04 септември, 2007

И Оннет со нова понуда!!!


Тргна работава, што би се рекло...
Инаку понудата е ОК и се работи за АДСЛ (жица). Кој ќе склучи договор добива опрема на користење беспари и нема никакви трошоци за инсталација. Значи опремата НЕ се купува и НЕ се рента. Финтата со 1 денар до нова година е „шизичка“.

ЕДИТ: Бидејќи целот пост беше погрешно протолкуван, го избришав спорниот дел и сите коментари.

ЕДИТ2: Дали некој знае од коге ќе се почне со оваа понуда и дали ќе им се понуди некаков попуст на постоечките WADSL корисници? Ги контактирал ли некој? Претпоставувам дека меѓу „бежичните“ корисници има многу со исклучена фиксна линија. Понудата за WADSL се базираше на премисата дека „не ви треба телефонска линија“. Што ќе прават овие корисници? Ќе останат заглавени во лошиот WADSL, кој ако ја следи политиката на оннет, најверојатно ќе биде оставен да „умре“? Како што се случува со славното „на ББЦ рекламирано“ WIFI ONNET...

ЕДИТ3: Ако некој може нека го најде договорот за АДСЛ меѓу оннет и мтнет, кој би требало да е јавен. Чисто да видиме каков е дилот и дали оннет АДСЛ има шанси да живее...

33 коментари:

Анонимен рече...

СООПШТЕНИЕ


Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, почитувајќи го законскиот рок, согласно Одлуката за повторување на Јавниот тендер за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 3,4 – 3,6 GHz за фиксен безжичен пристап, за шест региони во Република Македонија (˝Службен весник на Република Македонија˝ бр. 84/2007) во согласност со Извештајот од извршеното разгледување и оценување на примените понуди, бр. 02-1771/95 од 22.08.2007 година изготвен од страна на Комисијата за спроведување на јавен тендер, на состанокот одржан на ден 29.08.2007 година донесе: Одлука за избор на најповолни понудувачи за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 3,4-3,6 GHz за фиксен безжичен пристап, за шест региони во Република Македонија. Во секои од шесте региони се доделени по три одобренија, или вкупно 18 одобренија.

Во првиот, Регион 1,кој ги опфаќа градот Скопје, општините Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани, Сопиште, Чучер-Сандево и Арачиново, за најповолни понудувачи се избрани:
1. Друштво за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО, Скопје,
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
2. КОСМОФОН АД Скопје,
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
3. Друштво за комуникациски услуги ИСТЕЛ ДООЕЛ, Скопје,
бул. Кочо Рацин бр. 14/4-7, Скопје

Во Регион 2, во кој спаѓаат берово, Виница,Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Лозово, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Свети Николе, Чешиново-Облешево, Штип,Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане, за најповолни понудувачи се избрани:
1. Друштво за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО, Скопје,
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
2. Друштво за комуникациски услуги ИСТЕЛ ДООЕЛ, Скопје,
бул. Кочо Рацин бр. 14/4-7, Скопје
3. Друштво за продукција и интернет услуги МАТЕЛ МК ДОО, Скопје
ул. Вера Јоциќ бр. 10/1-4. Скопје

Во Регион 3, во кои спаѓаат градот Велес, како и оштините Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино, Дeмир капија, Струмица, Радовиш,, Конче, Василево, Босилово, Ново Село, Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран, најдобри понудувачи се:
1. Друштво за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО, Скопје,
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
2. Друштво за комуникациски услуги ИСТЕЛ ДООЕЛ, Скопје,
бул. Кочо Рацин бр. 14/4-7, Скопје
3. Рудници и железарница УСЛУГИ АД Скопје,
ул. 16-та Македонска бригада бр. 18, Скопје

Во Регион 4 кој ги опфаќа градовите Битола, Прилеп, како и Демир Хисар, Крушево, Долнени, Кривогаштани, Могила, Новаци и Ресен, избрани се:
1. КОСМОФОН АД, Скопје
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
2. Друштво за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО, Скопје
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
3. Друштво за комуникациски услуги ИСТЕЛ ДООЕЛ, Скопје
бул. Кочо Рацин бр. 14/4-7, Скопје

Најдобри понудувачи во Регион 5 кој ги опфаќа Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Кичево, Македонски Брод, Другово, Зајас, Осломеј, Вранештица, Пласница, Дебар и Центар Жупа се:
1. КОСМОФОН АД, Скопје
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
2. Друштво за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО, Скопје
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
3. Друштво за комуникациски услуги ИСТЕЛ ДООЕЛ, Скопје
бул. Кочо Рацин бр. 14/4-7, Скопје и

најдобри понудувачи во Регион 6, во кои спаѓаат Тетово, Гостивар, Теарце, Јегуновце, Желино, Брвеница, Боговиње, Врапчиште, Маврово и Ростуше, се избрани:
1. Друштво за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО, Скопје
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
2. КОСМОФОН АД, Скопје
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
3. Друштво за комуникациски услуги ИСТЕЛ ДООЕЛ, Скопје
бул. Кочо Рацин бр. 14/4-7, Скопје.

