, имаше и форум... сега е тиња. Сериозно размислувам да се префрлам на мојот стар непријател мт-њет на неопределено. Модемот од телекабел нека си стои за резерва, ако мтњет направат пак некоја глупост:)
АДСЛ и кабловски нема споредба.
Додека бев на АДСЛ секогаш беше стабилно, вака е тиња!!!
п.с. Некој ако мисли дека не сум прикључен на телекабел, ќе ви пратам screenshoot со мојата ип адреса.
Ако не се оправат Телекабел до октомври најверојатно ке се вратам на стариот добар(пред да се воведе лимитот)стабилен АДСЛ

The Smasher рече...

Ок а кога ќе се намножат корисници на ADSL, дали ќе биде 2048/256Kb/s?
Лично сметам дека од септември Телекабел ќе бидат пак ок, понудата според цена/перформанси/траење на договор по ми одговара на Телекабел.

пиво рече...

Ќе видиме дали ќе бидат пак ок и дали ќе ги спушти цените, затоа и ќе почекам. Ќе го видиме и договорот на АДСЛ наскоро тука на блогов, сигурно некој ќе го објави.
Ќе видиме и дали ќе ја гарантираат таа брзина од 2048/256Kb/s.
А и да раскинеш после пола година ќе платиш 1200 денари пенали.
Мислам дека мт-нет сега имаат пофер понуди, и штом даваат такви пакети претпоставувам дека и линкот им е надграден па можеби ќе издржи за доста корисници.
Времето ќе покаже:)
Ама со ваква услуга на телекабел не, неколку дена е катастрофа. Можеби моментално и се најдобри во МК, ама за тие пари невредат. Подобро ќе дадам уште неколку стотки повеќе ама ќе знам дека ми е стабилно!

Анонимен рече...

Ајде ТелеКабел, узврачај ударац! (макар и само со гласини) :)

Не спиј!

Virus рече...

Јас од извори многу блиски на непријателот имам информации дека пакетиве што се со 4GB ќе одат на ненормални 100GB трансфер.

а за пута два.. ја това незнам :D

Анонимен рече...

koskar said...
читам сега на форумот дека се знаат пакетите...

какво разочарување! тотално!

еве проверете:
http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?p=2326#2326

ај нешто поконкретно... што те разочарало?

1. тоа дека е ~1000 поефтино (а што не го коментираш);
2. тоа дека разликата у ГБ е x10 (за ова веќе се изјасни); или
3. разликата у брзина е 0 (во споредба со претходната понуда)?

те читам ама никако да те разберам ... сега проблемот е тоа дека не е АДСЛ2/АДСЛ2+? Па до вчера никаде не спомна нешто такво, се' се сведуваше на СООБРАЌАЈ и ЦЕНА... откако ги доби, сеа АДСЛ2/АДСЛ2+, ајде ТЕЛЕКАБЕЛ и слично... нит се водиш нит се терас :)

будала рече...

Добро барем несто се промени на малку подобро, не е flatrate ама е ок трансфер.

Конечно да почне некоја конурентска борба за корисници.

Сега би требало да очекуваме адекватен одговор на конкуренцијата. Ако сакаат да ги задржат корисниците ќе треба да понудат нешто ново. Барем приближно на МТ.

Сегашнава ситуација е критична за помаливе провајдери, посебно ако се земе во обзир и фактот дека и новите WIMAX провајдери треба да почнат со работа.

Сепак Македонија е мал и финансиски слаб пазар, кој имал потреба од интерент сигурно до сега го има поставено од некој од поголемиве провајдери, а оние граѓани кои сеуште немаат интенет сигурно преставуваат релативно мал број.

Така да стуацијава ќе стане се прилично интересна, што би рекле северниве ни соседи "ко преживи причаќе"



Ме интересира дали некој слушнал за некои најави од телекабел или оннет во врска со потезов на МТ.

Анонимен рече...

Jas slusnav deka Sovet za Radiodifuzija trgnal da go zatvori Telekabel (i uste 12 drugi)

Ke ima denes na vesti

The Smasher рече...

Анкета:

Што мислите за новите понуди на МТ?

Што мислите за новите понуди на МТ такви какви што ги знаеме дека ќе бидат?
Зошто така мислите?

Следете го линкот за да одговорите:
http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?t=308

Анонимен рече...

Jas slusnav deka Sovet za Radiodifuzija trgnal da go zatvori Telekabel (i uste 12 drugi)


Па не е чудно да пробаат, нашите телевизии постојано плачат, се им пречи.

Анонимен рече...

http://www.mt.com.mk/mak/news_record.asp?newsid=348

Пиво рече...

Тогаш треба и кејблтел да ги затворат:)

пиво рече...

Мислам дека се шпекулации само, не слушнав такво нешто на вести, а и не ми се верува такво нешто да се случи, нема никава основа за такво нешто.

The Smasher рече...

Известувања

Хајка против кабелските

Гледав на вести навистина сакаат да ги подберат кабелските оператори. Работата е окулу одредени нивни канали, затоа ште не ги давале кодирани. На пример порнографските содржини да бидат кодирани и да се плаќа за нивно гледање. На листата што ја видов набрзина ако добро видов беа скоро сите кабелски оператори.

Форум линк:
http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?t=309

The Smasher рече...

