01 септември, 2007

Септември дојде!

Дојде Септември, состојбата со интернет понудите до некаде се смени, МТНет и Телекабел беа првите провајдери кои што први направија измена во нивните понуди.
МТ (пакетите се со опрема во сопственост на корисникот која што ќе ја купи, додека со опрема од МТ се плаќа дополнително, цените во сообраќај и цена се на месечно ниво):
1. Пакет
Брзина: незагарантирана 1024/256Kb/s по 3GB паѓа на 64/64Kb/s
Сообраќај и цена: 2GB за 825ден, + 1GB = 925ден приближно за договор од 1месец, за 1 година 589 + 100 = 689ден
2. Пакет
Брзина: незагарантирана 1536/256Kb/s по 10GB паѓа на 64/64Kb/s
Сообраќај и цена: 10GB за 1.415ден за месечен договор, додека 1.179ден за договор во времетраење од 1 година
3. Пакет
Брзина
: незагарантирана 2048/256Kb/s по 100GB паѓа на 64/64Kb/s
Сообраќај и цена: 100GB за 1.887ден месечно за месечен договор, за договор од 1 година 1.651ден
Дополнително инфо: МТ вели брз, стабилен и неограничен интернет пристап, еве кај лежи зајакот со тоа Flat во системот за проверка на сообраќај, работата е тоа што МТ не разбираат дека кога ЌЕ ОГРАНИЧИШ нешто тоа НЕ Е НЕОГРАНИЧЕНО значи ОГРАНИЧЕНО е. Тие велат дека Ви даваат ограничен flat кој што всушност е чиста контрадикција.

Телекабел:
1. Пакет (Домашни корисници, цените и сообраќајот се на месечно ниво)
Брзина: незагарантирана
4096/512Kb/s до 3GB сообраќај
2048/512Kb/s од 3GB до 6GB
1024/256Kb/s над 6GB
Сообраќај и цена: 1GB за 500ден, потоа секој 1MB се наплаќа со дополнително 0.5ден се до остварување на максимални дополнителни 1000ден, значи 1500ден интернет со неограничен сообраќај но со скалесто намалување на брзината како што напишав во брзина
Дополнително: Upload сообраќајот е бесплатен, договорот е необврзувачки, месец за месец, во понудата за интернет обавезно се става и кабелсака телевизија која што има 85тв канали од кои што 20 се дигитални, исто така доаѓа и радио со 60 радио станици таа чини дополнителни 350ден.
Прикажаните пакети се напишани според понудата од провајдерите, опфатени се само пакетите за физички лица.
Понудите во Македонија кога би се споредиле со понудите од другите земји се далеку од добри, но сепак се стремиме кон подобро, изборот е во рацете на народот и секогаш ќе биде доколку народот знае што избира!

92 коментари:

Марко рече...

На страната за проверка на Адсл сообраќајот го нема веќе тоа флет рејт. Го тргнаа...

Smasher рече...

Значи било пробен маркетинг.

Smasher рече...

Сепак тие велат НЕОГРАНИЧЕН на сајтот - НЕОГРАНИЧЕН со ограничување од 100GB.

Princ рече...

И мене тоа ми е нејасно, ама ако треба ќе побараме од нив да ја корегираат грешка. Без разлика дали грешка е ограничувањето или нивниот израз.

koskar рече...

марко,
нормално дека го тргнаа пошто не е флет рејт. они изгледа мислеле на fixed rate (во смисол цена)?

инаку има еден заеб ако земете адсл со нивна опрема. кај пакетот 100 ако земете опција со модем од мтнет, после една година ќе платите 1000 денари повеќе отколку да си го купите модемот, а пак нема да биде ваш. не дека би ви требал при евентуално откажување... сепак, малце е педерски.
кај адсл 100
со купен модем:
модемот кошта 1799 ден.
месечно се плаќа 1651 ден.
договор 1 година

со „позајмен“ модем од мтнет:
модемот кошта 0 ден.
месечно се плаќа 1887 ден.
договор 1 година
разлика во цена 1887-1651=236 ден.
236х12 месеци=2832 денари

2832-1799=1033 денари во џеб кај мтнет плус назад опремата... МИЛИНА

koskar рече...

тоа со ограничувањето е многу во „сива зона“. и покрај тоа што 64/64 е никаква брзина, не е 0/0 значи сеуште „тече“ интернетот. уствари „поткапнува“ ама го има. теоретски не секнува значи не е ограничен.
да го гасеа скроз на 100гб ќе беше друга прикаска...

јбг, не ми се свиѓа ни мене, ама така е

Анонимен рече...

Доколку Он.нет следнава недела не даде пголем лимит и брзина, сите вие што сте на Он.нет почнете да ги раскинувате договорите и да се префрлате не некој од кабелските провајдери или мт.нет. Како да го раскинете договорот а да не плаќате пенали пишува во коментарите во претходната тема.

Кристијан рече...

инаку има еден заеб ако земете адсл со нивна опрема. кај пакетот 100 ако земете опција со модем од мтнет, после една година ќе платите 1000 денари повеќе отколку да си го купите модемот, а пак нема да биде ваш. не дека би ви требал при евентуално откажување... сепак, малце е педерски.
_____________________

не е баш така...
ако е твој, тогаш ти му бериш гајле т.е. ако ти се расипи, а не е под гаранција, тогаш треба да си купиш нов модем. Ако модемот е нивни тогаш тие си го берат гајлето

т.е. тие 200 денари плус се ако сакаш да си раат и да не бериш гајле за модемот.

Верверичката рече...

Уште во август некаде на почетокот во Штип на Роби пуштија невообичаено брз интернет, кога го мерев, најмногу што ми покажа беше неверојатни 16 мегабита, жалам само што тој скриншот на другиот компјутер ми е.

Понатаму мерев, обично беше од 3 до 6 мегабита, а на моменти и до 11-12 се искачуваше. Кога симнував филм директно од ФТП сервер - ми го симнуваше со 2 МЕГАБАЈТА во секунда, што значи реални 16 мегабита. Инаку торентите ми тераа со просек од 400 до 700 килобајти во секунда, не килобити, штио значи некаде околу 4 мегабита.

Е па, новата понуда не е баш вонредна, значи се подготвувале Телекабел за овој потег, можеби и знаеле за потегот на Мт Нет. А бре, којзнае позади завесите што се не се случува.

koskar рече...

