26 септември, 2007

По дождот...

Веќе некое време се зборува за CableTel со неговите нови понуди кои што скоро беа објавени на нивниот сајт.

„Extra“
Трансфер: 2GB
Брзина: 1536Kb/s download 512Kb/s upload
Цена: 450ден

„Home“
Трансфер: 10GB
Брзина: 2048Kb/s download 512Kb/s upload
Цена: 950ден

„Профи“
Трансфер: неограничен
Брзина: 4096Kb/s download 512Kb/s upload
Цена: 1450ден

„Профи за правни лица“
Трансфер: неограничен
Брзина: 4096Kb/s download 512Kb/s upload
Додатно: ТВ приклучок
Цена: 1800ден

Во понудите не е наведено што по тие 2 или 10GB, дали ќе се намали брзина, ќе нема услуга или ќе се наплаќа дополнително, исто така не е наведено дали има намалување на брзината во „неограничениот“ пакет.
Тие се напишани такви какви што се дадени од страна на провајдерот, сеуште постојат жалби од страна на корисниците за блокирање на порти, нестабилност на мрежата во одредени реони (паѓање, мала брзина), исто така оние кои што веќе имале договор склучен за некој од претходните пакети (имаше а и најверојатно уште има годишни договори) велат дека неможат да мигрираат на некој од новите. Сепак треба да се земе во предвид дека се во фаза на средување на мрежата (најверојатно...), без брзање без обврзувачки договори, ќе видиме што како ќе биде.

Патем, скоро помина месецов. Некои се префрлија, некои си останаа на своите стари ISP-а, а некои и воопшто не користат интернет - кој како можел/сакал. Видовме како се покажаа провајдерите со нивните пакети. Дали и колку сте задоволни од септемвриските измени? Мислите ли дека заслужувате повеќе за Вaшите пари? Да бидеме реални:

Колку fair usage е fair кај нас?

Линк до анкетата

20 септември, 2007

Понуди и GPRS Интернет со ВИП

1MB=70.8 денари со вклучен ДДВ

Ова го пишува во нивната „Промотивна Припејд Тарифа“. Од најпрво кажаното сега почнуваат да наsираат и други нешто повисоки цени на разговорите во текот на денот („Основен Кориснички Пакет“) додека ноќе цените се нешто пониски. Убедливо ВИП со цената на GPRS-от која што ја нуди овде е интернет провајдер (штом продава услуга интернет) со највисоки цени во Македонија а најверојатно и во светот.

Чисто промотивно ако станете нивен корисник до 21 октомври ќе бидете на пакетот со:

Повици кон сите национални мрежи: 9.09ден со вклучен ДДВ

SMS (ден./порака): 4.72ден со вклучен ДДВ

MMS (ден./порака): 17.7ден со вклучен ДДВ

GPRS (ден./MB): 70.8ден со вклучен ДДВ

Во спротивно ќе бидете префрлени на поинкаво тарифирање, такво какво што ќе биде определено за тогаш кога ќе станете нивен корисник. Дали понудиве се толку извонредно конкутентни и евтини?...

13 септември, 2007

ВИП

Мобилком Австрија влезе на Македонскиот пазар во февруари годинава, приложувајки најдобра понуда на тендерот. Во понудата условот беше дека компанијата мора да има најмалку 2 милиони корисници и годишен приход од најмалку 300 милиони евра за 2004 и 2005 година. Операторот ќе се вика „ВИП“, за него Мобилком ветија дека цените во нормална тарифа ќе бидат намалени за 50% (од сегашните 928,8 денари цена на просечен кориснички пакет ќе се намали на 473 денари) , а во ниска тарифа за 67% (од 675 денари на 232,5 денари). Мобилком беше обврзан да даде писмена изјава дека ќе почне со работа во рок од 6 месеци по добивањето на дозвола за користење на радиофрекфенциите и исто така дека ќе обезбеди 90% покриеност со сигнал на населението во рок од 4 години.
Објавено е дека се вработени окулу 100 домашни експерти во македонската филијала, за дозвола за работа во времетраење од 10 години однапред се платени 10 милиони евра а таа дозвола автоматски би се продолжила и по тие 10 години за плус наредни 10. Мобилком исто така тврдат дека планираат да инвестираат 50 милиони евра во наредниот период.
Доколку не се држи по правилата неговата лиценца за работа може да биде одземена.

ВИП на почеток ќе работи користејќи ја инфраструктурата на Т-Мобиле Македонија преку национален роаминг, а потоа би требало да постави свои пристапни точки.

