02 октомври, 2007

Измена

Телекабел излегоа со измена во понудата за физички лица:
Претплата: 500ДЕН (за интернет) + 350ДЕН (за кабелска) = 850ДЕН
Доплата: за неограничен трансфер 1850ДЕН - цените се сосе ДДВ
Трансфер: 3GB вклучен во претплатата, за секој надминат 1MB се доплаќа 0.5ДЕН се до дополнителни 1000ДЕН при што потоа се намалува брзината со текот на симнувањето а не се доплаќа повеќе. Upload не се наплаќа.
Брзина:
4096/512Kb/s до 3GB
2048/512 од 3 до 6GB
1024/256 над 6GB
*Потоа незнам брзината како ќе се намалува, не ми е проверено, доколку дознаам за одредени измени ќе пишам.
Порано беше:
2048/512 до 4GB
1024/256 од 4 до 12GB
1024/128 од 12 до 30GB
512/128 од 30 до 70GB
256/128 над 70GB
Договор: месечен
Објавено е на инфо каналот на Телекабел, во статистиката за остварен сообраќај кај мене пишува:
Soobrakaj vklucen vo pretplatata: 3.000,00 MB
Така што значи дека е веќе уважена и имплементирана во бројачот оваа измена.

Во меѓувреме:
CableTel имаат веќе купено своја IP класа за некое време со досредувањето на оптиката најверојатно ќе почнат да функционираат подобро.
МТ почнаа со масовни акции на поставување „инфо кампови“ низ Центар (Скопје) а верувам и наокулу. Во нив имаат поставено по 2-3 компјутери на кои што може некој од заинтересираните купувачи да просурфа, исто така имаат поставено луѓе за делење на флаери со септемвриските понуди наокулу.
Оннет со неговата нова понуда најмалку го забележувам низ градов.
VIP се рекламираат поинтензивно, и тие исто така поставуваат „инфо кампови“.
Нешто многу е тивко...
WiMax провајдериве ги нема на по масовно и достапно за физички лица ниво, до сега сметам дека требаше да има некои WiMax понуди, имаше издавање на лиценци, но сеуште нема ништо (Neotel нуди WiMax, но тој е само за бизнис корисници) можеби ќе има некои измени во наредниов период. АЕК веќе ги има предупредено за можно одземање на лиценцата за користење на фрекфенциите Cosmotelco и Nexcom Македонија. Од Nexcom Македонија тврдеа дека во текот на септември ќе почнат со работа и дека за една година ќе опфатат 90% покриеност на населението. За националната лиценца Nexcom плати 151.002 евра. Додека Cosmotelco регистрира фирма под името Друштво за телекомуникациски услуги "Америком" и најавија 60% покриеност на населението во рок од една година. Тие платија 1.500.000 евра за лиценцата.
Исто така издадени се лиценци и на Неотел, Космофон, Истел, Мател и РЖ Услуги. Неотел најави дека ќе почне со поставување на мрежата и до крајот на 2008 година целата територија на Македонија ќе биде покриена. Инаку тој има одобрение за работа во сите 6 региони.
Од Космофон најавија дека планираат да ја зголемат понудата на услуги, исто така и можно влегување и во фиксната телефонија.
Мател најавија дека ќе воведат triple play услуга - интернет телефонија, телевизија и интернет. Овие провајдери платија над еден милион евра за добивање на лиценците.

44 коментари:

Анонимен рече...

Врти, сучи, пак понудата на Телекабел (ако е стварно така во пракса) е моментално најдобра. Само месечен договор, и без наплата на аплоуд, за сега не гледам боље овде. Нека кажат тие што го имаат дали има прекини и/или намалување на брзината.

Анонимен рече...

Дали е тоа реална брзина или само маркетинг?

Анонимен рече...

Кај мене брзината на телекабел вчера и денес не е многу добра, како оди кај вас, ај нека измери некој на speedtest.

Анонимен рече...

jas na cabletel dva dena ne mozam da pratam nitu eden mail so attachment preku google i yahoo, ne mi cita newsgroups, torrentite se sranje, a od tehnicka poddrska nikoj ne odgovara na telefon (pocnav da gi brkam od vcera sabajle vo 5 ;) ).

CABLETEL DOSEGA SE POKAZA KAKO NAJNESERIOZEN PONUDUVAC NA INTERNET VO MAKEDONIJA!!!

daywalker

Анонимен рече...

на 15-ти септември во Македонија остана само еден провајдер. Се друго се укака.

МтНет овој месец зедоа 90% од новите корисници. Другите уште малку па еве сега зимово, баш откако ќе може ова она, можеби пролетва ќе имаат ете подобар, поквалитетен, побрз и поевтин интернет.

