06 октомври, 2007

Внимание потенцијални корисници/корисници на ADSL (MT)

Како што сум информиран МТ почнаа да даваат веќе претходно конфигурирани ADSL модеми, кои што всушност се заклучени за конфигурација од страна на корисникот.
Моделите се D-Link 360-R кај кои што корисникот нема пристап значи нема: web interface, telnet, ssh, при обид за скенирање на овој модем се добива дека сите негови порти се затворени, модемот работи во bridge mode. Вакви модеми се ставени во употреба воглавно во Македонија, Унгарија и во Црна Гора. Според информациите овој модем е всушност базиран на D-Link 360-T, а кај него може да се воспостави дирекна контрола од страна на корисникот.

Исто така внимавајте на можните Phishing напади, кои што се актуелизирани во последно време.

39 коментари:

Mitko рече...

I sto ako se takvi modemite? Povtorno toa e pricina za vojna? ;)

Smasher рече...

Се разбира дека не, само јавноста треба да биде информирана што всушност ќе купи.

Анонимен рече...

Што значи ова? Може да ти блокираат одреден сообраќај или слично?

Анонимен рече...

Да, што е поентата?

Smasher рече...

Поентата е што немаш контрола врз сите подесувања на модемот само се конектираш и се дисконектираш.

Анонимен рече...

Си го плаќаш и е во твоја сопственост, па ако сакаш да го користиш за друг провајдер на пример Онет, остануваш со подесувањето од МТнет.

koskar рече...

360R модемите се смешка! ако ги барате на сајтот д-линк нема да ги најдете. како што рече смашер се користат само во унгарија и црна гора и сл.
не успеав да видам кои карактеристики ги има 360R, али прилично сум сигурен дека е само АДСЛ... значи ако е вистина (како што гласно ветуваа "mtnet fanboys-ите" на блогов) дека од нова година мтнет ќе понуди АДСЛ2/+, тие што го купиле модемов, а сакаат да се префрлат на АДСЛ2/+, ќе можат 360-ката да си ја користат како потпирач за книги... (ако имаат полица со книги, се разбира)
иначе DSL-380T кошта 30 евра во германија
(не можев да најдам кој шитка адсл модеми кај нас. изгледа никој)

и покрај тоа што ми смета да ми шиткаат „заклучена електроника“, овој потег на мтнет би бил оправдан ако:
1. мтнет ги дава модемите џабе на користење.
2. модемот може да се користи (очигледно не и овој) и со евентуалните идни понуди на мтнет.
3. модемот е релативно нов модел, а не некоја скапаница која одамна не се произведува и за која повеќе не постои поддршка ни од производителот!
изгледа дека мтнет не исполнува ниту еден услов, али 30 евра у џепче, се 30 евра у џепче, не?

Анонимен рече...

пазете... модемот е Р а не Т.. буууууууу. на тоа се сведе работава? МТНет ги растури сите овој месец и нешто. Точка. :)

koskar рече...

Anonymous said...

пазете... модемот е Р а не Т.. буууууууу. на тоа се сведе работава? МТНет ги растури сите овој месец и нешто. Точка. :)

видиш дечко, тоа е проблемот... затоа е мтнет шит фирма и де факто монопол...
им се може па им учукуваат на корисниците застарена опрема за по 30 евра. опрема која никој веќе не ја користи и која ќе биде некомпатибилна со АДСЛ2/+. таква ароганција се враќа како бумеранг...

koskar рече...

да ставам во посебен пост:
D-LINK 360R не се произведува ни продава никаде!
тоа ви е како во форд да ви продаваат ескорт од 1992 со цена како фокус од 2007, а вие да треба да сте благодарни што имате што да возите и од благодарност на врботените да им го земате еднаш неделно, онака спортски....
затоа анонимец не јади многу бабури; многу добро знаеш дека не се работи за R или T, туку за добро позната деловна логика на мтнет: гомна да им дадеме, со сласт ќе ги изедат

Анонимен рече...