се плашам дека оннет ќе заврши како кабелската телевизија на пепи, кдс-мдс како ли се викаше...?
и покрај тоа што оннет е купен од страна на телеком словенија, начинот на кој што работат е многу несериозен. нема никакви промени (освен 10-те гига и постојаната мантра „сега добивме нова опрема, уште ни е на царина, денес-утре ќе ја монтираме и после парче...“) и воопшто не изгледа дека имаат голем странски газда ли, партнер, штодае...
мтнет мислеше дека луѓето ќе немаат избор и ќе изедат било какви г*мна што ќе им се сервираат. оннет мислеше дека со 10 гига и нула услуга (практично без можност да се истераат 10-те гига) ќе ги примами огорчените мтнет корисници и дека тие ќе бидат толку огорчени што ќе ги лапнат и г*мната на оннет...
мтнет полека прогледа; дали поради тоа што одеднаш им се створија куп вратени модеми и сплитери, а новите не се продаваа баш онака како што мислеа или нешто друго, во моментов е неважно. сепак се движи...

кадис имаше глупи и педерски пакети, башка што сеуште нема сериозна инфраструктура (уште влечат кабли по фасади)
мол.... работат ли они уште? мислам , провајдери се или нешо шиткаат на пазар?
други нема, нели?

телекабел: не знам што да кажам. се прашувам дали им се исплати провајдерството? генерално се стабилни (барем аеродром, мада сега ми падна нетот на 10-тина секунди), секогаш имаат (теоретски) најголеми брзини и подносливи лимити. малце се глупираат со тарифирањето ама најважно е што не наплаќаат повеќе од 1500 денари и што договрот е МЕСЕЦ за МЕСЕЦ и што може најмногу да се „м’кне“. сепак, некако фали „нешто“. не можам точно да ви опишам ама... некако имам впечаток на „маалски“ провајдер.

кабелтел личи (личеше) на телекабел со својата понуда

ај белки ќе дочекаме и вајмакс и уште повеќе гига со многу Мбпс, па можда во мтнет ќе сфатат дека денес 2Мбпс е „вагинален чад“ од брзина и ќе понудат сериозни пакети (ВДСЛ, а?)
П.С. најскапиот пакет кај германскиот газда е 85 евра и нуди 25 ЕБЕНИ Мбпс! Телевизија, видео он дименд, премиум канали, ФЛЕТ РЕЈТ и замислете бесплатно сурфање од СИТЕ хотспотови на т-ком у германија. нормално и БЕСПЛАТНИ ФЛЕТ РЕЈТ разговори у цела ебена германија!!!! (само према Д телеком корисници)
најскапиот пакет кај мтнет е 3Мбпс и сто гига за 100 евра!?
треба ли да дискутираме понатаму?

koskar рече...

кристијан,
ај бе не го дрви жити бога....
зборам за договор од една година. нов модем купен од мтнет мора да има година дена гаранција! а, ако го скршиш или удри гром или сите случаи кога не важи гаранција исто ти се фаќа чиј е.
твој-не твој модемот има гаранција цела година.
втората година е бетер:
ако си го купил претходно модемот не плаќаш ништо
ако не си го купил плаќаш уште 2800 денари.
секоја година да купуваш модем е поефтино него да го ренташ, ОК?
а ако се расипе рентаниот модем вон гаранција, ќе си го платиш како попче, пошто не си се однесувал како „добар домаќин“...

Кристијан рече...

не се нервирај де :)
не реков дека е супер тоа, само е објаснување. Верувај има луѓе кои би ги платиле тие 200 денари плус ама да не се замараат со модемот.

АтилаFan рече...

По весниците едно време пишуваше дека ќе пуштале нови пакети за ADSL поради создавање поголема база на корисници пред евентуално нудење IP телевизија, така да ако не целосно тогаш барем делумно треба да и заблагодариме на IP телевизијата за ова :) Во секој случај јас одам во понеделник да потпишам доживотен договор со душманите :-)

Анонимен рече...

atilafan, tvojot atila izbega (citaj - go potprasija) od makedonija od ovoj mesec. bidi blagodaren sto go nema, inaku mozese da se sluci novite paketi da bidat so max 1 giga kapache :)

btw, so dushmanite ne se potpisuva dozivoten dogovor, mozes da pomines kako ebeniov Balkan poradi 500 godini pod Turcite...

Smasher рече...

На сајтот на Телекабел официјално е објавена новата понуда.

Smasher рече...

Анкета

Изгореници

Дали досега ве „изгорел“ некој ИСП и ако е така кој најмногу ве има „изгорено“?
Слободно искажете ги своите чувства и емоции тука.

Одговорете на линкот:
http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?t=310

Марко рече...

@Коскар
Да точно изгледа мислеле фиксна цена без плаќање.Инаку не е лошо да пишува на кој пакет си, мислам онака чисто информативно...
@Верверичка Инаку знам која е нашата ситуација а која е во Германија меѓутоа проста економска и профитерска економика комплетно ќе ти објасни зошто кај нив е така а кај нас овака.Секаде во светот цените и квалитетот е обратнопропорционален со стандардот.Помал стандард-повисоки цени и слаби услуги.Повисок стандард-ниски цени и нови услуги. Не го измисли тоа Мт-Нет, како што кажав тоа е логично економско работење за минимализирање на инвестициите а максимизирање на профитот. И секако фактичката доминантна улога и слабата конкуренција си го прават своето.Затоа странските Телко компании ги обожаваат земјите како нашите бидејќи профитот е фантастичен и надвор од умот во секоја развиена земја.Затоа и покрај сите наводно залагање за развој нив всушност им одговара статус кво и ќе се трудат да го држат додека можат со минимални чекори на напред. Тоа е тоа...додека не се развиеме економски, Телко компаниите ќе се однесуваат онака како што им налага економската логика.

koskar рече...

кристијан, у реду е друже, биди си тврдоглав и давај си 1000 ден годишно плус.

другите нови муштерии или повратници: не земајте пакет со модем на „рента“ пошто ќе плаќате 1000 ден повеќе првата година, а 2800 секоја наредна, ОК?

Анонимен рече...

Ja pratam "revolucijata" od samiot pocetok. Sto se' ne se sluci vo megjuvreme, no na blogov ima edna konstanta: samo se zalime :) I so novive paketi, pak senesto se zalime i trubime. Toa ni' prejde vo navika :)))

BTW, jas letovo povtorno skluciv dogovor na 2 godini so 10 GB (2048/256) transfer. Ne deka tolku mi treba, tuku zatoa sto za isti pari se dobiva pogolem limit. Sega gledam deka MT.net ne nudat vakov paket, odnosno paketot od 10 GB limit e so transfer 1536/256.

Ekonomski, logikata im e dobra. Sekoja cest. No jas sega ne znam sto da pravam... Da zemam od 100 GB, sto kje mi e. Kje ve pratam, mozebi kje dobijam nekoja ideja...

Smasher рече...

Друже тоа „трубење“ што го велиш е за да се добијат пакети со нормални цени и народот да се информира, за да не биде краден, да свати дека неговите пари што ги дава имаат вредност и дека може да добие нешто со нив.
Овде е кажана само вистината, а таа е таква каква што е.
Доколку сум на МТ, и немам друга опција да бирам освен МТ би одбрал тој пакетот за 100GB што е. Мислам дека ќе ти користи тој пакет.

