22 октомври, 2007

Кој како опстoјува

МТ
Да почнам од МТ, историјата на МТ е најдолга од сите, поради тоа што МТ беше меѓу првите компании што понудија интернет во Македонија. Најпрвин се почна со dial up интернетот, кој што беше најнепрактичниот интернет за користење и за плаќање, како од техничка така од наплатна гледна точка (техничка мала брзина и непостојана конектираностм наплатна нефиксирана сума на плаќање). Потоа се појави и ADLS-от кој што беше неограничен одреден преиод но со една мала напомена во договорот дека може да биде услугата ограничена на 4ГБ трансфер. И бидна и тоа, се ограничи интернетот, имаше незадоволни корисници, некои останаа со договорите некои ги скинаа зависи кој како можел/сакал. Во меѓувреме се отворија останати провајдери кои што земаа интернет од МТ, исто така ADSLот се користеше и во повеќе јавни и приватни установи и други места така што дали ќе има многу физички лица за користење на услугата интернет или не сепак беше профитабилно за МТ. Исто така тој беше купен од Маџар телеком, а Маџар беше во сопственост на Дојче телеком.

Оннет
Се појавија подоцна од МТ, како нивна конкуренција со залет да го престигнат ADSLот на МТ преку нивниот WADSL. И беше што беше се виде како испаднаа работите некои корисници беа задоволни некои не одреден период. Оннет освен како WADSL спроведе интернет и како WiFi (ограничена територија на Скопје), а денес дава и ADSL пакети кои што се со нефиксирана цена. Исто така се имаат приклучено и во фиксната телефонија преку МТ. Сега се оди на удирање на акцентот на ADSLот и на телефонијата. Исто така нудат и dial up.

Телекабел
Функционираат како кабелски оператор и интернет провајдер. Линковите ги земаат од повеќе провајдери меѓу кои спаѓа и МТ. Досега за нив поплаки можам да речам дека не сум слушнал.

Cabletel
Нудат кабелска телевизија и интернет. Сеуште ги користеа старите линкови од помалите кабелски оператори кои што ги купија. Поставуваат оптика и би требало веќе да биде пуштена. Веќе имаат купено своја IP класа.

Неотел
Купуваат интернет од странски оператори и воглавно до сега нудат бизнис понуди, меѓу кои спаѓа и WiMax-от кој што за година дена би требало да го има и за физички корисници.

Постојат и други помали интернет провајдери, но воглавно интернет земаат од овие поголемиве или евентуално линк од странство.

Наравоучение со или без корисници МТ ќе опстои уште долго време на нашето поднебје (продава интернет на големо), сепак и тој лимит од 4GB се тргна со новите пакети заменувајќи го со друг лимит во зависност од пакетот што значи повеќе физички корисници во оние реони каде што нема конкуренција. Конкуренцијата доколку е вистинска може да биде движечка сила кон подобри и поевтини услуги на пазарот. Кај нас таа барем почна да се зголемува. И како што велам општо гледано еден просек да се направи понудите иако можеби се далеку од добри сепак се стремиме кон прогрес и се надеваме дека во блиска иднина ќе биде подобро.

16 октомври, 2007

Простување со Великанот

Да издвоиме момент од нашето време и да му изразиме почит на Великанот кој што многу рано не напушти.
Великанот, нашето богатство
Тоше Проески, трагична загуба, вечен спомен...

Со почит

06 октомври, 2007

Внимание потенцијални корисници/корисници на ADSL (MT)

Како што сум информиран МТ почнаа да даваат веќе претходно конфигурирани ADSL модеми, кои што всушност се заклучени за конфигурација од страна на корисникот.
Моделите се D-Link 360-R кај кои што корисникот нема пристап значи нема: web interface, telnet, ssh, при обид за скенирање на овој модем се добива дека сите негови порти се затворени, модемот работи во bridge mode. Вакви модеми се ставени во употреба воглавно во Македонија, Унгарија и во Црна Гора. Според информациите овој модем е всушност базиран на D-Link 360-T, а кај него може да се воспостави дирекна контрола од страна на корисникот.