Новиот оператор сеуште ги нема соопштено цените, не се знае дали ќе нудат интернет и не се знае со сигурност кои ќе бидат пакетите. Во Скопје - Центар е пуштена пробна мрежа (MKD-03) која што моментално е во фаза на тестирање. Според најавеното би требало да почне со работа по 20-ти Септември оваа година. Префиксите кои што ќе ги користи овој оператор ќе бидат 077 и 078.

Мобилком исто така функционира во Австрија, Србија, Хрватска, Словенија, Лихтенштајн и Бугарија. Цените овде, во Македонија според она што е веќе кажано нема да бидат како на пример во Србија - постои само една тарифа 4 денари минута кон сите мрежи во земјата, или пак во Хрватска 7 денари минута кон сите мрежи во земјата.

Во меѓувреме кружат гласини дека можеби за скоро време ќе биде распишан нов тендер за четврт мобилен оператор.

Edit 19-09-2007:
Денес (19.09.2007) „ВИП“ почна со работа.
Нивната единствена понуда е објавена на нивниот сајт цитирам:
„...за 7,7 денари (9,09 денари со вклучен ДДВ) кон сите мрежи... ...корисниците плаќаат 200 денари за СИМ картичката... добиваат СИМ со 200 денари кредит за разговори)...“
Edit 20-09-2007:
GPRS интернет: 1MB=71ден

07 септември, 2007

Септемвриско есапење - споредба на интернет пакети


Значи дојде септември и веќе имаме придвижување кон подобро со новите интернет пакети на Телекабел, Мт-нет и Он.нет. Споредбата се прави врз основа на она "видено-купено" бидејќи сеуште нема некои искуства со било кој од пакетиве и сеуште се само на "хартија" видени. За споредба се земени најјаките пакети за физички лица од секој провајдер.

Во овој пост ќе се обидам да им дадам можност на оние што размислуваат да си стават интернет дома кој интернет сервис провајдер да го одберат, сакаат да се префрлат на друг поради подобра понуда или сакаат да се префрлат на друг интернет пакет во истото ISP на кое се сега.

Напомена: Технички, сите пакети нудат неограничен интернет во однос на тоа колку може да се симне... нема одредена граница после која провајдерите ја исклучуваат целосно конекцијата до наредниот месец.

Прво ќе објаснам за Телекабел бидејќи тие имаат еден универзален пакет.

Телекабел:

  • БРЗИНА: 4096/512 Kb до 3 GB, 2048/512 Kb до 6 GB, 1024/256 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: нема временски ограничен договор
  • ОПРЕМА: кабелски модем Motorola Surfboard (4200E/5100Е/5101E), купен или од ТК (1000/3000 ден.) или од друго место
  • СИГУРНОСТ: далеку поголема сигурност од останатите - нема username/password (нема можност за крадење интернет)
  • ПОДДРШКА: Форумот е запуштен, телефонски број за техничка поддршка не забележав на сајтот а откако го објавив постот ми беше даден 2446-288 и инфоормација дека секогаш дигаат и скоро секогаш помагаат.
  • ЦЕНА: 1500 ден./месечно
  • ОСТАНАТО: статична адреса; upload не се брои (одлично за торенти)

МТ-Нет:

  • БРЗИНА: 2048/256 Kb до 100 GB, 64/64 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: една година или на неопределено време
  • ОПРЕМА: DSL модем од МТ (1800 ден.) или од друго место
  • СИГУРНОСТ: username/password, голема можност за крадење на интернет од страна на останати корисници
  • ПОДДРШКА: На бесплатниот 0800 12345. Професионална и услужлива.
  • ЦЕНА: 1887 ден./месечно за неопределено време, 1651 ден./месечно за една година
  • ОСТАНАТО: динамична адреса (одлично за шеринг сајтови како Rapidshare)
ОнНет:

  • БРЗИНА: 2048/256 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: една година
  • ОПРЕМА: бесплатен DSL модем од ОнНет или од друго место
  • СИГУРНОСТ: username/password, голема можност за крадење на интернет од страна на останати корисници
  • ПОДДРШКА: Online, иако многу тешко дека ќе ги начекате да се online. Yahoo! IM/MSN/ICQ/VIP, и тука многу ретко можете да ги начеката. Трета можност ви е на 02/309 99 99. Непрофесионална и некорисна според мое лично едногодишно искуство. Слаба точка во нивната фирма се само вработените. А да, и по форуми и блогови можете да ги начекате често, сурфаат додека се на работа, па ако сте среќници ќе ви одговорат ако имате некој проблем.
  • ЦЕНА: 1758 ден./месечно
  • ОСТАНАТО: динамична адреса (одлично за шеринг сајтови како Rapidshare); доплаќање 106 ден./1 GB над 100 GB (нема намалување на брзина)