Марко рече...

Како и да е ако гледаме реално новата понуда од 100ГБ мислам дека во моментов е најдобра понуда на пазарот. Во секој случај инфраструктурата на Мт-нет е неприкосновена во однос на кабелските оператори. Неможе со кабли од пазарче и скоро никакви инвестиции да правиш конкуранција.Сопред тоа што читам кога има кога нема нет, коа се вести све е загушено и слично. Ама изглеа и они истата логика си ја тераат.Не дека немаат кеш за инвестиции ама зошто да инвестираат коа може и вака нели. Ако застанеше саглам телекабел релно ќе им беше ноќна мора на Мт-нет, вака шознам некако ми се многу несериозни,онака ај ќе си играме интернет провајдер. Од друга страна АДСЛ-от 99% е стабилен и од лично искуство можам да потврдам дека на рака се бројат инцидентите коа имало прекин или паѓање на брзината испод нормала. Реално да гледаме има доста фамилии што 2 или 10 гига им е топ и немаат потреба од повеќе. А овој пакетот 100 гига мислам дека стварно ќе го задоволи секој нет џанки.Незнам стварно што би праел со поише од 100 гига освен ако не шиткам филмови на пазар. Сеа знам некој ќе каже филмови, серии, музика али 3.3 гига дневно сепак е цифра. Многу е ретко во светот да се најде вистиснки флет рејт. Скоро сегде има клаузула во договорот која вика fair use.Што значи дека ако тегнеш ненормално (секој провајдер си определува што е ненормално)одма те кинат. Е сеа кажете ми што е подобро да знаеш дека имаш 100 гига загарантирани или да имаш “флет рејт“ па коа ќе му текне на операторот дека симињаш многу да те скине одма без око да му трепне-јебига си потпишал договор. Мислам немој да ме сватите дека бранам некој, напротив сакам реално да ги гледаме стварите. Ресурсите се ограничени сегде во светот.Непостои флет рејт во права смисла на зборот, а на крајот на краиштата се прашувам колку е доволно?

Анонимен рече...

За изнајмување vs. купување на АДСЛ модем. Има уште една опција зошто некој би изнајмил АДСЛ модем. Прво разликата меѓу изнајмен и купен модем никогаш не била помала. Второ - АДСЛ2+ од нова година, за што нормално ќе ти треба нов модем.

Значи мој предлог би било за оние кои би сакале уште одма да одат на АДСЛ2+ а до сега не биле корисници на МТНет па да го добијат модемот беспари да размислат - можеби ќе им се исплати да го изнајмат.

За он.нет - ќе реагираат според пазарните потреби- ќе ја намалат цената на пакетот од 1090 на 990 денари и ќе бидат 9 денари поевтини од МтНет. И пепи сит и овците на број. :)))

Бојана рече...

Марко дај земи прави реклама на друго место те молам, само немој овде!!!
Поради такви ситни македонски души како тебе, никогаш нека да пркне државава, а ISP-њата ќе тријат раце и ќе молат да има што повеќе овци како тебе!

Македонија е на самото дно кога станува збор за телекомуникациски услуги, како и за мал милион други услуги, тоа е непорно. Што треба сега, си добил 100gb сообраќај месечно и завршена работа???

Што да прават останатите што се избрзаа и го ја одбраа најлошата опција - он.нет?

Ќе молат бога што побрзо да им истече договорот и да бараат друго чаре.

Него дај да се солидаризираме и колективно да реагираме против он.нет.

Барам подршка.

Фала.

Марко рече...

@Бојана
Ц ц ц значи ете зошто нема конструктивна дискусија овде. Добро бе Бојана кај виде дека праам реклама?Значи ако човек напише каква е реалната ситуација во моментот и спомене кој е најдобар во моментот одма е реклама? Чекај ти го прочита мојот пост, кажа нешто паметно?Понуди контра аргументи?Зошто сум јас овца ако ми се доволни 100 гига? Мене толку ми треба, на некој друг можеби не ама реално како што кажав бројката е доволна за “нормални“ корисници...за другите еве не навлегувам. Не бе нема поента да се дискутира овде, ако немаш шо да кажеш најбоље почни со навреди и завршена работа. И дај малце пази што пишуваш...Што сум јас крив за Он-Нет? Јас сум крив дека избрзаа? Дај бе малце логика ејј..смешна си.Те жалам Бојана.

Анонимен рече...

Оние што се на АДСЛ ве молам пингајте го google.com и кажете ми податок за латенција. Моментално е фантастични 630мс.

Очигледно многу луѓе одлучиле да одат на 100-ка?

Исто така очигледно 64к со оглед на ова загушување најверојатно ќе биде неупотреблива.

Smasher рече...

@ Марко

Не сум ненормален ако сакам реални понуди. Според твојот став испаѓа дека јас и сите останати сме ненормални штом барам флет??? А сите се нормални што 100GB им се доволни, немора филмови да симнувам може имам машини дома и скромен хост за шерување податоци сакам да поставам еве пример.
Абе чоек финтата е барем малку нешто минимално понормално да постигнеме. Нешто што вреди за тие пари. Ако гледаш така може воопшто и да не сурфаме и само парите да ги дадеме и да си живееме среќно до крајот на животот не ни треба интернет ни треба само зелена трева, сонце високо, длабока вода, шуми пасишта, зеленила и то... Кога овој народ ќе свати дека заслужува повеќе, ако не повеќе барем нека свати што му следува реално, е тогаш ќе ја биде работава.

Анонимен рече...

повеќето провајдери строго забрануваат поставување на „скромен хост“ преку адсл. За тоа постојат изнајмени линии.

и?

Smasher рече...

Го дадов тоа како пример, во мојот договор со Телекабел да речеме не стоеше ништо дека не смеам да правам.
Постојат и други начини на остварување на тој сообраќај евв и друг пример можеби сакам серии да гледам и да си ги имам како колекции дома. Не е битно.

Марко рече...

@Смашер
Види сеа друже,да не ги извртуваме тезите. Ако сакаш ти бизнис да си тераш и да шеруваш тогаш ќе си купиш пакет за правни лица. Немој тоа нормални да го сваќаш во пежоративна смисла. Ако кажувам нормални мислам на домашни корисници. Немој сеа молим те тие причи дека 100 гига не е доволно за домашен корисник. Нормално човечки е да стално бараш повеќе и побрзо меѓутоа овде збориме за најдобра и најквалитетна понуда во моментов. По твојата логика може ја сакам цела библиотека од Александрија да ја симнам и нормално никогаш нема да ми биде доста. Дај малце да се спуштиме на земја.
Викаш “Абе чоек финтата е барем малку нешто минимално понормално да постигнеме. Нешто што вреди за тие пари.“ Ајде без нервоза,реално а не само ради инает кажи ми дека оваа понуда ВО МОМЕНТОВ не ок?
Спомнуваш сурфање..друже што сурфаш ти па ти се малце 100 гига? Бидејќи многу сакаме да се спредуваме ѕирни ја малце понудата на Т-Com во Хрватска. Не е баш сјајна а? А за флет рејт читни малце погоре што напишав.
Се буневме,баравме и еве конечно тргна нешто напред.Не е грев да се пофали нешто ако е добро.