Избраните понудувачи се должни да го платат еднократниот надоместок за добивање на одобрение за користење на радиофреквенции најдоцна до 20.09.2007 година на сметка на Буџетот на Република Македонија. Директорот на Агенцијата за електронски комуникации е должен одобренијата за користење на радиофреквенции да ги издаде најдоцна до 23.09.2007 година. Одобренијата за користење на радиофреквенции на избраните понудувачи ќе им се издадат за време од 10 (десет) години со право на продолжување на важноста на одобрението на начин и постапка утврдена во Законот за електронските комуникации.

Комисија на Агенцијата Претседател
за електронски комуникации Софче Јовановска



Uuu jebote samo neznam sto ke smeni ova....

koskar рече...

малце не е за тука коментарот за вајмакс али нека стои.

се шпекулираше дека целиот тендер е наместен за оннет да добие концесија... но, оннет воопшто не ни конкурирал, а и мислам дека е прескапа ваквата имплементација. времето ќе покаже...

Анонимен рече...

Ништо од WADSL от, нема нови пакети, море, море, како се заебав, па уште да земам ADSL од таму. Не му иди умот на овие.

Марко рече...

Коскар не те разбирам бе друже..Сеа не било битно дека малце се дигна конкуренцијава, се раздрма работава, нови пакети ново она ова....Не сеа битно е дека Мт-Нет им ги украл пакетите.Значи што и да се деси во државава крив е мт-нет.Чекај и Кенеди да не го утепаа од Мт-нет:) (мала шала).Не држи тоа шо го збориш. Види ок е сваќам дека си гневен, во минатото се понашаа кретенски, али мислам дека мора малце да олабаиш. Не ти е добар тој став све што иде од мт-нет или еве од он-нет од старт да се мрази...чекај полека ќе видиме па после ќе збориме кој ја усрал работата.
Шознам ова ми личи на некој fanboyism каде што све се напаѓа од компанијата што се мрази односно све се фали на велико од компанијата што се сака. Не чини тоа брат. Никоја ама баш никоја фирма не ја заслужува а приори мојата поддршка.Резултати и само резултати ништо повеќе.

Анонимен рече...

Вчера бев до Off.net и порабав раскинување на договорот за WADSL. Му објаснив на типот дека сакам да го раскинам бидејќи не го почитуваат договорот поради познатите веќе илјада пати спомнати овде причини.

Дечкото ме замоли да сум почекал до денес ќе бидат официјално објавени новите пакети. Ова понуда не ме поколеба бидејќи знаејќи ги капацитетите на off.net неможат преку wireless да ги издржат брзините сегашни што се 4 пати помали. Она што не ми се допадна вооошто е тоа што тие ме тераат да потпишам нов договор.

Кај mt.net друг е муабетот ќе си земеш за 200 денари поскап пакет, ке си купиш модем и никој ништо нема што да ти каже бидејќи немаш договор.

koskar рече...

марко,
реков дека нема да коментирам. ако не можеш да видиш шо ми е муабетот, ќе збориме дека јас мислам дека мтнет го утепал кенеди, ОК? Ја неам проблем со тоа...
кога ќе ги извадите „100 гигабајтните наочари“ ќе видите фирма полна со неспособни аматери заглавена во удобноста на монополот и минатото...

новата понуда на оннет нема врска со WADSL и неговата инфраструктура. новата понуда е АДСЛ, истиот како кај мтнет

Анонимен рече...

Не сум FAN на мт-нет. Вчера ми мигрираше договорот на (мах2 1mbps), и многу сум задоволен. До денес константно врската ми е 1,5mbps(незнам до кога ама супер е) .
Поздрав!

Марко рече...

Koskar
Извини ако грешам ама после целиов муабет јас мислам дека ти имаш некои лични проблеми со мт-нет или нивните вработени ваљда. Нема шанса толку гнев да има собрано во еден човек ако не е на лична основа..Шознам, зборам на памет, може грешам ама така ми делува.
Шо ми е мене гајле какви дебили и копуци работат во мт-нет ако јас си ги добивам моите 100 гига и 2мбпс.
Сеа малце по лајт, иам читано малце психологија и твоево понашање можеби открива дека сакаш да работиш таму а? :))
Незнам..шо да ти кажам, премногу сериозно се сваќаш себе а и работиве....дај уживај малце ;)

Filip(neo-geo) рече...