Дополнување:

Истотака ги гонат и поради тоа што немале соодветни subtitles, на некои канали па користат на странски јазици (Српски, БГ и сл).

Анонимен рече...

abe seto toa e maslo na mt.net i vladata. ako nema kabelski televizii mt.net ke so novive ponudi ke nema vistinska konkurencija (dokolku on.net ne odgovori so podobra ponuda) i graganite ke nemaat izbor i ke mora da sklucat dogovor za ADSL so mt.net. A za ponudava koga mt.net ke privlece (izlaze) dovolen broj korisnici so ponudava mozno e pak da go smenat dogovorot i mesto 2x da ispadne xxx

daywalker рече...

Се согласувам. Да не заборавиме дека мтшит планира да воведе трипл плеј услуга - телефон, интернет и кабелска. Тоа со јазиците им е најглупаво нешто што постои, нема ама баш никакво оправдување. Зарем само македонски ТВ станици да гледаме? Кој ни е крив што никој нема пари да плаќа за преводите, во Македонија телевизиите и другите плаќаат од 20-50 евра за превод на филм, во странските агенции се плаќа 150 и повеќе евра. Затоа никој не сака да соработува со овдешниве телевизии зашто не можат да ја наплатат преведувачката услуга. Ви сите ексЈУ држави, кабелските даваат што сакаат (освен порно и пеј пер вју услуга).

Ова е тешко срање од Агенцијата, би требало сите да се побуниме против тоа.

Анонимен рече...

sto ima MT.net so kablovskite gledas gi gonat za TV pravata a ne za internet toa e normalno sve e divo nema nikakvi pravila ni otkupeni im se samo pleskaat.....

Анонимен рече...

Ова нема врска со мтнет и трае со години наназад. Нашите телевизии не сакаат конкуренција и се преправаат дека се многу загрижени затоа што нема превод и со тоа сакаат да не вратат во комунизам, да ги гледаме само нив и ништо друго.

Кога некој корисник на кабелска се побунил за превод? Јас не знам германски па не ми пречи што има RTL, кој знае нека гледа. Ако некој не разбира хрватски што сум му јас крив и зошто јас да страдам поради тоа? Тоа е исто како да ти кажат дека не смееш да сурфаш на странски сајтови затоа што нема превод. Идиоти. Во тој совет за радиодифузија никој не се грижи за корисниците, само си гледаат нивни интереси.

Пиво рече...

- НАСКОРО НЕКОЛКУ НОВИТЕТИ ОД ТЕЛЕКАБЕЛ
-ЌЕ БИДЕТЕ ПРИЈАТНО ИЗНЕНАДЕНИ
-СЛЕДЕТО ГО ИНФОКАНАЛОТ
----------------------------
Вака стои на Инфо Каналот на Телекабел, ај баш да видиме какви новитети спремаат,

Нека дадат ФЛЕТ 4048кб/с За инат на сите:)

Анонимен рече...

----------------------
Пиво said...
- НАСКОРО НЕКОЛКУ НОВИТЕТИ ОД ТЕЛЕКАБЕЛ
-ЌЕ БИДЕТЕ ПРИЈАТНО ИЗНЕНАДЕНИ
-СЛЕДЕТО ГО ИНФОКАНАЛОТ
----------------------------
Вака стои на Инфо Каналот на Телекабел, ај баш да видиме какви новитети спремаат,

Нека дадат ФЛЕТ 4048кб/с За инат на сите:)
----------------------------
Abe neka dadat, ama neka dadat i vo Prilep.
A vaka na tie sto im treba kvalitetna usluga se primorani da skluci dogovor so neprijatelot :)

koskar рече...

до анонимецот што ми се обрати:
друже,
мтнет за жал е најјак и најстабилен интернет провајдер у мк. како таков требаше да нуди АДСЛ2/АДСЛ2+ уште охохооо од кога... башка една од коцките вика 2Х поголема брзина... за кои пакети се однесува тоа... за оние јадните стартер? или...?
пошто адсл плус или како више се вика би идел со иста брзина што значи дека 2х брзина и 2х поефтино не важи за овој пакет. сообраќајот би идел со многу повеќе од 2х...
све измешано...
зошто инаку се дигна толкава фама? прво со (намерно) пуштање шпекули од типот „братучед ми знае момак у мтнет на кој му рекле дека од први ќе има „парче“ пакети“. после со тизер билборди без име и презиме. човек да си помисли уау....
„децата“ ионака мкнеа до 30-40 гига. 2 дена на 2мбпс и 28 на 64/64. сега ќе мкнат по 150 гига. 10 дена на 2Мбпс и другото на 64/64, не?

нека дадат пакети какви што се шпекулира, али уште поефтини (адсл 100 да биде 1000-1200). за 1600-1800 нека дадат 100 гига, ама на 8Мбпс или 10...

нека ги врзат јузернејмот на МАЦ адреса или на тел линија, уотевер. И момакот на 080012345 да не ги знае кои се јузер/пас на корисниците. на „заборавените“ може да им се додели генерички пасворд за да можат да си стават нов на прво логирање итн...