Анонимен рече...

Дали доколку утре мигрирам на МаксАДСЛ100, сметката што ќе ми дојде наредниот месец ќе ми биде само за тој пакет или пак ќе платам 1200 за стариот пакет + 1650 за новиов? :/

стилсакз рече...

Download Soobrakaj: 908,16 MB
Upload Soobrakaj: 2.401,90 MB

И брзината ми е 2мбит/512... спидтест кажва многу помалку, ама ај... е сега, нели не се рачуна аплоад во пакетот? Оти ми е намалена брзината? И 4мбит само вчера сабајлето имаше, пред да научат сите дека има 4 мбит... денес одвај сурфав а за нешто повеќе... многу тешко :( за џабе реклами кога не крепат

Smasher рече...

@ Марко

Има и подобри понуди, за поевтини пари, сега и во Македонија. Ако беа навистина најдобри со понудата МТ веќе ќе имав потпишано договор со нив.

Да те прашам јас тебе нешто дали ти сакаш флет?

Работава е:
Јас сакам флет
Ти сакаш флет
Тој/Таа/Тоа сака флет
Ние сакаме флет
Вие сакате флет
Тие сакаат флет

Што е тука проблемот?

Општо понудите се далеку од добри,
доколку се ограничиме и се задоволиме со ове лимитирани понуди МТ ќе пуштат нови пакети за едно...... 500-600години. Ги знаеш многу добро МТ, сите ги знаеме.

Може неќам бизнис да си фатам, може шерувам онака (да не одиме off topic) постојат многу начини како да се направат многу гигабајти само пример ти кажав веќе спомнав можеби ги симнувам од некаде може сум си платил акаунт на рапид и симнувам филмови, игри, серии и се што сакам, не е толку тешко да направиш xxxGB сообраќај. 100GБ МТ велат дека се бесконечност сигурен си дека е тоа така? Јас не сум, тие 100ќе летнат ко ништо за 3-4 дена.

Мислам дека сакаме подобро само се расправаме на начинот на кој тоа да се спроведе. Ти велиш дека е ок и дека се за поздрав, јас велам дека треба да си ги цениш парите, МТ не се богови па да им се поклонуваме за тоа што го плаќаме со наши пари, за тоа што е веќе наше а тие го кратат за да имаат повеќе профит. Можат подобро можат убеден сум, ама сакаат од ваквите мали земји со низок стандард да ја исцицаат крвта со понеквалитетна услуга за понесоодветна цена.

Princ рече...

Успорете малку.
Мораме прво да дефинираме дека 100 GB месечен трансфер не се баш малку колку што ние би сакале да ги прикажеме. Целосно се согласувам со ставот на Марко. Знаете дека пред 1-2 години се жалевме на лимитот од 1-4 гигабајти месечно.
Сега логиката и достоинството не ми дозволуваат да се жалам на 100те гигабајти месечно. Навистина е нешто и навистина е доволно добро.
НЕ ПОСТОИ ИСП ВО СВЕТОТ КОЈ НЕ ОГРАНИЧУВА НА ОВОЈ ИЛИ ОНОЈ НАЧИН. Сте слушнале најголем број од вас за Fair Use Policy. Епа тоа е нешто слично на ограничувањето од 100GB. Немој да мислите дека ако имате баш НЕОГРАНИЧЕНО дека ќе симнувате 600 GB во месецот. Ниту една ИСП нема да ве сака како клиент така.

Извадок од FUP на Speakeasy како за пример и сосема рандом, иако кај сите е слично:

"Customers will not be charged for the bandwidth consumed, nor do we have specific limits or caps on that bandwidth. If you utilize any of your Speakeasy services in a manner which consumes excessive bandwidth or affects Speakeasy's core equipment, overall network performance, or other users' services, Speakeasy may require that you cease or alter these activities."

Фала на разбирање, пријатно.

Марко рече...

@Смашер
Логиката на работа на Телко компаниите ја објаснив погоре и ќе биде така се додека не ни се качи стандардот.Ако имаш време прочитај.
Види ок е.. како што викаш ти во основа се слагаме меѓутоа погледите ни се различни.
Немој да ме сфатиш погрешно, ја сум против досегашното понашање на мт-нет колку што си и ти, меѓутоа чисто сакав да поздравам потег во права насока. Точно е дека можеш да направиш огромен сообраќај на начинот што го спомна меѓутоа таков пакет сегде во светот кошта повеќе од пакетот за просечен корисник.Викаш да си ги ценам парите, па токму затоа што ги ценам викам дека сега за сега е најбоља опција.Еве прочитај погоре што праат на телекабел.За овие пари барем знам што добивам.
Нормално кој не сака флет-ич да не му ја мислиш ама едноставно токму поради тоа што го зборев економската логика не им дозволува да го направат.Види они се компанија и работат за профит, не се хуманитарна организација. Секогаш ќе гледаат да заработат што е можно повеќе за помала инвестиција.Мене зборот ми беше дека еве поради нашиот притисок конечно работите тргнаа. Иначе кој рече дека сум задоволен...еве јас на пример не сум задоволен од брзината, сакам побрзо...И ок можеби моја грешка е што генерализирам тргнувајќи од себе, али навистина со 3.3 гига дневно иам и филм да изглеам и некоја серија и музика и да сурфам...ама ок тоа сум јас..
Иначе јас сум прв за напредок и развој...сакам IPTV, сакам VoD, сакам адсл2+ сакам виртуелна видеотека....Меѓутоа зборот ми беше и пак ќе споменам мада сум више досаден...не треба поради минатото искуство а приори да ги отфрламе и осудуваме пакетите на Мт-Нет...Еве нешто се движи, ок е, дај да го поздравиме и да кажеме ова е насоката во која очекуваме да се развивате.Мислам малце е глупо само ради тоа што го мразам мт-нет со сила да се праам будала и да не прифатам добра понуда.Еве и сам глеаш шо праи Он-Нет, телекабел кадис и другите..несериозно бе брат..неможе со сламка да опслужуваш илјадници корисници и да ги зезаш цело време. Имаа шанса да напраат нешо ама испаднаа бетер.
На крај мислам дека нема потреба да се препуцаваме пошто се залагаме за истите работи само што јас мислам дека за овој пакет корисникот добива најповеќе за своите пари.

Анонимен рече...