Znaci blogov ste go usrale totalno, zasto se brisat postovi??
Deka rekov se ova mi lici na nekoja prevara? Sinokja flaerov go imase samo na kajgana i tuka i sto e cudno tuka da se posomnevam....
bezveze....
inace moze nekoj da mi pokaze kade pisuva ADSL? Izglea sum slepec....

Анонимен рече...

Главното прашање дали постоечките корисници на WADSL ќе можат да се префрлат на SOLO пакетите без плаќање на пенали.

Анонимен рече...

Ќе можи!

Анонимен рече...

Procitav deka ke nemalo namaluvanje brzini tuku za sekoj sleden GB ke se plakalo po 90den+ddv. E ako e taka toga on.net sega stvarno ja preteraa.

koskar рече...

neo-geo,

не си слепец, не пишува ама е АДСЛ.
постот го сменив и избришав коментари, бидејќи видов дека работите тргнаа во погрешна насока и дека имам напишано преотровен пост. кога го видов од после, си викам ууу јеботе, не чини... и така... остана само информацијата за новата понуда на оннет.
марко,
фала за психолошката анализа. не, не сакам да работам таму. не можат они да ме платат (или јас само така си мислам, али јебига).
не сум гневен воопшто. гневот ми помина кога ми заврши договорот за адсл пред една година. само што никогаш не сум добил стручен и компетентен одговор за било што сум барал од телеком+мтнет. никогаш...
и ај да не ме анализираме веќе ок. јас не сум битен...

koskar рече...

ако оннет нема пакети со намалување брзина, нема да има корисници, ес симпл ес дет. затоа ако некој од оннет чита, видете...

Анонимен рече...

Може да се раскине договорот со Он.Нет според клазузулата "се обврзува во рок од 15 дена да го приклучи на мрежата . . ." ако времето од потпишувањето до монтирањето било 17 дена ? ? ?

Princ рече...

Може анонимец. Едноставно јави им се само и кажи им дека можат да сметаат дека договорот е раскинат бидејќи тие не се придржале кон нивната обврска, член тој и тој. Ако ти мрчат, кажи.

neo-geo рече...

ok druze koskar, neka bide...
nego mene mi se stvarno simptomaticno sto nikade ne pisuva kako ke se distribuira internetot...
malce trac...
drugarce sto ima wadsl deneska bil vo onnet i prasal nekoj od vrabotenite kakov internet ke bide ovoj, mu rekle wireless.....
zatoa mi e cudno sto nikade ne pisuva kakov e, adsl ili po nivnata canopy mreza...
ke vidime...

Анонимен рече...

денес во три фирми што ги посетив службено (неповрзано со интернет) сите три ми се пожалија на оннет.

кажете му збогум на оннет, тоа е провајдерот кој ќе пропадне следната година.

drown рече...

Избор помеѓу намалување на брзина после поминат лимит и доплата од 90 ден. (цена со ддв 106 ден.) за секој следен ГБ - нема. Секој корисник на било кој од новите пакети на он.нет е приморан да доплатува 106 ден. за секој следен 1ГБ започнат сообраќај.

Проблемот е ако некој дојде до вашето корисничко име и лозинка. И да ја менувате лозинката секој ден, доволни се 24 часа да ви направат штета од 1000 ден. Да не спомнуваме за тоа ако до вашиот усер/пасс дојдат повеќе луѓе...

(Нормално, ова може да се избегне ако едно кориснично име се додели на еден телефонски број...)

--

Миграција од старите WADSL пакети на новите ADSL е бесплатна, со оглед на тоа што, ако ви преостануваат уште 3 (4,5...) месеци од постоечкиот договор, истиот ќе се "ресетира" и ќе склучите нов, 12 месечен договор. Од друга страна, корисниците кои имаат преостанато повеќе од 12 месеци од постоечкиот договор, истиот нема да се "ресетира", односно договорот ќе важи онолку месеци колку што ви преостануваат во моментов.

--

За најслабиот пакет, Solo 3, потпишаниот договор почнува да важи од 01.01.2008 без разлика дали сте го потпишале во сеп/окт/ное/дек 2007.

--

Инсталација на опремата потребна за ADSL-от на он.нет е 1000 ден. Секако, можете да си го земете модемот во просториите на он.нет и да си го инсталирате сами. :)

За корисниците кои мигрираат од старите на новите пакети, инсталацијата е бесплатна.

--

За мигрирање ви е потреба последна платена телефонска сметка, договорот со Македонски Телекомуникации за телефонската линија, договорот склучен со он.нет за WADSL и лична карта/пасош.

koskar рече...