Не се најде маж и не се најде.

ARMac рече...

Izvini ama ne e taka.

Telekabel:

Vkupen Soobrakaj
Soobrakaj vklucen vo pretplatata: 3.000,00 MB
Download Soobrakaj: 84.312,23 MB
Upload Soobrakaj: 14.189,53 MB
Soobrakaj Download + Upload: 98.501,77 MB
Nadminat Soobrakaj 97.501,77 MB


Go dobivam istoto sto i ti na mt net a nemam dogovor i plakjam 1800 den i internet i televizija. A da i nemam dogovor.

дарко рече...

Last Result:
Download Speed: 2191 kbps (273.9KB/sec transfer rate)
Upload Speed: 266 kbps (33.3 KB/sec transfer rate)

Изглеа даунлоад по сабајле му е мајката на Кејбл Тел. :))
Да, вчера вечер беше тапа конекцијата.

zeroSignal рече...

Сабајлево на КејблТел извадив комотно 4мбит. Алал вера за брзината, макар насабајлечки.

Срамота за кочењето торенти, барем кај мене у Влае. Пробујам да добијам support на телефон, не успева баш.. зафатено нон-стоп.

Smasher рече...

Ако не можеш на телефон, појди им лично, повеќе губење време, пари и нерви е ама немаш друг избор.

Окулу тоа за МТ 90% штознам... од кај ти е статистикава?

дарко рече...

Се јавив на 089011011 (одма добив) да видам до каде е со пакетите бидејќи требаше од први месецов да бидам на 4 мб/с. Таа ми рече као имале многу корисници и веројатно јас сум бил у таа последната група што ја префрлале денес и денес би требало да ме префрлат. Ако не ме префрлеле ни денес, да им се јавам пак.

Така да чекам денес да ме префрлат па да видам како ќе идат торенти на 4 мб/с брзина, ако е пак срање уклучувам црвениот аларм. :)

Анонимен рече...

Ја си ставив од МТ АДСЛ, неам живци да се нервирам со кабелтел, здравје боже ако се оправат до другата година кога кје ми истече договорот, ќе размислам да се префрлам кај бугарите.

дарко рече...

Иначе околу корсниците што МТ Нет наводно ги земале од другите провајдери... Многу веројатно да е точно дека бројката на АДСЛ корсници месецов е значително зголемена, али не верувам дека е до тој процент од 90%. Ако е стварно 80-90% ондак другиве треба да се чукнат малце у глаа. :)

Инаку се надевам дека нема да им текне на MT да насоберат корсиници и пак да "заебат" работа (септември 2005-та). Сега во договорот јасно стои колку месечно сообраќај има дозволено и на колку паѓа брзината после поминатиот сообраќај (што беше главниот проблем тогаш), арно ама се плашам да не им текне нешто ко некои колеги нивни да почнат да блокираат торенти/п2п програми (иако до сега немаат такво нешто направено). Нов менаџерски тим на чело со француз е сеа таму, ќе видиме..

Анонимен рече...

Дали некој има некакво искуство со Соло пакетите на Он.Нет?

Освен оние корисници кои веќе користат нивни услуги (миграција од WADSL), не гледам причина зошто некој нов корисник би избрал ADSL пакет на Он.нет, а не на МтНет.
Во никој случај Он.Нет немаат појаки линкови од Мт.Нет, а богами и од аспект на стабилност не ги бие баш добар глас со WADSL-от, кој во моментот е најсрање broadband што им се нуди на корисниците.

Анонимен рече...

Imam wadsl naygolemo straje.smenif za solo 101 pred 3 nedeli .reko za 10 dena uste nisto bef da prasam mi reko veruvaj ili ne nemat modomi ovija od ON.NET ne se tacni nemoy nekoy da se zaebe i da zeme od ON.NET NAY SLAB INTERNET PROVIDER

Анонимен рече...

CableTel во моментов се ок според мене, само на моменти иде навистина споро инаку си оди со 250 kb/s download. И сеуште не сум префрлен на 4 мегабита како што изгледа... Техничка поддршка 0.

Анонимен рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
дарко рече...

Е ова не сум го видел никад мислам. Кој друг ако не Кејбл Тел... Како може да симињам торент од приватен тракер со 170 кб/с, а на спеед тест на конекцијата да ми дава 10 кб/с (исто и рапид шер иде со толку)??!? Објаснување некое?

Анонимен рече...

Znae li nekoj sto se slucuva so NNTP portot kaj Cabletel? Ne dava pogolemi fajlovi od newsgroups, samo txt fajlovi...

koskar рече...