Во врска со латенцијата:

Pinging google.com [72.14.207.99] with 32 bytes of data:

Reply from 72.14.207.99: bytes=32 time=609ms TTL=235
Reply from 72.14.207.99: bytes=32 time=611ms TTL=235
Reply from 72.14.207.99: bytes=32 time=612ms TTL=235
Reply from 72.14.207.99: bytes=32 time=609ms TTL=235

Ping statistics for 72.14.207.99:
Packets: Sent = 4, Received = 4, Lost = 0 (0% loss),
Approximate round trip times in milli-seconds:
Minimum = 609ms, Maximum = 612ms, Average = 610ms

Сепак официјално никој не верувам дека е префрлен на 100-ка. И јас бев во салон поднесов „барање“ (фотокопија од лична карта и ракописно напишано од кој на кој пакет сакам да одам, со контакт тел ) и ми рекоа да дојдам за договор од понеделник па натака.

Него за латенцијата, работата е што ова со латенцијата се случуваше и на почетокот на август. На 080012345 ми рекоа дека првите неколку дена луѓето го трошат лимитот и затоа е загушено дека за ден два ќе се средело. Се среди може и побрзо не памтам, ама шо праиме сеа коа место по 4 и 10ГБ ќе треба да чекаме да истрошат по 100ГБ. Сеа типот спомна и дека набавувале нова опрема која ќе помогне во целава ситуација, ама или не знаел шо зборел, или уште не е инсталирана.

Како и да е, МтНет е далеку од стабилен и квалитетен во моментов.

Пиво рече...

И јас сум намален од 4096 на 1024 а не сум поминал 3 гига.После 6 гига треба да ме префрлат на 1024. Само вчера имав 4096.
Може ќе стават реклама "8Мбпс, после 1 гига 1024":).
Ебате педерите ебате, барем цена да намалеа не вреди за тие пари.

Со ваква брзина на Телекабел и намалување на 256kbps, што верувам дека ќе ме намалат после 20 гига, како што ми направија прошлиот месец максимум што некој може да направи ќе биде 50-60 гига.
Телекабел РАЗОЧАРАА!!!!

koskar рече...

марко,
во право си за бизнисот и во принцип во право си за 100-те гига.
100 можда не али 200 гига се исто што и флет за обичен корисник.
пред да почнат другите да се лутат, дозволете ми да елаборирарам.
на „запад“, каде што е нелегално да се „швера“ софтвер, многу провајдери затвараат п2п портови, банираат пиратски сајтови итн. постојат правила на фер користење напишани со мали букви и провајдерот има право и банира (значи 0/0) корисници кои се хеви даунлоудери. тука нема дискусија. сум читал по форуми за корисници банирани или комплетно исклучени кои имале 200 гига трафик 2 месеци по ред.
но, тие корисници на истиот тој запад одамна имаат брзини поголеми од 2Мбпс, дури и од 3Мбпс (максимумот на мтнет за 100 евричиња). hell, телекабел има теоретска брзина од 4Мбпс за „нормални корисници“.

телекабел не е со „кабли од пазарче„, ти си се збунил со кадис или со оние кабелсат, кабелнет како ли више се викаа оние што рикнаа од аеродором...

пакетите на мтнет се ок, али далеку од „дали ви се верува или не?!“ слоганот на билбордите. ништо вау, ништо посебно. 100 гига е фино али е „заостанат“ и застарен 2Мбпс пакет.

дечко со „адсл 2+ од нова година“,
ха-ха.... или си од таму или знаеш луѓе таму... во секој случај, боље да не збориш пошто е срамота мтнет сеуште да не нуди адсл2+, ок?
они треба да ставаат вдсл2, а не да се курчат со адсл2+ од нова година...

koskar рече...

@бојана,
милион пати е објаснето како се откачува од оннет. помасовно да се организира е мноооогу тешко во македонија. нарочно нема да добиеш ангажирање од оние што не се корисници на оннет. ќе добиеш 2-3 „со тебе сме“. решението е во групна тужба од незадоволни корисници или индивидуално на опишаниот начин, при што јас советувам да се употреби вториот начин...

Анонимен рече...

Навистина е глупаво и нема логика да имаш дозволен сообраќај од 100 гига, а да имаш брзина од 2048/256. Кога ќе потрошиш 3,3 гига на ден со брзина од 2048, а уште повеќе што скоро секогаш таа е околу 1700, а често и многу помала.

Марко рече...

@Koskar
Фино што се слагаш еве и јас комплетно се слагам со тебе за првиот дел.Е сеа за вториот дел. Друже чекај малце си видел ти кои земји имаат VDSL2 а кои тек планираат да воведат?Ѕирни малце на википедиа има убава листе и све ќе ти стане јасно. Мислам сеа да се споредуваме со земји како Финска, Белгија, Енглеска, Шведска, Германија кои тек на крајот или на почетокот на наредната година ќе воведат VDSL2 мислам дека е повеќе од смешно.Или срамота е и за нив? Дај бе луѓе малце reality check, не снимаме цртан филм овде. Не бе јас мислам и оптика до дома да ни донесат нема да ни е доста.

koskar рече...

марко,

така иде зборот за вдсл2.... али мтнет како дел од најмоќниот мактел требаше да има адсл2+ одамна или барем од лани, а сега да размислува за вдсл... мене ме нервира односот; а бе овие „селанчиња“ од македонија - нека се среќни што воопшто имаат интернет... за жал, така мисли и „македонскиот“ дел од мтнет, олицетворен во разни „атилаfan“-ови и слични гзолижачи. да не зборам за оние кои не се вработени таму, а јадат бабури...

koskar рече...

него, ај да чуеме нешто од оннет „инсајдери“... што се случува таму? ќе прават ли нешто или полека се пакуваат за накај дома, со тоа што последниот ќе го закачи клучот на „клин“?

Марко рече...

@Koskar
Аха ок, не сум те разбрал тогаш, јас мислев дека си сериозен.Види адсл2+ и не е лошо ако го имаме до нова година. Горе-доле ќе бидеме во чекор со развиените земји. Веројатно овој потег се поклапа со планираното воведување на IPTV/triple play. А за односот...види дај да не бидеме толку малициозни, мислам ги разбирам бе луѓето,после сите отпуштања секој се плаши за своето парче леб и ти да си на нивно место можеби исто ќе се понашаш. Не викам дека го оправдувам сервилниот однос само викам дека ги разбирам. На крајот на краиштата кој ни е крив што си го шитнавме телеком,мада и наш да беше подучен од односот на “македонските менаџери“ во другите фирми ситуацијата сигурно ќе беше бетер. Јебига реалноста е таа али да не забегуваме надвор од темата.

koskar рече...

јеби га,
бољи сме од телеком србија; таму сега им дигнале на 512/64?! скоро сите пцујат, ама има и такви што викаат супеер... еееј лета!
али зошто да викаме: ќути има и полошо? боље да викаме: абе има и подобро, мамата на овие што не’ мафтаат!
а, а?

Марко рече...