а да, муабетот со мал пазар и слични срања не држи пошто е поефтино да се држи (колку-толку) чекор со новите технологии отколку да се заглави со прастара опрема...
мтнет уште нема АДСЛ2/+, a вајт пејперот за него е напишан 2002. сега е 2007 (уште само едно тромесечје остана).ВДСЛ/ВДСЛ2 кога? за 20 години.
ама не - ние одма скокаме: ти дадоа 100 гига што се буниш?
така ништо не праиме.
ја не треба да сум „благодарен“ што мтнет ми дал 100 гига. не ми ги дава џабе, ебате! не треба да имам поданички однос кон нив (или било кон кој друг). они треба да ме привлечат со понуда и ПОДДРШКА за да јас им ги дадам МОИТЕ пари. не со финти и скриени клаузули и еднострани менувања на договорот само затоа што они мислат дека им се може. им се може мај ес! 30-те илјади откажани фиксни претплатници и смената на маркетинг директорот докажуваат дека мт не се богови како кога земаа 2000 марки за двојник линија која се чекаше 5-6 години. умре тоа време! за среќа...
тоа е суштината...
ако мтнет е т-ком онда нека има све исто као у германија...
кај нас има посрање услуги за поише пари со понизок стандард на граѓаните. грижа за корисници НУЛА.
на страна тоа дека 64/64 уште се јавува како капаче по надминат лимит! алоооо?! тоа не е интернет, дури ни за казна... од 2 мега на 64 кила е смешка и безобразлук во најмала рака!

оффтопик, Волан, welcome back, m8 :-).

daywalker рече...

Bravo, Koskar!

koskar рече...

апдејт:
на сајтот на а1 има линк банер со 2х рекламата. ако се направи маус овер дава редирекција кон мтнет. кликањето носи на насловната страна на а1...

али дефинитивно рекламата е на мтнет!!!!

Smasher рече...

Се согласувам со Koskar. Се додека народот не свати дека заслужува повеќе за парите што ги дава ќе биде дерен. Треба да си се цени себеси за да го ценат и другите. А не 100GB wow flat - сватете дека интернетот што е скратен по одредено количество сообраќај или му се става капаче НЕ Е ФЛАТ. И не е ни приближно колку флат. Ако ти е флат 2Mb/s месечно постојано тогаш максимално ќе вадиш 648GB месечно (технички максимум). Значи ако услугата е квалитетна би биле некаде 600ГБ месечно, епа од 100 до максимални ако суфраш БЕЗ престан 150GB кои што МТ ги дава за таа цена има ГОЛЕМА РАЗЛИКА.

За тие пари што МТ ги бара треба барем да дадат флат со брзина од 2Mb/s, тоа е во најмала рака додека да речеме во Америка за тие истите пари, дури и помалку се добива тв со 400 канали, брзина од 20 до 10Mb/s, телефонија и ред други услуги без страмни капачиња или други извртени работи. Немора како во Америка нека ги стават пакетите како нив во Германија што ги даваат, а не вака сега ова што го прават.

Анонимен рече...

до Смашер и Коскар...

ај шо Телекабел ви дава интернет бес пари (пошто да ве плаќа сигурно не ве плаќа) ама да се правите глупави со сила...

на 100 GB на Телекабел на колку ќе бидеш намален? т.е. колку пати ќе ти биде намалена брзината до тогаш?

дали некогаш сте пофалиле нешто во животот? Не? а имате другари? мислам на вистински...

Новата понуда на МТнет е каде-каде најдобра моментално на пазарот. Можеби за месец-два нема да биде. но во моментов е (т.е. ќе биде од 1-ви септември)

Анонимен рече...

sorry за двата коментари, вториот е валиден.

патем јас сум на Моби и не можам да се пожалам, ама дека понудата на МТнет е одлична, е.

Smasher рече...
Авторот го отстрани коментаров.
Smasher рече...

@ Anonymouys

Состојбата со интернетот во Македонија е делеку од добра, понудите се далеку од одлични, затоа и сакаме да ја подобриме (тоа е суштината на постоењето на р-Еволуција), не реков дека понудата од Телекабел е идеална ако примети темата беше за МТ коментирав за МТ.
Обвиненијата што ги кажуваш се сериозни и НЕВИСТИНИТИ, имаш ли докази за нив?
Твојата најголема грешка:
Се мешаш во приветен живот тотално Off Topic, тотално навредливо од твоја страна, ако имаш некој личен проблем со мене лично и ќе го решиме, а тоа нема и нема ни да има никаква врска со р-Еволуција.
Само вистината е кажана ништо повеќе, ништо помалку.

Гледам дека многу си заинтересиран за пријателството па да ти дадам еден пријателски совет не НАВРЕДУВАЈ и не се мешај во приватен живот, како што јас не се мешам во твојот така ни ти во мојот.

Кристијан рече...

@Smasher

па ти си бил лесно навредлив :)

Значи за едно се сложуваме, ситуацијата со интернетот е ужасна во МК. Новата понуда на Мтнет ќе ја подобри ситуацијата (посебно ако твојот сакан Телекабел одговори на понудата).
Инаку на форумот кажа дека понудата на МТ не е како на Телекабел (да не ти вадам цитати). И навистина не е, подобра е.
Иако сум корисник на Телекабел (Моби) сметам дека начинот на нивната работа е шалабајзерски. Со избегнување на плаќање на ДДВ, со 5 вработени и ако продолжи така, нема никаде да стигни.

