13 септември, 2007

ВИП

Мобилком Австрија влезе на Македонскиот пазар во февруари годинава, приложувајки најдобра понуда на тендерот. Во понудата условот беше дека компанијата мора да има најмалку 2 милиони корисници и годишен приход од најмалку 300 милиони евра за 2004 и 2005 година. Операторот ќе се вика „ВИП“, за него Мобилком ветија дека цените во нормална тарифа ќе бидат намалени за 50% (од сегашните 928,8 денари цена на просечен кориснички пакет ќе се намали на 473 денари) , а во ниска тарифа за 67% (од 675 денари на 232,5 денари). Мобилком беше обврзан да даде писмена изјава дека ќе почне со работа во рок од 6 месеци по добивањето на дозвола за користење на радиофрекфенциите и исто така дека ќе обезбеди 90% покриеност со сигнал на населението во рок од 4 години.
Објавено е дека се вработени окулу 100 домашни експерти во македонската филијала, за дозвола за работа во времетраење од 10 години однапред се платени 10 милиони евра а таа дозвола автоматски би се продолжила и по тие 10 години за плус наредни 10. Мобилком исто така тврдат дека планираат да инвестираат 50 милиони евра во наредниот период.
Доколку не се држи по правилата неговата лиценца за работа може да биде одземена.

ВИП на почеток ќе работи користејќи ја инфраструктурата на Т-Мобиле Македонија преку национален роаминг, а потоа би требало да постави свои пристапни точки.

Новиот оператор сеуште ги нема соопштено цените, не се знае дали ќе нудат интернет и не се знае со сигурност кои ќе бидат пакетите. Во Скопје - Центар е пуштена пробна мрежа (MKD-03) која што моментално е во фаза на тестирање. Според најавеното би требало да почне со работа по 20-ти Септември оваа година. Префиксите кои што ќе ги користи овој оператор ќе бидат 077 и 078.

Мобилком исто така функционира во Австрија, Србија, Хрватска, Словенија, Лихтенштајн и Бугарија. Цените овде, во Македонија според она што е веќе кажано нема да бидат како на пример во Србија - постои само една тарифа 4 денари минута кон сите мрежи во земјата, или пак во Хрватска 7 денари минута кон сите мрежи во земјата.

Во меѓувреме кружат гласини дека можеби за скоро време ќе биде распишан нов тендер за четврт мобилен оператор.

Edit 19-09-2007:
Денес (19.09.2007) „ВИП“ почна со работа.
Нивната единствена понуда е објавена на нивниот сајт цитирам:
„...за 7,7 денари (9,09 денари со вклучен ДДВ) кон сите мрежи... ...корисниците плаќаат 200 денари за СИМ картичката... добиваат СИМ со 200 денари кредит за разговори)...“
Edit 20-09-2007:
GPRS интернет: 1MB=71ден

34 коментари:

Анонимен рече...

Znaci kako go gledam ova, vladata treba da im ja odzeme licencata, zosto veke imaat prekrseno najmalku edna od tockite vo dogovorot. ako pocnale vo februari, da kazeme najkasno 28(29) februari, togas 6 meseci najkasno bi bilo 31 avgust, a ne 20 septemvri. Plus za cenite kako se shushka e deka veke se pishmanat i se vadat na toa demek ne e ekonomski isplatlivo so takvi ceni (prethodno najavenite).

Анонимен рече...

plus toa trebase svoja mreza da postavat, a tie stanaa obicni reselleri na tmobile :)

odam na relax family i ne mu ja mislam. :)

Smasher рече...

Како што сум информиран опоменати се веќе дека доколку не се придржуваат по правилата ќе им биде одземена дозволата, од Мобилком велат дека се ќе биде според правилата, дека се сериозни и тн.

Анонимен рече...

За сите информации и новости за ВИП: http://www.vipoperator.com.mk/

Tigar рече...

Viva la Mt.net & T-Mobile

Кога некој ќе успее нив да ги симне од тронот, тогаш ќе можеме да збориме за ефтин интернет, уште поефтини импулси... онака ич глава да не те боли.

До тогаш само си правиме филмови и ќе дебатираме до бестрај... :S

Smasher рече...