Коскар е што ти беше поентава со постов?Стварно не те разбрав...шо има врска сеа телеком србија? Еј ај батали мислам ова стварно стана банално....

Анонимен рече...

za informacija:

Adslmax "flat" vo Hrvatska e 30 eura,
"za super surfere koji skidaju filmove, glazbu i druge sadrzaje",
1024/512.

Srbija ima adsl2+ vo 45% od drzavata uste od prosla godina.

Vo Srbija site paketi od Telekom se bez limit. Kaj site drugi ISP-a mozes da biras, sakas limit, ne sakas limit. ceni - od 5-40 eura.

Slovenija? izbor kolku sakas, od ADSL do optika, max. 1Gbps. Bratuced mi plakja 32 eura za 10Mbps/2Mbps, neogranicheno, se razbira.

Kako dodatok, site gorenavedeni nudat i kako opcija staticna IP adresa, ako sakas da hostiras, razlika vo cena 5 eura. NEOGRANICENO.

Standard? Nema vrska.
Slovenija ima broj na ziteli skoro kako i Makedonija, firmite imaat bruto prihodi slicno kako i vo Makedonija (podatoci od stopanska komora)... Kade e zaebot?
Ete za sto se zboruva ovde.

Анонимен рече...

koskar,

512-ka e najslabiot paket sega na Telekom Srbija, do prosliot mesec bese 256.

Od 1 avgust duplirale brzini a cenite se ostanati isti.

Najbrziot e 1.5 Mbps. (Telekom)

Imas drugi tamu gore koi davaat do 4 Mbps...

Анонимен рече...

btw, poslednive 2 anonimous texta (i ovoj) se od Daywalker, me mrzese da se logiram vo blogot, si koristam drug account... ;)

Анонимен рече...

и сега? Да вратат на 4? Не чини ова?

Марко рече...

Daywalker
Заебот е во тоа колку жители има Србија па се иде на поголем обрт.Заебот е во тоа што таму конкуренцијата е вистинска конкуренција а не као нашава. Заебот во Словенија е во нивниот БДП и стандардот на граѓаните а не профитот на фирмите. А во хрватска иди симни поише од 160 гига па ке видиш кај е заебот. Аман бе луѓе коа ке сватите дека флет рејт не е онаков каков што вие го замишљате.

Анонимен рече...

Како што гледам проблемот не е директно до МТнет туку до нивните странски провајдери:

Tracing route to google.com [64.233.167.99]
over a maximum of 30 hops:

1 14 ms 15 ms 15 ms 62.162.200.1
2 15 ms 15 ms 12 ms 62.162.1.233
3 15 ms 15 ms 15 ms 62.162.1.21
4 15 ms 15 ms 15 ms 195.26.150.68
5 31 ms 31 ms 31 ms 212.200.237.77
6 28 ms 31 ms 31 ms 212.200.232.57
7 31 ms 31 ms 31 ms 212.200.227.226
8 46 ms 46 ms 47 ms 217.147.109.1
9 46 ms 46 ms 46 ms 217.147.96.37
10 46 ms 46 ms 46 ms sl-gw21-fra-1-1.sprintlink.net [217.147.96.228]

11 484 ms 484 ms 484 ms 217.147.109.150
12 484 ms 484 ms 484 ms 66.249.94.136
13 515 ms 499 ms 499 ms 72.14.233.104
14 562 ms 562 ms 562 ms 72.14.236.220
15 593 ms 593 ms 593 ms 216.239.46.14
16 609 ms * * 66.249.94.133
17 * 593 ms 609 ms 72.14.232.74
18 593 ms 593 ms 593 ms py-in-f99.google.com [64.233.167.99]

Trace complete.

Да се надеваме дека ќе се оправат што поскоро...

Анонимен рече...

zaebot ne e vo nitu edna stavka sto ti ja opisuvas kako zaeb.

izvini, pogresen odgovor.

daywalker

Ресен The best рече...

Во Ресен новите пакети веќе ги имаше и пред 1 година, само што ги нуди кабелската телевизија. Има интернет и од 390 д месечно така да ова им доаѓа како добра понуда на останатите, а и Ресен се надевам дека ќе паднат уште цените

koskar рече...

марко,
немам поента.... пишувам безвезе...
глеам сите нешо пингаат или дефинираат; те флет било 100 гига, те флет било флет... те словенија имала многу фирми, те бдп-то вака, те бдп-то онака....
еве мене пингот кон гугл ми е 170-ина мс.
кон датацентер.де у минхен идам со 92 мс и 2382кбпс...
спидтестот на оннет ми вика 2,49 Мбпс (тие па идиотите ставиле и 28.8 кбпс како референтна вредност и максимум од 1.5 Мбпс, ваљда кога ќе си мерат нивните корисници да не паѓаат превише у даун)
него телекабел вика пуштил уште 20 „дигитални“ тв канали. како ги пуштил? ми треба ли конвертор или ДВБ-Т уред? знае ли некој.
сајтот на телекабел освен новиот флаер, е запуштен. дури и во понуди им стојат старите. форумот затворен... замислете си напуштен вестерн град; онака ветер дига прашина и тркала од оние боцкине по напуштените улици, вратите на салунот шкрипат... само на влезот од градот стои нова шарена објава. тоа е сајтот на телекабел. затоа ми личат на маалска фирма... ама им давам по бон ипол на 5-ти, ми даваат интернет. јебига...

Ресенчанец рече...

Ресен интернетот стои вака:
390 d 1Гб
550 d 3Гб
730 d 5,5
910 d 10Gb
Има и поголеми пакети, но дотука се и поисплатливи од Мт.Нет. Е сега со новиот пакет од 100gb се губи смислата зошто веќе имаме нов производ на пазарот.

www.kanal16.com.mk видете цени! со договорот си и без обврска речиси сите што имаат компјутери во Ресен, се врзани на овој провајдер.. и држат 90% од пазарот. А ја имаат покриено цела Преспа со сите села...

хаха рече...

Download Soobrakaj: 1.066,10 MB
Upload Soobrakaj: 2.882,50 MB

ОК... уште имам 4мбит, значи си стојат на зборот... ама е скоро 4ам... дење интернетот е срање, така да нека напишат на флаерите *брзините важат за после полноќ :Р мајтап, јако е вака :Р

koskar рече...

хаха,
еве ја сега (08:55)ја пингам будимпешта со 56 мс и просечен даунлоуд од 3500 кбпс. (телекабел-аеродром)

Анонимен рече...

КАКО ВИ СЕ СВИЃА ОВА
French triple-play operator Free will offer very high-speed broadband to eligible households from the middle of September for EUR 29.99 per month, the same price as its standard broadband offer. The service, available in the 15th and 20th districts of Paris, will include 100 Mbps downloads, 50 Mbps uploads, free landline rental, unlimited calls to fixed phones in France and 48 international destinations, and access to over 100 channels and HD on two TV sets. Two Freebox units are provided, an optical Freebox with router, Wi-Fi functions and four Ethernet ports, and a Freebox HD with PVR for the second TV, which can be connected to the first box by Ethernet or Wi-Fi. Free will carry out installation within one month of subscriber request validation.