Ај сега малку математика.. ако се земат максималните теоретски брзини, под претпоставка дека има пуштено download 24/7 и врската не паѓа ниту една секунда (за ТК не се смета upload во лимитите, ама тука е земен):

Роби (Телекабел, Теленет, МОБИ..):

  • Вкупен максимален теоретски проток: 4608 Kb (576 KB/s), 2304 Kb (288 KB/s), 1280 Kb (160 KB/s)
  • Трошење на лимитот: (3 GB/6 GB) со соодветната брзина за: 1.5 h/3 h
  • Максимален теоретски трансфер во остатокот од месецот: 392 GB
  • Максимален вкупен месечен трансфер: 398 GB
  • Цена: 1500 ден.

МТ-Нет:

  • Вкупен максимален теоретски проток: 2304 Kb (288 KB/s), 128 Kb (16 KB/s)
  • Трошење на лимитот (100 GB) со соодветната брзина за: 101 h
  • Максимален теоретски трансфер во остатокот од месецот: 34 GB
  • Максимален вкупен месечен трансфер: 134 GB
  • Цена: 1887 ден./месечно за неопределено време, 1651 ден./месечно за една година

ОнНет:

  • Вкупен максимален теоретски проток: 2304 Kb (288KB/s)
  • Трошење на лимитот (101 GB) со соодветната брзина за: 102 h
  • Максимален теоретски трансфер во остатокот од месецот: 610 GB
  • Максимален вкупен месечен трансфер: 711 GB
  • Цена: 1758 ден. + 64660 ден. доплаќање за останатите 610GB

Да повторам уште еднаш - ова е ако се остави компјутерот уклучен 24/7 и конекцијата се искористува до последниот бит цело тоа време. Вредностите погоре се само теоретски и се разликуваат од практичните вредности (дали многу или малку зависи од провајдерот).

Последна напомена: Деловите во италик се мои (Princ, ако сака некој да ме тепа знае кај живеам) додека се останато е напишано од P. Overdrive, член на форумот Кајгана.

*Да ми простите што тек сега ставам илустрација, ама но.нет во понеделникот ми го избришале јузерот за WADSL кое нивната техничка поддршка ми го оправда како "технички проблем". Мене од друга страна, кур ме боли за нивните технички проблеми. Доста ме болеше цели 10 месеци, no more. Ако сакаат да ме избришат од нивни тефтер, нека го направат тоа веќе. Сега веќе и јас сакам.

Анета, ако ме читаш (а не се сомневам во тоа), имам една порака до тебе: Спакувај ми ги куферите, сакам да се разведиме!*

04 септември, 2007

И Оннет со нова понуда!!!


Тргна работава, што би се рекло...
Инаку понудата е ОК и се работи за АДСЛ (жица). Кој ќе склучи договор добива опрема на користење беспари и нема никакви трошоци за инсталација. Значи опремата НЕ се купува и НЕ се рента. Финтата со 1 денар до нова година е „шизичка“.

ЕДИТ: Бидејќи целот пост беше погрешно протолкуван, го избришав спорниот дел и сите коментари.

ЕДИТ2: Дали некој знае од коге ќе се почне со оваа понуда и дали ќе им се понуди некаков попуст на постоечките WADSL корисници? Ги контактирал ли некој? Претпоставувам дека меѓу „бежичните“ корисници има многу со исклучена фиксна линија. Понудата за WADSL се базираше на премисата дека „не ви треба телефонска линија“. Што ќе прават овие корисници? Ќе останат заглавени во лошиот WADSL, кој ако ја следи политиката на оннет, најверојатно ќе биде оставен да „умре“? Како што се случува со славното „на ББЦ рекламирано“ WIFI ONNET...

ЕДИТ3: Ако некој може нека го најде договорот за АДСЛ меѓу оннет и мтнет, кој би требало да е јавен. Чисто да видиме каков е дилот и дали оннет АДСЛ има шанси да живее...