За навредите...
единствено си во право дека немам доказ дека имате бесплатен интернет. Но побарајте, едноставно кога толку ги браниш, дури и во вакви ситуации, треба да бидеш платен :)

Ако се навреди за паметот и пријателите, извини. Но тоа го мислам уште од моментот кога ја предложи идејата за делење на интернет (да се купи од Телекабел и да се дели на... колку беше? 10-15 луѓе?) Веројатно кога ќе потпорасниш ќе сфатиш колку е бесмислено тоа.

Р-еволуција ниту можела, ниту ќе можи нешто да промени. Но е интересно место каде што можат да се видат интересни идеи и мислења. Но да промени нешто... јок!

и на крај, ги напишав овие коментари поради тоа што преку таквото ми е од неспособни мрчала кои не ги бива за ништо освен за јадење бурек и кои сметаат дека се многу паметни ако критикуваат се и сешто.

Новата понуда на МТнет е голем чекор напред во ширењето на интернет пенетрацијата во македонија. Тоа е битно. Дали ќе дојди од МТ или од Телекабел или од Он нет е најмалку битно. Ако тоа не можиш да го сфатиш, не можам да ти помогнам...

PS ти се потпишав да не речиш после анонимус-ова-она :)

Анонимен рече...

Еј дечки не се карајте, ова го имаме пројдено веќе, не води кон ништо добро.

Можеме да дискутираме и без кавги.

koskar рече...

@кристијан,
јас земав адсл кога беше 384/64 за 3 илјади. кога отидов да потпишам договор у гтц (да, да у гтц таму кај што сега се даваат некролози за дневник) тетката ме праша: договор за што? па се јавуваше да види што е тоа адсл...
после пола година потпишав договор на 2 години и мтнет ми го учука до крај без вазелин!
прво се испедерчи со лимитите (кога потпишав на 2 год, тетката викаше каков лимит какви бакрачи).
после без да ме обавести ми ја качи претплата на исдн (да и тоа имав).
после ми наплати (без да ми каже) пари за преселба на адсл-от и го правдаше тоа со дневници и работа на екипата (во ставрност дојдоа 3 клапсомуни, видоа дека опремата е инсталирана и си отидоа).
кога го откажава исдн-от ми го смени бројот и ме убедуваше дека технички е неможно исдн број да се користи на потс линија!?
бев и на оннет и го раскинав договорот (без пенали) поради нивно непочитување на овврските)
сега сум на телекабел, да. без обврски, без блесави капачиња...
може да биде подобро, знае да сецка али не треба да се вадам од гомна или да плаќам пенали ако утре се појави друг подобар провајдер или ако телекабел стане неподнослив. таа погодност не се плаќа со ниедни пари...
јас инаку прв пат го спомињам телекабел и никаде не изразив љубов кон мојот „сакан телекабел“. ти исто така неможеш да знаеш дали ја плаќам или не, затоа воздржи се од такви паушални етикети, ок?
ако баш мораш да знаеш, не сум добил ни 1 бит без пари од никого.

ако сакаш да дискутираме ок... ако сакаш да плукаш, јас едноставно ќе ти ги бришам коментарите...

да ја повторам суштината:
100 гига со 2Мбпс за 1600 денари за една година е пичкин дим и ти го знаеш тоа! можеби е (ќе биде најјако) ама не е револуционерно и е далеку под потенцијалите и можностите на мтнет. тоа таму не го гледаат затоа и им се случуваат разни откажувања како на фиксни така на адсл претплати.
башка што ебате провајдерот ако, како што викаш ти, го (пре)стигнат за месец-два. пази, мтнет е најголем со најјак грб, а до вчера имаше (пардон сеуште има) подобри понуди од страна на конкуренцијата. (конкуренција која дел од својот интернет зема од мтнет!?)
гледаш каде е заебот?
мтнет треба тие малите стартер пакети да ги нуди за уште помалку пари а дајал ап-от беспари!
поголем обрт со пониски цени значи поголема заработувачка; економски модел комплетно непознат во оваа земја...
али, вауу човече 100 гига!!!!!

koskar рече...

за мрчењето:
луѓето овде и на форумот советуваа како да се раскине договорот на мтнет без пенали (легално)
луѓето овде и на форумот советуваа како да се откачи оннет без пенали (легално)
луѓето овде и на форумот предупредуваат за евентуалните замки од провајдерите.
луѓето овде и на форумот разменуваат искуства. овде и на форумот може да се види кој се заебал и со кој провајдер...
а кристијан и нему сличните само етикетираат без ронка аргумент.
веројатно и такви луѓе треба да има, за да знаеме како не треба да се однесуваме...

Анонимен рече...

До анонимусот со два поста:

Не знам дали навистина си Кристијан или не, ама едно е сигурно: ти работиш во МтЊет.

Според неписменоста, се гледа дека си дојден од провинција, а според запаленоста и неаргументираноста - дека си дете.

Според тоа, очигледно е дека си неуспешен и исфрустриран човек што дошол во Скопје полн со надеж, а завршил на централа одговарајќи на прашања на кои ни самиот не им го знае одговорот.

Прашањето е зошто толку ги фалиш своите експлоататори? Според нивниот досегашен track record, екстремно се наклонети кон скржавост, па не верувам дека ти фрлаат некоја коска. Многу поверојатно е дека си еден од оние вработени што крадат пасворди (не дај боже да си на телефонија), па сакаш да се одржи сегашната status quo состојба.