И Космофон на почеток почнаа со користење на пристапните точки на Мобимак потоа ставија нивни...
...и еве денес до кај стасаа со цените исти се како Т-Мобиле Македонија.

Цените на разговорите се скапи, додека за интернет да не правиме муабет. И двата оператори имаат стигнато само до GPRS (EDGE има во Скопје-Центар само Т-Мобиле МК) и + тоа цените се скапи мноооогу скапи. 1MB=30ДЕН + на тоа 19%ДДВ кратко кажано недостапно. Исто така Т-Мобиле МК има ставено на одредени локации (хотели, ресторани, кафичи и тн.) Hotspot-ови со безжичен интернет кој се тарифира по часови и исто така е многу скап.

Smasher рече...

Да се надополнам за hotspot-овите на Т-Мобиле МК:
Реков безжичен интернет мислев на WiFi дека и GPRS-от технички е безжичен.

Марко рече...

@Smasher

Во право си дека сеуште сме многу назад со мобилната технологија. Замисли тек од сега па за 6 месеци вероватно Т-Мобиле ќе понуди 3G.
Исто така многу ме нервира тоа што немаат понуда како сегде во странство на пример доплаќаш 1000 денари месечно и имаш неограничен интернет на мобилен, или помали пакети за 300,400,500 денари. Меѓутоа вероватно нема интерес кај нас за користење интернет на мобилен па затоа и не се замараат многу.
Инаку што се однесува до покриеноста со EDGE не си баш во право бидејќи покриени се сите градови односно поголеми населени места. Мислам можам да тврдам бидејќи лично сум користел на многу други места низ Македонија.
Иначе покриеноста можеш да ја видиш тука: http://www.t-mobile.com.mk/mk/privatni/korisnicki_uslugi/gprs_edge_pokrivanje.php

Smasher рече...

@ Марко
Не велам не, фала богу одамна се откачив од интернет услугите на нашите мобилни оператори така што во скоро време ги немам многу разгледувано нивните „бесценети“ понуди :).
Работата е:
-Што ако се покриени поголеми реони кога цената е недостапна? Исто е како да го нема тој интернет пристап, па дури и бетер. А и јас би сакал да има понуди за GPRS и EDGE па и на UMTS нека одат со нормални цени. На времето праќав мејлови ама џабе само сакаат да земаат пари, а ништо да не даваат.

Марко рече...

@Smasher
Точно, во право си. Сеуште големата цена ја спречува пенетрацијата на мобилниот интернет кај нас.Исто така и малиот интерес си го прави своето...
Ајде да се надеваме дека ќе се раздрмаат работите малце во наредниов период

Верверичката рече...

Не верувам дека ни овие нешто серозно ќе направат во доменот на услуга и на цени.
А само да бидете проинформирани, доколку не знаете, дека пред повеќе од половина година, Т-Мобиле ја купи Космоте групата во Грција, што значи, ќерка-фирмата што е овде - Космофон, е под индиректно влијание на Космоте, кој, уљаља - е во сопственост на Т-Мобиле.
Кога на МТВ вестите ова го кажаа на почетокот на годинава мислев дека богзнае колку статии и колумни и расправии ќе се има по новини - ама ич, ништо, зип... Никој ни прст не помрда нешто да каже или направи.

Космофон за некоја унца е поефтин денеска од Т-Мобиле...
Чиста пресметка:
Мене ми е 7 денари со ДДВ навечер кон било кој оператор и фиксна телефонија, за денски не зборувам пошто никој со просечен џеб не зборува дење. Пораките ми се по 4 денари со ДДВ заедно...
А во сето тоа вкалкулирано дека при додавање на кредит не ми се одзема ДДВ, односно се внесува целата сума што сум ја платил.
Така излегува дека Т-Мобиле наплаќа по 11 денари со ДДВ за минута во евтин режим во припејд и тоа само кон Т-Мобиле, додека Космофон по 7 денари кон сите оператори.

За мобилен интернет и да не зборуваме, а за 3Г, удрете уште едногодишен зимски сон, па дури и после сонот ако случајно стават 3Г, ќе биде ѓавол и пол скапо...

Smasher рече...

Кога ќе воведат 3G како што се настроени по табиетот цените ќе „цветаат“ - 500евра 1МБ :) ахахахахахха...