CableTel

„...Опрема на компанијата Кејблтел во вредност од околу 200.000 денари, била украдена вчера во општина Аеродром. Според информациите на кабелскиот оператор, биле обиени три ормари со опрема за дистрибуција на телевизиски, интернет и телефонски сигнал на булеварите Јане Сандански број 35, на АВНОЈ бр.34 и на Јане Сандански меѓу броевите 83 и 91...“ Кражбата се случила на 31.08.2007.
Линк

Некаде во април Бугарско-Американската компанија CableTel започна да купува одреден број на помали кабелски оператори во земјава за нив плати 20 милиони евра, а вети дека ќе вложи уште 20 милиони евра за нивно развивање. Беа купени: Зора, Зора кабел, Кабелскоп, Максат и Наумовски, Кабелсат, Галакси, сите од Скопје, Кабелфокс од Кочани, Астра99 и Старкс од Куманово, Кадис 2002 од Штип, Спринт и Мултиком од Велес и Сат Медиа од Тетово. Оваа компанија ветуваше дека ќе воведе подобар интернет, ветуваше дека ќе биде сериозна конкуренција на МТнет. Сепак сеуште според поплаките од нивните корисници немаат доволно добро средена мрежа (има прекини, бавно иде и тн.), сеуште се подесуваат фрекфенциите на каналите, сеуште сајтот им претставува само листа на ТВ канали. Интернет понудата е до 2048/512Кб/с за 1500ДЕН, кои што по 15GB сообраќај паѓаат до 256/256Kb/s или до 64/64Kb/s. Колку што сум информиран оптиката треба да им проработи од овој месец или од октомври. Досега со ваков пакет немаат привлечено многу нови корсиници корисници (освен некои од тие што порано биле на поранешниот кабелски оператор, па по неговата продажба останале на CableTel), треба нешто подобро и постабилно, сепак сега почнаа, ќе видиме какви ќе бидат во иднина, времето ќе покаже се.

Анкета

Дали досега ве „изгорел“ некој ИСП и ако е така кој најмногу ве има „изгорено“? Слободно искажете ги своите чувства и емоции тука.

01 септември, 2007

Септември дојде!

Дојде Септември, состојбата со интернет понудите до некаде се смени, МТНет и Телекабел беа првите провајдери кои што први направија измена во нивните понуди.
МТ (пакетите се со опрема во сопственост на корисникот која што ќе ја купи, додека со опрема од МТ се плаќа дополнително, цените во сообраќај и цена се на месечно ниво):
1. Пакет
Брзина: незагарантирана 1024/256Kb/s по 3GB паѓа на 64/64Kb/s
Сообраќај и цена: 2GB за 825ден, + 1GB = 925ден приближно за договор од 1месец, за 1 година 589 + 100 = 689ден
2. Пакет
Брзина: незагарантирана 1536/256Kb/s по 10GB паѓа на 64/64Kb/s
Сообраќај и цена: 10GB за 1.415ден за месечен договор, додека 1.179ден за договор во времетраење од 1 година
3. Пакет
Брзина
: незагарантирана 2048/256Kb/s по 100GB паѓа на 64/64Kb/s
Сообраќај и цена: 100GB за 1.887ден месечно за месечен договор, за договор од 1 година 1.651ден
Дополнително инфо: МТ вели брз, стабилен и неограничен интернет пристап, еве кај лежи зајакот со тоа Flat во системот за проверка на сообраќај, работата е тоа што МТ не разбираат дека кога ЌЕ ОГРАНИЧИШ нешто тоа НЕ Е НЕОГРАНИЧЕНО значи ОГРАНИЧЕНО е. Тие велат дека Ви даваат ограничен flat кој што всушност е чиста контрадикција.

Телекабел:
1. Пакет (Домашни корисници, цените и сообраќајот се на месечно ниво)
Брзина: незагарантирана
4096/512Kb/s до 3GB сообраќај
2048/512Kb/s од 3GB до 6GB
1024/256Kb/s над 6GB
Сообраќај и цена: 1GB за 500ден, потоа секој 1MB се наплаќа со дополнително 0.5ден се до остварување на максимални дополнителни 1000ден, значи 1500ден интернет со неограничен сообраќај но со скалесто намалување на брзината како што напишав во брзина
Дополнително: Upload сообраќајот е бесплатен, договорот е необврзувачки, месец за месец, во понудата за интернет обавезно се става и кабелсака телевизија која што има 85тв канали од кои што 20 се дигитални, исто така доаѓа и радио со 60 радио станици таа чини дополнителни 350ден.
Прикажаните пакети се напишани според понудата од провајдерите, опфатени се само пакетите за физички лица.
Понудите во Македонија кога би се споредиле со понудите од другите земји се далеку од добри, но сепак се стремиме кон подобро, изборот е во рацете на народот и секогаш ќе биде доколку народот знае што избира!