Уште нешто, психолозите многу често велат дека тој што обвинува и бара закачки на слепо, најчесто потсвесно ги истакнува своите недостатоци. Значи, каде ти беа пријателите?

Сево ова покажува колку се бесмислени личните навреди и колку е лесно да се дојде до погрешни заклучоци.

Без лутење, друже, nothing personal. :)

Еден друг anonymous

Smasher рече...

@ Кристијан

1. Секоја навреда е навредa. (пак идеш на лично ниво - немa врска со р-Еволуција)
2. Јас сум корисник на Телекабел ништо повеќе ништо помалку плаќам за се што сум потрошил исто како што сите плаќаат.
3. Окулу делењето интернет и доброволните мрежи, имам објаснето што како (исто и ова ти е off topic), а можеби сум и постар од тебе доколку тоа те интересира. (пак идеш на лично ниво - немa врска со р-Еволуција)
4. р-Еволуција помогнала и ќе продолжи да помага на народот (и тука не си во право со твоите постулати дека е безвредна).
5. Велиш дека преку таквото ти е од неспособни мрчатори кои што неможат ништо да сторат освен да јадат бурек - значи сакаш да кажеш дека преку глава ти е од самиот себе (не правиш ништо друго освен што се караш и мрчиш), ако имаш проблем иди реши си го на друго место.

Ти дадов совет не сакаш да го почитуваш (пак твој проблем) и пак ги зборуваш истите работи (некултурни навреди, невистинити обвиненија) - повеќе нема трошам букви на тебе - Koskar те реши за навек.

малиот рече...

Јас навистина не знам зошто се замарате со објаснувања на вакви дебилни провокаторчиња-анонимуси. Бриши му го постот и кој го ***.
Немам ја намера да читам километарски постови како дотичното полтрноче му го лиже газот на својот шеф.

Сепак треба и него да го сватите, се гледа дека си е шпиунче со тапија, па мора и они некако да ја оправдаат мрсната плата која ја земаат.

"гутен моргене хер шефе еве види колку те исфалив на форумов, ма ние сме најбољи"

Проблемот со МТ нет е што се толку улегани и навиканти на својата монополска позиција што воопшто не им чуе за потребите н акорицниците. А од друга страна т.н. конкуренција е сеуште на аматерско ниво за да може да им наштети посериозно.

Се додека не им ги укинат сегашните договри кои ги потпишале со државата и не се воведат нои лиценци ништо нема да се смени.

Јас се надевам дека новиве WIMAX провајдери ќе имаат шнаса нешто да променат, инаку ќе си останеме без flat интернет по астрономски цени.

Анонимен рече...

Голема паника на р-еволуција. МТНет даде подобра понуда. :))))

Кристијан рече...

:)))

секогаш кога некој ќе ги брани понудите на МТнет - мора да е шпиун :)))

паранојата е лоша работа, всушност може и да се лечи ;)

Р-еволуција е токму за тоа, мислења и идеи. А дека има сила да промени нешто (значи интернет пенетрација или зголемување на интернет култура) нема сила. Но и вака не е лошо, се додека сте свесни до кај ви е чергата.

@Малиот
па не читај. Ако толку ти е ќеф, оди разнеси во некоја од зградите на МТ. Знаеш каде се. Можеби и ќе ме погодиш :))))

@Коскар
јас сфаќам дека МТ ти го начукал на времето, па сега го плукаш во секоја прилика. Да бев на твоја позиција можеби и јас ќе се однесував така. Сепак новите понуди се и повеќе од ОК. Револуционерни?! А од каде па таква идеја. Имаше прес конференција на која МТнет најави револуционерни пакети? Тоа беше која се крена тука. Значи мене ќе ми биде мило другите интернет провајдери да понудат подобри понуди. Малку ако видиш низ светот, секаде АДСЛ-от е најскап. Значи не ги бранам, но ова е голем чекор напред за интернетот во Македонија.
100GB за 1600 денари со 2Mbps е далеку од пичкин дим и ти го знаеш тоа, можеби не е револуционерно, ама е топ понуда. Твое право е дали ќе ја земеш или не

@Смашер
Колку што знам си некаде 18-19 години. Има потенцијал во тебе, но сега засега го немаш потребното знаење, што не значи дека нема да го стекниш. Но ако продолжиш да лупаш, ќе бидеш не-паметен ;)

@Anonimus (мај фејворит :) )
ако некој напиши добар збор два за МТнет - одма работи во МТнет. Па дури и провинцијалец сум бил кој работи на телефонска централа (веројатно мислиш на 0800 12345, ама ај толку ти сечи). Според мене Скопје е далеку поголема провинција од Битола, ама за потребите на анонимусот ќе земиме дека сум провинцијалец (тука погоди - што и не беше тешко со оглед на тоа што кажав дека сум на моби). А дали сум неуспешен или не, ќе оставам на твојата фантазија, нема смисла да се фалам ;)

Анонимен рече...

@Кристијан

По природа сум пацифист, ама за говеда како тебе радо би дигнал нешто во воздух.

Искрено жал ми е за оние изгубени теткици по шателирне и канцелариине (или више ги нема после серијата на отпуштања од страна на сирмашниот МТШит, јеби га слаба година само 200-300 милиона евра профит), ама лигуши како тебе со задоволство би ги прпуштил низ раце.

Незнам дали се сќаваш пред некоја година експлодира еден контејнер пред ваша зграда и сите се усравте како педерчиња.