Марко рече...

Хах...којзнае како ќе биде со цените за 3Г...Ако ја тераат истата тактика од 98 со цени до плафон боље ич нека не ставаат.
Мада познавајќи ги Т-Мобиле по се изгледа така ќе биде.
Ајде ако ништо друго може ќе пуштат бесплатен тест период :)))

Анонимен рече...

Izvinete no ako ocekuvate od 3G nesto ke se razocarate. Rabotata ispadna preskapa igracka bez povratok na investicii..

WiMaxot tokmu e toa - 3G killer.

Dolgorocno ke imate 2 provajdera - eden opticki do doma/zgrada za multimedia, download i surfanje + 1 wimax za vasiot laptop/dzeben kompjuter ili vikendica.

Марко рече...

Види, точно е дека 3G е веќе рудиментирана технологија меѓутоа може да послужи како добра основа за популаризирање на мобилниот интернет и понуда на нови сервиси. Имено кога светските оператори сватија дека не го постигнува очекуваниот успех почнаа масовно да ги намалуваат цените што доведе до големо згомеување во искористеноста. Само за пример видеотелефонија во Бугарија е околу 10 денари, исто во Србија, Хрватска а во Грчка е уште поефтино.Мобилниот интернет е исто така многу ефтин и употребата постојано се зголемува на квартална база.
Инаку што се однесува до WiMax, до негде можеби си во право меѓутоа според релевантни аналитичари нема да го постигне успехот на WiFi поради низа лимитирачки фактори од технички аспект. Фиксниот WiMax одамна е стандардизиран ама никако да земе замаф. Мобилниот WiMax сеуште не е стандардизиран и сеуште е прескапа технологија да се имплементира во мобилните уреди. Меѓутоа настрана цената, техничките лимитации исто така во голема мера го ограничуваат да стане мејнстрим.
Според мене, мислам дека сепак иднината на мобилниот интернет е HSDPA, HSUPA, 4G односно 4.5G. Имплемтацијата е многу полесна и практично нема технички ограничувања во однос на искористеност, покриеност, оптимална искористеност, проблеми со фрекфенциски преклопувања и слично. 4G овозможува фантастични брзини. Еве на пример NTT DoCoMo успешно тестираше 2.5Gbps брзина на 4G мрежа во движение од 20км на час. Огромна предност е тоа што во метрополитен области каде физичките пречки и густата градба се огромни тие воопшто не претставуваат проблем, што не е случај кај 802.16m.

Анонимен рече...

Ова све е можда така, но како тргнала работата, ќе имаме и 5G, и 6G и 7G. се само на хартија, а ништо во реална масовна имплментација. Сите овие нови г ови се обид да се повтори единствената навистина успешна европска приказна а тоа е GSM.
А за кај нас не е за очекување ништо добро, со неспособен регулатор, некомпетентни и лесно подмитливи државни службеници, отсуство на институција или било каква стратегија за развој. Се ќе се сведе на моќниот Т-мобиле, Т-ком и неговата market development, која по нашки кажано значи МАКСИМАЛНИ ЦЕНИ, ЗА ШТО ПОМАЛ СООБРАЌАЈ И ПОМАЛИ БРЗИНИ, ШТО ПОДОЛГО ВРЕМЕ.
Банана државички и Мирко, Трајче и Трпче изгледа си го заслужуваат тоа.

pijan рече...

utre ke gi znaeme cenite na VIP

Марко рече...

Во право си, операториве грчевито се трудат да го повторат успехот на GSM. Хах одма ми текнува најпрост пример со MMS-от. Фина замисла меѓутоа успех никаков.SMS и понатаму останува еден од најголемите извори на приходи...Меѓутоа светот мора да се движи напред, можеби сега се на папир и во експериментална фаза толкави брзини меѓутоа во многу земји во Европа и светот 3.5G е реалност со брзини до 7-8Mbps. Е сега масовна искористеност е друга прича и зависи од низа фактори..
А за Македонија..ах што да кажам освен дека е жалосно колку си во право.

Smasher рече...

Всушност и SMS-от е скап - одприлика 5 денари за 160 бајти (најчесто препраќани во рамките на една мрежа).

Анонимен рече...