А НИЕ НА ШТО СЕ РАДУВАМЕ,

Анонимен рече...

Slusam deka i On.net od slednata nedela FLAT ke nudat i poniska cena aj koj ima neka se javi i gi prasa dali e vistina toa?

Анонимен рече...

Како беше онаа... го видело магарето коњот...

Анонимен рече...

Сеа бев у салон и ми кажаа дека миграцијата ќе иде on-line на www.online.mt.com.mk

Бојана рече...

Би го запрашала Марко што мисли за француската понуда, онака 'стручно' ко само тој што знае..... :)

Сигурно ги наполнил гакичките кога го прочитал тој пост ;)

Анонимен рече...

Исто така ми кажаа дека поради огромниот број на миграци кои неможат да ги процесираат сите веднаш како бонус при миграција на пакетот 100 на пример нема да се одземат ГБ потрошени од тековниот мецес него ќе со почне со чисти 100ГБ

Марко рече...

@Bojana
Незнам дали си стварно неупатена или со сила се праиш недоветна.
Што може да мислам освен дека е фантастично! А си се запрашала како стигнала Франција до овој пакет?Или они сега почнаа да нудат првпат интернет а? Види Бојанче све си има своја фаза на развој и напредок.Погуглај малце и ќе видиш како историски се развивале понудите од кога прв пат пуштиле адсл па до денес.
Ти пак не ми ја сваќаш поентата на мојата аргументација: пакетот 100 моментално е можеби најдобар, и чекор во права насока на развој.
И стварно до кога ќе правите вакви неумесни споредби.Па ти мора да си во некој Лалала свет за да ја споредуваш Македонија со Франција и да очекуваш дека сега веднаш ќе имаме све што имаат они.
Работата е да се движат работите напред и да се пофалат добрите потези!Никој не стигнал никаде преку ноќ.
Знаеш пошто Македонија во све ја достигна Франција па сега еве уште интернетот остана. Оф мори Бојана, далеко је сунце. Ние имаме уште егзистенцијални проблеми во државава, верувај многу ќе бидам посреќен да се решат тие проблеми попрво барем малку да се доближиме до Франција одколку 100Мбпс интернет.
Шо да кажам друго, мислам дека секој што има барем малку резон ќе се сложи дека сум во право. А за тебе незнам.
И дај намали тоа навредите, незнам продадена душа, гаќи, какање ова она...Дигни си го малце нивото на дискусија.

Анонимен рече...

во врска со "француската понуда"...

дајте бре луѓе малку сериозно... незнам дали знаевте дека французите го имаат вториот по брзина и по квалитет воз во светот... одел со над 350км на саат... а нашите возови!?! ееее до кај сме и на што се радуваме...

@бојана... ова со возот ти ги раздрма ли гаќичките??? :):):)

Анонимен рече...

Море дај кажете дали знај некој дали Онет ќе ги размрдаат гаќите.

Денеска се јавував ама никој не ми се јави, ни на Инфо, ни на Супорт.

Princ рече...

Anonymous said...
Море дај кажете дали знај некој дали Онет ќе ги размрдаат гаќите.
--------------

Според ова што го кажуваш (а и јас ги барав сабајлево ама нормално дека не одговорија) изгледа навистина ги размрдале гаќите... и почнале да си ги пакуваат куферите :))

Анонимен рече...

Онет, Телекабел и другите се известени за пакетите на МТнет уште пред 2 месеци. Со договорот за купување на интернет од МТ, тој е обврзан да ги извести 2 месеци унапред за промена на понудат.

Тешко дека се изненадени во Онет!

Smasher рече...

Ќе ве замолам без лични навреди во постовите, работава е на добро да ги истераме понудиве, без кавги, ако до толку треба карање да отворам на форумот посебна тема :) (се шегувам не би го сторил тоа).
Секој си има свое мислење и не треба да биде навредуван ако мисли поинаку од некој друг, без навреди аргументирање само, така е по пристојно.

Сите си имаме свое мислење точно, сите би требало да сакаме подобро точно, треба да се стремиме кон подобро а да не се задоволиме со „дим од она“, се знае што, доколку не бараш во животот нема да добиеш. Цело време поентата ми е да не се задоволиме со ова затоа што ако направиме така нема да видиме поарно. Овие од МТ си велат на кучињава има дадовме 100GB, многу е тоа за нив, не заслужуваат тие џукели повеќе и сега треба да не ценат како богови. Епа не ги ценам како богови, зошто да ги ценам, цени си се себеси за да те ценат и другите.

Smasher рече...

За оннет немам информации дека спремаат нешто, толку од оннет сега за сега, многу врева се крена на времето, ама ете сега нема нипто. Оптоварени или застарени пристапни точки, не обновени помали линкови кон странство, стара клиент опрема и тн. Мислам дека последно се ориентираа повеќе кон телефонијата, добро би било и тие да конкурираат (или да ја подобрат услугата), ама како што стојат работите тешко.

Анонимен рече...

не е точно дека големопродажбата мора да информира за малопродажбата или обратно. во превод мтнет променува изнајмени линии - ги информира корисниците на изнајмени линии однапред. мтнет променува пакети за малопродажба - ги информира реселерите.

Smasher рече...

Слушам дека МТ од јануари 2008 можеби ќе понуди ТВ, video on demand и тн. (Ова се само непроверени гласини.)

Анонимен рече...

како непроверени, цело лето имаше пресови за тоа. иптв почнува од први јануари за првата група на „покусни куниќи“. Сто канали, видеотека, пеј пер вју.

Имам пријател од ТВ бизнисот - се зборува дека се во поодминати преговори со Фокс, ХБО, СпортКлуб. Се локализирано.

Слушајте ми го зборот, МТ допрва ќе ги изненади кабелските оператори.

Анонимен рече...

mt-net treba da ponudat usluga blowjob-on-demand pa da im prostat korisnicite sto im go spopika pred dve godini i sto ottogas navamu im pravat neviden sex so "neverojatnite" ponudi za brz i "neogranicen" internet so limit.

koskar рече...

мтнет ќе ги изненади кабелските мај ес!
у хрватска иптв-то не пројде ич и имаше милион проблеми и има куп накурчени корисници... ако у хрватска било лошо, кај нас ќе биде ужас...

замислете ги монтерите од телеком кпга ќе инсталираат... се смеам на самата помисла

Анонимен рече...

Да имавме постирано за MAX TV, искуство на еден 'задоволен' корисник.

Како беше притисни на далечинското и по 5 секунди ќе ти се смени каналот :))))

100 канали само да ги разгледаш, ќе ти треба доста време.