Можеби историјата ќе се повтори, сигурно има голем број на незадоволни поранешни вработени МТ, а за нас корисницирте и да не праиме моабет.

Кристијан рече...

@anonimus

изгледа тешко ти е да сфатиш дека не работам во МТнет. Не сум ни нивни корисник (што админите сигурно веќе го имаат проверено). Така да сакаш разнеси нешто, сакаш самиот разнеси се, твоја работа...

Само за разлика од тебе, не сум полн со омраза кон никој. Ако некоја понуда е добра и ќе помогни во ширењето на интернетот во Македонија, тогаш треба да се поздрави. Ако ти имаш нерасчистени сметки со МТнет, немој да станиш нивни корисник, ама не ги маткај луѓето како не чинеле понудите

кога ќе размислам подобро, најдобро е да се разнесиш сам на некое асфалтирано игралиште. Ем добро за нацијата, ем нема да предизвикаш шумски пожар (затоа на асфалтирано)

Анонимен рече...

Што сакате кажете ,ама новите понуди се закон!

Анонимен рече...

и точка .

Анонимен рече...

ti se ponudi vujko mi mi kaza ova ona ADSL kuti uste moze nema nisto da bide so novite paketi .takada zakon nezakon nisto ne se znae...

Анонимен рече...

И наградата за vapourware оваа година на Мајкрософт му беше одземена од МТ! :)

Сериозно, ако се вистина овие цени, тогаш МТ се позиционира себеси повторно на врвот. Ретко кој провајдер ќе може да понуди подеднакво стабилен и евтин интернет.

Не знам но на пр. најмалиот пакет сега ептен одговара на 90% од домашните корисници кои сакаат да пазат на буџетот но и да добијат добра услуга.

Од друга страна, најголемиот пакет е апсолутно невиден во МК и ретко кој ќе може да му конкурира со квалитет.

Смешни ми се пресметките во стилот може 600 гига а не 200... Кој нереализиран тинејџер сеуште се понаша така??? И што ќе ти се бе тие јаки торенти кога имаш многу подобри понуди за многу пониска цена (читај сателитска)

Анонимен рече...

@koskar @smasher @maliot (од друг анонимец :))...

убаво ви кажав... нит се водите, нит се терате...

еве зошто:

1. Дали досега плачевме дека цените (особено на мт) се високи? - ги намалија;

2. Дали досега плачевме дека лимитите се срање (особено на мт)? - ги покачија;

3. Дали досега плачевме дека брзините се слаби (особено на мт)? - е тука нема баш поместување... можеле подобро.


ПРАШАЊА: Дали понудите им се подобрени, или не? Дали во моментов се подобри од другите (да, дури и од вашите омилени ТВкабел), или не? Дали мрчите дека станува збор за телеком, или дека сте вистински револуционери?

Не филозофирам и не критикувам неправедно... Има ново портфолио (кој успеа да свати, успеа... на другите ќе треба пешки да им се објаснува...) со далеку ПОДОБРИ (можда не револуционерни) УСЛОВИ

Ако баравме, нешто добивме... можеби стварно не е револуционерно, но сепак... каде се вашите пријатели (ТВкабел)? чекаат мт да смени нешто па и тие да ви сменат?! тоа ли е добрата политика... ако ве сакаа колку што вие ги сакате тогаш и ќе имаше нешто атрактивно од нив пред да почне мт (некаде беше спомнато дека законски мт морале да ги известат конкурентите дека ќе ги менуваат цените месец дена порано - или слично - значи знаеле но сепак чекаат да видат што мт ќе даде па оди да одат малку пониско и малку побрзо...).

значи, јас (за разлика од вас) сум да се поздрави потегот на мт (кој земе, земе - кој мигрира, мигрира -а кој чека боља понуда, нека чека)а конкурентите им нивни нека понудат нешто боље...

не ви држи муабетот дека Флат е Флат и дека требало (пази молим те) 600ГБ и тоа СУРФАЊЕ... пријателе... никаде не е спомнато ФЛАТ туку вие тоа го смисливте... тоа што ти си ПИРАТ и што симнуваш фајлови а не сурфер што го сурфа нетот со 600ГБ месечно ... па вас ДУРИ и во САД би ви ставиле лимит :):):)....

а еве и знам што реакции од вас можам да добијам... "вработен во мт, слуга, чирак, анонимус (наспроти вашите транспарентни nick-ови)" и слично, како и повторените муабети за АДСЛ2 и бла бла бла... веројатно ќе има и такви со желби да "им пројдам низ прсти", "да ме стават во контејнерот спроти мт и да ми фрлат бомба" и слично, ама секогаш ќе има такви револуционери... е тие моабети се УАУ, а не новите пакети...

факт е факт, а млатење празен муабет е млатење празен муабет...

ПС. тоа теткиците од шалтерите 3 години ги зборите по форумов... ама никој не примети дека сега по многу продавници (барем во Рамстор и Алмако) има смена на персонал и сега има доста помлади "теткици"... прошетајте, видете, па зборете... тоа траумата со лимитот (што ради такви ко вас - сурфери со 600ГБ месечно - и ни го воведоа) усште ве држи... тоа е во ред, но немојте да мрчите без да имате аргументи...

ај сеа чао! петок е.. денес немам намера да СУРФАМ 20ГБ (нели 600гб/30ден=20гб) - цепки сте... сите ве сакам!!!