нео-гео,
веруј ми друже се работи за адсл, има договор (потпишан во мај годинава) со мтнет за рентање на жиците за адсл.
дали ќе старува, не знам. би требало... дали ќе работат добро (или вопшто), не знам.
кога јас би морал да бирам меѓу двете зла, би го одбрал мтнет. бидејќи не морам, сум го одбрал телекабел и задоволен сум. http://www.speedtest.net/result/182132452.png

Smasher рече...

На бизнис сајтот на ОнНет сеуште нема никакви податоци за нивните нови понуди.

maelstrom рече...

http://biz.on.net.mk/mk/node/337

Кога веќе мора да имам телефонска линија, нека ми каже некој ЕДНА причина поради која би ги избрал Он Нет, а не Мт Нет... Најсериозно, кој е одговорниот менаџер на кој му истекнаа пакетиве? Ем се поскапи, ем доплаќаш по надминување на лимит...

Smasher рече...

Сум направил превид, барав во горното мени (каде што нема вакво нешто).

Анонимен рече...

Maelstrom logicen i izdrzliv odgovor na tvojata zagatka, osven deka Off.net poleka no sigurno propaga....

Zalno...

БИЗНИСМЕН рече...

Јас нема теоретски шанси да одам на Он.Нет или на МТ.нет?
Зашто?
Еве вака денеска бев спремен да одам до телеком да си ја платам сметката што не ја имав направено поточно бидејќи ми дојде сметка за адсл кој не го користев зашо бев исклучен пред точно 1 година и да склучам договор за АДСЛ 100 на 1 година, а денеска добив и тужба за плаќање на истата во тогашно време користев адсл од 3600 денари. КОга ја видов тужбата, се премислив и нема шанси јас повеќе да имам работа со телеком, изгледа ќе ги откажам и Т-мобиле иако имам 11 броеви на бизнис корисници како претплата тоа тие изгубија од мене речиси 1000 евра месечно што ги трошиме во фирмата за телекомуникациски услуги.

Едвај чекам од наредната недела да склучам договор со ВИП новиот оператор, а за интернет ќе користам кабелски - навистина тука е поевтин од било каде.

Анонимен рече...

mol celo utro e offline

Smasher рече...

@ Бизнисмен

Арно си им направил треба човек да си ги цени парите, треба професионална услуга.

Пиво рече...

@ Бизнисмен

Како си користел АДСЛ за домашни корисници во фирма?

Бизнисмен рече...

Адслот го користев дома

Анонимен рече...

А што да правиме ние што останавме заглавени со WADSL-от? Гледам дека ќе нема никакви промени на брзината и трансферот(дури ни цената). Не е фер! Мислам дека требаше да добиеме апгрејд на пакетот, со 1mbps,и 15 гига, исто како СОЛО15...

Анонимен рече...

do deckoto na blogov nad mene, a i do site drugi. ABE BATO, ZOSTO MI SE !% GIGA KOGA JAS GO KRKAM OVA:
http://i6.photobucket.com/albums/y229/babamulon/pictures/untitled.jpg

Анонимен рече...

Pa imas sega 15 GB samo odnesi go dogovorot vo prodaznoto mesto na On net i nemoj da se zezas da se prefrluvas na nekoj od novite paketi solo 15 ili 100

jonovski рече...

Gospodo,

dali samo mene mi se slucuva ili stvarno on.net NEMA funkcionalna podrska?
na 511 0000 im treba poveke od 40 minuti da se javat, dokolku jas docekam na
linija, sto e retko, bidejki vo zavisnost od nervite isklucuvam po 20-30
minuti cekanje a nekogas i podolgo ja slusam izlitenata lenta so pesnata od
monti pajton.

Vtoro, telefonite na salonite, 3100 800 lokal 441, 461, 466. 467 po
dvaesetina sekundi dzvonenje se isklucuvaat, jasno bez nikoj da se javi.

treto, mi prakjaat izvestuvanje deka ne mi e podmiren nekoj dolg, no ne
kazuvat za koj mesec! i barat da im gi dostavam SITE uplatnici za poslednite
6 meseci! i toa na mejl naplata@on.net.mk koj ima prepolna kvota da go primi
i mojot email od edna recenica.

cetvrto, Potpolniv baranje za migracija od WADSL na SOLO15 i po celi 30
RABOTNI dena ne mozat da mi stavat ADSL na linija na koja veke e koristen
ADLS na MT net.

petto, stavaat ADSL na mojot privaten broj, iako za toa ne podnesov baranje.
Po dve nedeli sekojdnevno macenje so javuvanje vo info centarot Vidi pod
eden pogore) se uste ne uspeaa da ja ispravat greskata.

dali ova e osveta za toa sto sum sekretar na Internet Makedonija?