Анонимен рече...

ај да видиме. некој ќе се смее. :)

Анонимен рече...

Кабелтел имаат одлична негрижа за корисници, учат од махерите, се гледа. Чекам да дојде конкуренцијата во маалово и им киднуам сосе модем, не можам веќе да ги поднесам копуциве.

Марко рече...

Баш се радувам на ова IPTV. Искрено се надевам дека научиле нешто од сестринските компании како Т-ХТ и нема да се избрукаат али којзнае ќе видиме...Глупо е да лупнеш толкав кеш за инвестиции ако не ги изведеш како што треба,мада кај нас ништо не ме изненадува.Во секој случај екстра услуга ако испадне како што треба.Ме интересира ако знае некој да каже дали планираат овие канали што ги спомнавте да ги пуштат “обични“ или HD.Стварно би било екстра конечно да можеме да ги искористиме HD телевизориве. Пошто глеам има доста инсајдери :)ме интересира како иде тоа процедурата за првите “тест фамилии“ треба да се пријавиш негде или како?Само да не биде принцип на сестри браќа вујни стрини :)

Анонимен рече...

Мислам ако продлжиш толку да го фалиш МТнет на блогов, дека ќе се кандидираш без проблем, за тест.

Анонимен рече...

hd ќе има во втората фаза. тест - секој ќе добие тест период по цена на постојниот АДСЛ пакет со изнајмен сет-топ бокс. Сите што ќе се префрлат на ИПТВ 3-6 месеци ќе имаат бесплатен ХБО. Откако ќе се вклучи видеотеката исто така сите филмови 3-6 месеци ќе бидат бесплатни (за проба) за секој нов корисник.

Марко рече...

За првиот анонимус: изглеа тешко ти иде читањево малце а?:)Ај седни, прочитај пак неколку пати ако треба па после напиши нешто. Јас ги пофалив само за пакетот 100 дека е ок во моментов и дека треба да се развиваат во таа насока уште многу повеќе.Нигде ама апсолутно нигде не ги фалам онака од ракав. Побогу човече прочитај го мојот последен пост и ќе видиш колку всушност сум скептичен за целата IPTV работа токму поради тоа што станува збор за МТ-НЕТ.
За вториот анонимус: фала за информацијата друже.Јес да сакам да знам многу повеќе али веројатно толку можеш да кажеш.

Goce рече...

Predlagam site sto ste na MT.net da gi ponistite dogovorite, oti sto normalen coek moze da napravi so samo 100 giga limit. Sakame internet bez limiti. Sakam toa da bide za 20 denari sose DDV. Ne se pravete picinja i ponistete si gi dogovorite, za da gi prisilime na promena vo nasa korist. Odete na ON.net, Telekabel i sl. kako sto napravivme lani. Neli lani vetivme deka site i da imaat polosi paketi, sepak nema da gi sakame MT.net. Za mene licno minimalen paket treba da bide 100 terabajti, so 1025 Gbs za 10 den + DDV. Se' drugo e gola voda. Sami ni' gi kradat parite. Pa nasite pari imaat vrednost. Ne tuka mi dosle od nadvor i ni' ja kradat Makedonijava. Dajte da napravime vistinska revolucija. Ne tuku kje mi davaat samo 100 giga mesecno. Pa tolku kje ti odat samo na proverka na e-mail i da si procitas nekoj vesnik. Dajte iskinete gi dogovorite so MT.net, ne se pravete pederi site!!!

Анонимен рече...

Goce said...
Predlagam site sto ste na MT.net da gi ponistite dogovorite, oti sto normalen coek moze da napravi so samo 100 giga limit. Sakame internet bez limiti. Sakam toa da bide za 20 denari sose DDV. Ne se pravete picinja i ponistete si gi dogovorite, za da gi prisilime na promena vo nasa korist. Odete na ON.net, Telekabel i sl. kako sto napravivme lani. Neli lani vetivme deka site i da imaat polosi paketi, sepak nema da gi sakame MT.net. Za mene licno minimalen paket treba da bide 100 terabajti, so 1025 Gbs za 10 den + DDV. Se' drugo e gola voda. Sami ni' gi kradat parite. Pa nasite pari imaat vrednost. Ne tuka mi dosle od nadvor i ni' ja kradat Makedonijava. Dajte da napravime vistinska revolucija. Ne tuku kje mi davaat samo 100 giga mesecno. Pa tolku kje ti odat samo na proverka na e-mail i da si procitas nekoj vesnik. Dajte iskinete gi dogovorite so MT.net, ne se pravete pederi site!!!

--------------------------

каков бисер си ти... па ДУРИ 10 денари би дал... да не сакаш и PC да ти е вклучено во тие 10 денари? - зошто па да не, твоите пари ИМААТ ВРЕДНОСТ!!! :)

него, ај скокни до Жито Лукс и земи им леб за 1 денар - БИДЕЈКИ ТИ ТАКА САКАШ И НЕ СИ *ИЧКА... што ли се ќе слушнам... Гоце, ти за сега си ми НОМЕР ЕДНО!!!

Анонимен рече...

Ганчо

Слушам некои многу јаки пакетчиња се спремале од Он.Нет, дури и жичан АДСЛ се спомиња. Ај тие од компанијата нека нафрлат некој инфо, барем кога планираат да ги пуштат.

Анонимен рече...

Најверојатно во четврток ќе има инсајдерски информации, кога ќе имаат состанок со дилерите, да им ги соопштат новините.

Марко рече...

Опа бато! Видете што прави Он-нет сеа.Ете за што зборам јас! Гледате како пакетот на Мт-Нет беше чекор во права насока!Ја натера конкуренцијата да мисли малце.
Ова го зборам јас цело време...развој, напредок, конкуренција!Трк на линков:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=15916

пиво рече...

Мислам дека работиве почнаа да идат на добро:) од 10 на 100 гига е голем напредок за интермецот во МК

Анонимен рече...

Еве има реклама за оннет во утрешен весник. 101 гига, 2 мегабита, 1490 ден. месечно, а ако земете лупа ќе видите дека со ддв е 1758 денари.

Анонимен рече...

уште поголема тапа од онаа на кабелските.

"што да направиме... да ги направиме постојните корисници среќни со постабилен и побрз интернет или да донесеме нови несреќни корисници... хммм.... "

Марко рече...

Е да и ти си во право.Којзнае колку/како се технички спремни за ова...

Boban рече...

Добро е што има реакција и од Оннет. Не може многу да се коментира поради недостиг на повеќе детали, кои најверојатно ќе ги има од утре кај нив на сајт. Дали е ова жично или безжично, дали има договор итн итн. Вака на прв поглед 3ГБ пакетот изгледа најконкурентен за соодветната таргет група, но битно е да после лимитот има употреблив интернет (64/64 е колку-толку употреблив, да не е 32/32).