Smasher рече...

@ Кристијан

@Смашер
Колку што знам си некаде 18-19 години. Има потенцијал во тебе, но сега засега го немаш потребното знаење, што не значи дека нема да го стекниш. Но ако продолжиш да лупаш, ќе бидеш не-паметен ;)

Грешка. Сосема не си во право, ама ако. Ти биди дезинформиран во врска со мене, јас сум ок со тоа. :)

За другиот коментар:

Работава е да воведеме подобар интернет, а не да се радуваме и да им се поклонуваме на секој бит што ќе ни го дадат за нереална цена. Телекабел прв го воведе неврзувачкиот договор и поприфатливите цени, во тоа е прв ти текнува?
За тоа што како симнувам, да не те интересира, затоа што само сообраќајот се мери, а не е битно што си симнал туку колку си симнал.
Еве за твоја информација полиценциран сум од тебе и од твоето постоење. :)
Лимитот е воведен поради политиката на МТ - поголема цена понеквалитетна услуга.

Епа арно велиш петок е ај на корзо. :)

PS: Последна опомена да престанеш да ја гушиш р-Еволуција со твоите лично ориентирани постови. Личните проблеми се решаваат само лично, ако не си кукавица.

@ Овој Анонимус за нереализираниот тинејџер

Не си во право работата е да ја направиме подобра интернет состојбата во Македонија, не е да им се поклонуваме за тоа што пуштиле капка од изворот за неправилна сума пари.

Финтата е да биде подобро за сите секој што се буни ПРОТИВ подобра иднина за сите нас треба навистина да провери дали размислува правилно со здрав ум и разум.

Анонимен рече...

Абе луѓе, никако да сфатите. Никој не вика дека 100гб се многу малку, ама сакам да симнувам што сакам и колку сакам, без да морам постојано да мислам до каде сум со лимитот.

Smasher рече...

Така е.

koskar рече...

ај да ја затвориме темата...
гледам почнавте со кој бил каков и чиј шпиун, а тоа не ми се свиѓа.
за крај:
мтнет Е најјак провајдер. тоа е толку јасно што воопшто не треба да се дискутира. ама пошто има луѓе што упорно го докажуваат очигледното, човек треба да се запраша зошто...
ако пак тие луѓе не работат таму - уште пострашно и попатетично.
200 пати кажав дека не се работи за 100те гига. браво за тоа (под услов да е вистина).
нека излезат новите пакети, ќе си отвориме нова тема и ќе мрчиме, напаѓаме и браниме ОК?
се читаме по објава на новите пакети

Анонимен рече...

Ај некој нека си провери во АДСЛ статистика што ви пишува, како пакет.

На еден пријател му пишува дека сега е на MAX ADSL Flat rate.

koskar рече...

Anonymous said...

Ај некој нека си провери во АДСЛ статистика што ви пишува, како пакет.

На еден пријател му пишува дека сега е на MAX ADSL Flat rate.

не го избришав постов, мада ми се преку глава вакви постови...

како прво: нели мора да се мигрира од постоечките пакети?
како второ: дајте скриншот (не фотошопиран) каде што пишува дека е флат...
јебеш ти пријател на пријателот....
не викам дека е невистина, али дајте доказ. башка што флат не се спомињаше..

Анонимен рече...

Абе реков дали и кај друг е така, што има врска не сакам никого да уверувам.

Анонимен рече...

koskar said...
Anonymous said...

Ај некој нека си провери во АДСЛ статистика што ви пишува, како пакет.

На еден пријател му пишува дека сега е на MAX ADSL Flat rate.
не го избришав постов, мада ми се преку глава вакви постови...

како прво: нели мора да се мигрира од постоечките пакети?
како второ: дајте скриншот (не фотошопиран) каде што пишува дека е флат...
јебеш ти пријател на пријателот....
не викам дека е невистина, али дајте доказ. башка што флат не се спомињаше..
-----------------------------
jas sum toj prijatelot na prijatelot...i nema da vleguvam vo diskusii so tebe i so bilo koj drug...samo me interesira dali ima promena i kaj drugi korisnici na ADSL...zatoa eve ti copy/paste, a za photoshopirana slika - nema kade da ja hostiram, a i ne sakam.
inaku sum na daleku procueniot paket 4GB :(

Активен пакет Max/ADSL Flat rate заклучно од 14.12.2005 12:12:53:
Active package Max/ADSL Flat rate from 14.12.2005 12:12:53:

Остварен ADSL сообраќај за корисничкото име XXXXXX заклучно со 31.08.2007 20:54:22:
Realized ADSL traffic for username XXXXXX through 31.08.2007 20:54:22:

Вкупно сообраќај (upload + download):
Total traffic (upload + download): 7304,3 MB

Максималното време на ажурирање на податоците е 2 часа.
Maximum time for data updating is 2 hours.

pozdrav do site revolucioneri

Анонимен рече...

Еве скриншот. Само го покрив мојот username.

http://www.mediafire.com/imageview.php?quickkey=7p1w89engzm&thumb=4

koskar рече...

анонимци,
ве молам да не скокате и да се однесувате како некој да ве напаѓа, ОК?