Првите цени за ВИП от ги објави BUG, како може ова бе.

http://www.bug.hr/vijesti/?id=82009

Дури и на нивната страна нема ништо, ц ц ц ...

Марко рече...

Ете стартуваше и Vip.
7.7 денари кон сите мрежи, 24 часа на ден.

Пиво рече...

Ќе ми каже ли некој што е на кејблтел, дали блокираат п2п портови? Зошто слушнав дека во Ново лисиче било така, а во другите населби не. Планирам да се префрлам кај нив, или евентуално на АДСЛ, па ако знае неокој нека напише.
Фала:)

Smasher рече...

„...за 7,7 денари (9,09 денари со вклучен ДДВ) кон сите мрежи 24 часа на ден..., ...корисниците плаќаат 200 денари за СИМ картичката, но добиваат СИМ со 200 денари кредит за разговори)...“
Таа им е понудата, така пишува на нивниот сајт.
http://www.vipoperator.com.mk/cm/media/
index.php

daywalker рече...

за пиво...

Колку што знам, не одобруваат користење на емуле и сл, ама торентите работат без проблем.

Анонимен рече...

Знае некој цена на СМС (без ддв ќе ве молам) на они шо наместо радио бранови имаат љубов у ваздуху?

Анонимен рече...

A nekoj znae li kako ke gi tarifirat tie 7.7 denari, dali na minuta ili sekundi oti ako e na minuti pak e skapo

Марко рече...

Хахахаха
Значи нема конкуренција кај нас дефинитвно!Истото срање пак се повторува...
Значи ова 7.7(9.09)ден. минута е само промотивен период.
Цените после се следниве:
http://www.vipoperator.com.mk/cm/offer/prepaid/pptariffs/speacial/prices/index.php

60 денари 1МБ ГПРС?!?! Па со кој памет бе луѓе?

Анонимен рече...

Зедов број ама исто ко да не зедов :/ никаде не можам да се јавам, секој пат кога ќе пробам да се поврзам добивам Not Allowed и се прекинува повикот. Треба да пробам едно 10 пати за да „фати“ еднаш... мех... срање

Анонимен рече...

Ponudata e nikakva, ne veruvam deka ke privlecat korisnici so taa ponuda, a i tarifiranje na 1 minuta ti e sranje

daywalker рече...

Ова ВИП е којзнае каква зааебанција, со цениве нема врска - во споредба со Хрватска и Србија. Јас слушнав од некои пријатели дека менаџерскиот тим им е составен 99% од пребеганите менаџеришта од Космофон и Мобимак (не го викам Т-мобиле зашто нема врска со нив) и од којзнае кои причини и се курч** колку можат повеќе. Зафркавале фирми што им уредувале продажни салони, по х месеци не им плаќале за работа и им барале дури и сметки со набавна цена од тоа што им го уградувале во тоа салоните.

Не ја бива работава ни со 15 оператори.

Марко рече...

Дефинитивно уште едно разочарување за Македонскиот народ.
Побогу каде се тие 71.1%намалување? Да, можеби со некои математички егзибиции и формули може да се дојде до таа цифра ама во суштина нема врска со реалноста. На крај пак ништо не се смени.
Значи неможам да се изначудам како стигнавме до тоа дереџе да бидеме депонија на пропали менаџери и профитери.
Дефинитивно уште една пропуштена шанса за вистински промени, и нажалост уште една неуспешна прикаска во телком бизнисот.

Smasher рече...

GPRS (ден./MB)

60
(70.8 со
вклучен ДДВ)

Со еден збор - НЕ.
Хахахахахах 1MB=71денар, патетично.

Марко рече...

Сеа баш правев search на мрежи...VIP го нема.
Чекај, значи овие воопшто немаат пуштено свои базни станици? Комплетно се на грбот на T-Mobile...значи добивме MVNO :)
Се прашувам дали кога ќе постават свои базни станици сепак ќе може да очекуваме реално поевтинување...(воопшто не ми се верува)
Вака чим купуваат минути на ангро, односно нац.роаминг со од T-Mobile пиши му крст.

Анонимен рече...

Зима иде,
КУ* се тресе у ладна вода!!!

Македонија ти нуди шарени бермуди.