Никој друг не продава адсл модеми кај нас?

Анонимен рече...

pa odi vo niko i kupi si d-link modem. nikoj ne ti preci.

koskar рече...

веројатно продаваат и кај нас, ама не можев да најдам онлајн. има нешто во логин ситеми, некој линксис за 1600 денари со ддв. модемот е и адсл2+...
во нико не видов (барем не онлајн)

не е тоа поентата, нели?

Анонимен рече...

neli

pijan рече...

metnet od nova godina ke ponudat adsl2 !?!?!
he he

mozebi od slednata :)

Smasher рече...

За SpeedTest
Мерете брзина на конекција од друго место еве Париз земете го, од моиве мерења забележав дека линкот во Софија им е оптеретен.

Bukarski рече...

читам се повеќе луѓе, меѓу кои и многу мои познаници и пријатели се жалат со денови на проблеми т.е. со немање на конекција од страна на нивниот провајдер ОнНет.

бидејќи овој блог беше збирно место за поплаки и иницијати од тој тип, го отворив со надеж дека тука ќе најдам некоја поаргументирана дискусија. ко, отворам гледам ништо... што така?

vlade рече...

Mojot D llink 360t go fleshuvav sega ima i adsl2 sposobnosti.Samo ne preporacuvam sekomu da go proba istoto,,,Modemot moze da ne mu se"razbudi".Procepkajte malku po FTP serverot na d link i ke go najdete fiirmwarot..

skopjewifi рече...

Модемо е одличен за тие пари, и не е некофигурабилен, па дури ќе се зачудите што моеже да се менува во него.

Еве едно кратко упатство како да му пристапите на него:
Извор(и детали):
http://www.skopjewifi.com/forum/viewtopic.php?id=211

Е сега кратко и јасно за да можеш било што да правиш со модемот потребно ти е:

-WInPcap.

-Програмчево SM50B нуди скоро целосно и предоволно инфо за модемот и коенкцијата, ама нема опција за промена на конфигурацијата

-http://www.skopjewifi.com/downloads/TCC … v0.7.1.rar стартуваш pass ти е admin, со help имаш листа на команди


Овде имаш кратко инфо за истово. Бев изненаден на почетокот како нема никаква опција за конфигурирање но се излажав, има СЕ!

Анонимен рече...

Абе и Off.net го дава истиот модем со нивните ADSL пакети. Ако сакате да си купите можете и сами никој не ви брани.

Анонимен рече...

Кај Онет е барем гратис, ама некој да ти го продава така заклучен, не е добро кон корисникот...

Верверичката рече...

Не дека има некоја врска со темава, само да ви докажам колкава ми беше брзината на почетокот на Август месец на Роби во Штип... Па сами чудете се.

http://img228.imageshack.us/img228/4371/16mbig5.jpg

Анонимен рече...

Драги колеги, еве јас сум еден од тие што се заебаа со d-link 360R модем од МТнет, купен со пакет МаxADSL 100. Од пусто брзање, и поради огромна гужва во салонот на мт, и голема желба од моја страна, не ни прашав за моделот на модемот, со претпоставка дека е 360Т, и на мое големо изненадување приметив дека е уствари R моделот.До сега е во ред целосно сурфањето, torrents, emule, limewire, rapidshare ... но сепак останува сомнежот ...

Пиво рече...

@Верверичката

И кај други луге понекогаш им се зголемува неколку пати брзината, ама тоа трае неколку минути:( Сигурно тестирале нешто.
И јас пред 2 години кога бев на АДСЛ 384кб, симнав цел филм од 700МБ за 5 минути. Брзината ептен ми се зголеми ама само на кратко.
Знам каква возбуда е тоа:))

Верверичката рече...

Види, тоа се убо... Ама во Штип тоа траеше 5-6 дена... Па ти види го задоволството и парите дадени за ДВД дискови...