целата работа е да се утврди вистината и да се одбегнат „педерски“ клаузули и договори. АМАН ВИШЕ!
затоа и постои блогов. (можеби не беше креиран со таква цел ама прерасна во таков).
сарказми од типот поздрав до револуционерите се непотребни и непожелни. никој не е приморан да чита и да постира. ако не ви одговара, ајт. нетот е огромен, нели?
и кој е тој што има адсл флат од 2005 година? така бар пишува во копи/пејстот... или од тогаш е адслот на кој до денес пишувало 4гига а сега пишува флат?
дајте малце појаснување.
не коментари од типот, мене ме боли кур, кај мене така пишува...


иначе јас ќе копи/пејстам било каков текст од ноутпед, рецимо...

пред да ме нападнете, НЕ викам дека е лага, само дајте докази.
и уште еднаш; НЕЛИ ТРЕБАШЕ ДА СЕ МИГРИРА од постоечките пакети со барање, НЕ автоматски?

Анонимен рече...

koskar said...
анонимци,
ве молам да не скокате и да се однесувате како некој да ве напаѓа, ОК? .....

Tocno e deka me iritira so toa "јебеш ти пријател на пријателот...." a drugo nisto ne e tocno.
Toa "поздрав до револуционерите" bese najdobronamerno, vasiot blog go posetuvam recisi sekoj den i mu se raduvam na sekoj nov post ili komentar. Znaci go cenam toa sto go pravite i naj iskreno sakav da ja pozdravam celata ekipa...

a za toa "Активен пакет Max/ADSL Flat rate заклучно од 14.12.2005", tocno e deka na 14.12.2005 go skluciv dogovorot na 2 godini, i prvpat vecerva go primetiv toa Flat rate, zatoa i postaviv prasanje na blogov...

koskar рече...

ај сега полека....

момакот што е на 4 гига а направил 7 и има флет рејт:
до вчера што ти пишуваше како активен пакет?
дали те спуштија на 64/64 па те вратија на старо по објавувањето на флет рејтот?
кој ќе биде тој пакет и по која цена? тој што беше 4, сега е флет за 1600мкд?
која ти е брзината 1.5 или 2 Мбпс?
ај да го дефинираме како ќе иде флат пакетот:
1600 мкд, 1.5 (2.0)Мбпс, флет рејт?

до момакот со 10 гига трафик и скриншот:
на кој пакет си?
со која брзина?
дали ти се врати старата брзина вечерва...
истите прашања како и за првиот?

ова не е испрашување, јас ве молам да споделите со останатите, бидејќи ако е вистина сите други провајдери ќе рикнат, оннет прв!
ако е вистина, јас прв, уште утре ќе земам 2Мбпс со ФЛЕТ РЕЈТ за 1600 денари.

Kicevo рече...

Сега проверив и кај мене е сменето, пишува:

Plus NS/ADSL Flat rate

Анонимен рече...

Како што се гледа на мојот скриншот датумот е од 13.04.2007. Незнам што сакаат да кажат со ова ама тоа е датумот кога мигрирав на Адсл Плус и фактички го продужив стариот договор.

Анонимен рече...

http://img66.imageshack.us/
my.php?image=adslij7.jpg

ova e moje prvpat sea vidov posto citav sea na blogov na 10gb sum ali pak e spor intermecot a pise FLAT rate neznam dali bilo predtoa taka...

Kicevo рече...

И кај мене стои датумот од кога го направив последниот договор во месец мај. Веројатно промените со тоа Flat rate ќе почнат од утре или поточно вечерва после 00:00 часот бидејќи во моментов се уште важат "старите правила". Не е далеку, за неколку часа ќе видиме што ќе биде. Битно кај мене сега на статистика стои:

Plus NS/ADSL Flat rate

што најверојатно значи дека сум префрлен на пакетот од 100 гига. Но, не знам како ќе биде со договорите? Јас пред неколку месеци го склучив договорот мигрирајќи во друг пакет на две години, а сега мислам дека договорите ќе бидат на една година.

10ГБ скриншот рече...

Ај да пробам да одоговорам.
Ја сум на Адсл Макс Плус 10ГБ со 2048 даун.
Денес имаше подолг прекин вероватно работеа нешто, и денес првпат се појави ова флат рејт кога проверив после прекинот.Пошто го надминав лимитот пред 2 дена спуштен сум на 64 и денов уште не е завршен така да незнам дали ќе имам нова брзина или ќе биде истата.Коа ќе ми се врати брзината ќе пишам овде колкава е. Инаку брзината до сега ми се движела од 1800 до 1900. Е сеа за цените појма неам бидејќи уште никој не знае и неможе да ти одоговри. Ок, мислам дека тоа беше, ако имаш други прашања слободно прашај.

Анонимен рече...

Jas sum toj sto napravi 7 GB i sum momentalno na 64/64, toa Flat rate verojatno znaci deka se pripremaat za promenite od 1-vi septemvri. vo sekoj slucaj ke se javam so post posle 12:00, znaci za 1,5 cas ako ima nekoja promena vo brzinata ( od 1.5 na 2 Mbps )

koskar рече...

ќе постирам нова тема....

Анонимен рече...

aj sto cekas.. aj i tie sto imaat adsl neka se javat na 080012345 da vidat sto e toa FLAT rate sto pisuva pa neka kaze sto e rabotrabva...

koskar рече...

има нова тема.....
релоад наслованата, плиз :-)

Анонимен рече...

reloaded :)

edvaj cekam 00:00h