Исто така внимавајте на можните Phishing напади, кои што се актуелизирани во последно време.

Frog Mobile

Претставуваат уште едно олицетворение на Cosmote, ќе ги спроведуваат комуникациските услуги во Македонија користејќи ја мрежата на Cosmofon. Работат на prepaid варијанта со ваучери и цените се:
БЕЗ ДОДАДЕН ДДВ
Повици кон FROG / други мобилни мрежи / фиксна мрежа: 6,9ден/мин
SMS: 3,9ден/порака
Цените се земени од нивниот сајт наменет за Македонија линк.
Броевите кои што ќе ги доделуваат на нивните корсинице се 0768xxxxx (+389768xxxxx).

02 октомври, 2007

Измена

Телекабел излегоа со измена во понудата за физички лица:
Претплата: 500ДЕН (за интернет) + 350ДЕН (за кабелска) = 850ДЕН
Доплата: за неограничен трансфер 1850ДЕН - цените се сосе ДДВ
Трансфер: 3GB вклучен во претплатата, за секој надминат 1MB се доплаќа 0.5ДЕН се до дополнителни 1000ДЕН при што потоа се намалува брзината со текот на симнувањето а не се доплаќа повеќе. Upload не се наплаќа.
Брзина:
4096/512Kb/s до 3GB
2048/512 од 3 до 6GB
1024/256 над 6GB
*Потоа незнам брзината како ќе се намалува, не ми е проверено, доколку дознаам за одредени измени ќе пишам.
Порано беше:
2048/512 до 4GB
1024/256 од 4 до 12GB
1024/128 од 12 до 30GB
512/128 од 30 до 70GB
256/128 над 70GB
Договор: месечен
Објавено е на инфо каналот на Телекабел, во статистиката за остварен сообраќај кај мене пишува:
Soobrakaj vklucen vo pretplatata: 3.000,00 MB
Така што значи дека е веќе уважена и имплементирана во бројачот оваа измена.

Во меѓувреме:
CableTel имаат веќе купено своја IP класа за некое време со досредувањето на оптиката најверојатно ќе почнат да функционираат подобро.
МТ почнаа со масовни акции на поставување „инфо кампови“ низ Центар (Скопје) а верувам и наокулу. Во нив имаат поставено по 2-3 компјутери на кои што може некој од заинтересираните купувачи да просурфа, исто така имаат поставено луѓе за делење на флаери со септемвриските понуди наокулу.
Оннет со неговата нова понуда најмалку го забележувам низ градов.
VIP се рекламираат поинтензивно, и тие исто така поставуваат „инфо кампови“.
Нешто многу е тивко...
WiMax провајдериве ги нема на по масовно и достапно за физички лица ниво, до сега сметам дека требаше да има некои WiMax понуди, имаше издавање на лиценци, но сеуште нема ништо (Neotel нуди WiMax, но тој е само за бизнис корисници) можеби ќе има некои измени во наредниов период. АЕК веќе ги има предупредено за можно одземање на лиценцата за користење на фрекфенциите Cosmotelco и Nexcom Македонија. Од Nexcom Македонија тврдеа дека во текот на септември ќе почнат со работа и дека за една година ќе опфатат 90% покриеност на населението. За националната лиценца Nexcom плати 151.002 евра. Додека Cosmotelco регистрира фирма под името Друштво за телекомуникациски услуги "Америком" и најавија 60% покриеност на населението во рок од една година. Тие платија 1.500.000 евра за лиценцата.
Исто така издадени се лиценци и на Неотел, Космофон, Истел, Мател и РЖ Услуги. Неотел најави дека ќе почне со поставување на мрежата и до крајот на 2008 година целата територија на Македонија ќе биде покриена. Инаку тој има одобрение за работа во сите 6 региони.
Од Космофон најавија дека планираат да ја зголемат понудата на услуги, исто така и можно влегување и во фиксната телефонија.
Мател најавија дека ќе воведат triple play услуга - интернет телефонија, телевизија и интернет. Овие провајдери платија над еден милион евра за добивање на лиценците.