Smasher рече...

700MB за 5мин, тоа доаѓа дека имаш сурфано со 18.(и нешто)Mb/s.

пиво рече...

Незнам што се случи тогаш, симињав со 2-2,5МB/s преку DC++, ама после тоа не се пушташе филмот:) Пробав да го поправам преку divxfix и слични ствари, ама ништо од тоа. Неколку пати ми се има случено така со DC++ да симнам филм со голема брзина, но после тоа филмот не се пушта:(
И мене не ми се верува како е тоа можно, кога модемот е сетиран на 384Kb/s, да влече 18Мb/s?

Можеби имало некоја грешка во програмот со кој што симнував(DC++)

Анонимен рече...

А што не се ставите на некоја community open network, нит има лимит и е бесплатно, башка иде со брзини неколку пати побрзо од најдобриот ADSL.

Smasher рече...

Anonymous said...

А што не се ставите на некоја community open network, нит има лимит и е бесплатно, башка иде со брзини неколку пати побрзо од најдобриот ADSL.

9:44 AM, октомври 12, 2007
-------------------------------
А таква мрежа достапна за сите или барем за повеќето е која?

Анонимен рече...

i mene isto taka ednaska dvaputi kao mal

maelstrom рече...

Вчера баш местев кај едни роднини АДСЛ и приметив дека на R моделов одредени порти се заклучени. Немав време да пробам да видам торенти како работат, но emule дефинитивно имаше low ID. Срање потег, у секој случај. Тие што допрва треба да стават АДСЛ (од Мт Нет или Он Нет) нека си набават модем од друго место ако сакаат да немаат проблеми со download преку p2p.

Анонимен рече...

Нема вез, јас земв 360R со пакет адсл100, и можам да потврдам дека не се затворени портите. Е-муле пуштам на стандарни порти и си има High ID. Кај тебе ад ее рпоблем нешто со виндоусот? и нормлно не сум врботен во МтНет :)

Анонимен рече...

Da ne znae nekoj kade se proveruva ostvaren soobrakaj na cabletel ?

Dejan рече...

" Ѓоле да није холестерол ѓоле? "


Само да споменам дека 360Т и 360R модемите на D-LINK се разликуваат само по тоа што едниот има web интерфејс а другиот нема. Како и да е функциите се тука и на R моделот само што им се пристапува на друг начин, тоест преку телнет конзола. Еве упатството од српскиот t-kom web сајт.
http://www.t-com-cg.com/privatni.aspx?akcija=422&id=555
http://www.t-com-cg.com/privatni.aspx?akcija=422&id=556

дарко рече...

Што се дешава со Кејбл Тел... Сурфаш, сурфаш и наеднаш прекунва on line сијаличката на модемот и после 5-10 сек се враќа пак у нормала.. Веќе 2 дена прави вака.. WTF е проблемот? Кај некој друг нешто слично?

Анонимен рече...

Isto e i so Telekabel od 19 Oktomvri. denes e najloso

пиво рече...

Anonymous said...

Isto e i so Telekabel od 19 Oktomvri. denes e najloso
-----------------------------
И кај мене е така, некои страни не ги отвара, треба повеќе пати refresh за да ја отвори, форматирав и пак истиот проблем. Веќе една недела е така.

Анонимен рече...

abe kakva vi e brzinata na Telekabel ovoj mesec?

Kaj mene nemoze poveke od 50 KB/s da ide (ova od rapidshare).

Momentalno siminjam Adobe Reader i ide so 25 KB/s !!!!!!!

Kaj site li e ova, ili samo kaj mene?

Анонимен рече...

Абе што се дешава со нетот на мт нет ? има некој некоја информација. Во последните 3 дена добивам disconnects секои 2-4 минути + некогас се блокира и нејке да се конектира. Дали некој исто има ваков проблем или ?