постот на незнајниот јунак го избришав поради нерелевантност и мешање баби и жаби...
збориме за услуги и пакети што ги нудат провајдерите. 1000-те нелегани канали не се предмет на расправа тука, ОК? башка што не ти ги понудил МТнет. напротив, кога ќе почнат да се средуваат работите, мтнет ќе направи се’ за де те спречи во тие активности. затоа без многу курчење, гледај додека можеш и ќути си...

Анонимен рече...

Cabletel никако да крене над 500, а деновиве е околу 150-200 данлоудот. А официјално сум на пакет од 1500 даунлоуд. Не им верувајте на брзините што ги рекламираат. Ако успеете да ги добиете на тел. ќе ве откачат со некоја лага од типот техничка грешка и сл. Ептен лажат, ама изгледа дека такви им се газдите, а техничарите се само гревчиња. Не им ги заборавам неколкумесечниве нервози и наскоро се збогувам со нив.

Анонимен рече...

На сајтот за проверка на сообраќај на Cabletel за пакетот од 1450ден кој е нели неограничен денес го пишува ова:

Пакет

Upload speed: 512
Download speed: 4096
Ограничување: 100000 MB
Цена: 1450 денари

Нели е неограничен.?!?!?!?!?!
Овде пишува дека сум на 4096 ама модемот е сеуште на 2048.

дарко рече...

А како е страната за проверка на сообраќај на CableTel?! На официјалниот сајт не гледам линк..

Анонимен рече...

Очигледно веќе не се ни трудат да лажат, само ти спуштаат кога ќе им спомеш промена на пакет ... катастрофа ...

Анонимен рече...

овој јас што го имам е за кабелплус

http://62.162.126.162/

дарко рече...

Да, тој е линкот. А како беа бројките и за у модемот да влезам?

Фала

zeroSignal рече...

192.168.100.1

Анонимен рече...

А модемот да видиш како е конфигуриран со ова:

http://rapidshare.com/files/60229787/docsdiag.rar.html

дарко рече...

Да, фала. Значи мене модемот ми е сетуван на 4096 kbps, али што фајде од тоа коа еве ја моменталната конекција - http://www.speedtest.net/result/189909121.png


Сабајле само од кај 10:30 - 11:30 идеше даунлоад со 4 мегабитна брзина, после тоа само паѓа и паѓа брзината. Според ова очекувам и вечер да биде исто ко вчера вечер односно КАТАСТРОФА!

дарко рече...

Сигурно на инфо каналот сте го приметиле мотото на Кејбл Тел, арно ама сеа имаат ново: "Ние сме тие што ги НАМАЛУВАМЕ цените И БРЗИНИТЕ на интернетот"

http://www.speedtest.net/result/189989977.png

1450 ден за ISDN?

Анонимен рече...

И телекабел не се нешто сјајни. Навечер се добри, ама преку ден се катастрофа, едвај со по 500-600 kbit/s.

Анонимен рече...

Vo Kumanovo za sega Telkabel dobro odi.
Brzinata e taa koja ja placam,so retki iskljucoci.Torentite ponekogas odat i 100Kb iako sum na 384/128.
Nie vo Kumanovo uste nemame ogranicuvanje na trafikot,najverovatno ke sledi.Do togas ne odam kaj MTnet.

Анонимен рече...

fala mnogu sto mi go izbrisavte postot. kabelskite gi imaat regulirano site prava (pr. obn, nova, htv, pink, eurosport, supermovies, discovery, nekoj od niv duri i hbo). neli? i site se prevedeni na makedonski?

ete tamu e problemot. borba megu lokalnite pirati (kabelskite) i slobodnata razmena.

koga ke gi platat pravata ke vidime dali pretplatata ke ostane na isto nivo.

znaci da povtoram, za 1000 t.e. 1800 denari mozes da imas ADSL i 10000 super-podobri kanali od ova sto lokalnite kabeldzii - pirati ti go nudat samo treba malku informiranost.

Анонимен рече...

za posledniot anonimus...

i ne moze da bidat prevedeni na makedonski. znaes kolku cini eden prevod za takvi televizii? 5 pati povekje otkolku sto plakjaat mak. TV za prevod, a nema sansi mak. menadzer nekogas da plati nesto kolku navistina chini, sekogas gleda da zakine. taka sto, pokrij se so ushi i zamolkni. ako ne razbiras drugi jazici osven makedonski, koj ti e kriv, plati pa odi po kursevi.

Анонимен рече...

do posdelniot:

da mi go bricis so dzamce

Анонимен рече...

Ne se pcujte!!

Mene na Telekabel ovoj mesec mi odi epten loso.

Kon amerikanski serveri ne odi poveke od 35 KB/s - se gleda deka bandwidth-ot sto go kupuvaat e od najlosiot ponuden na pazarot. Shkart. Fusheraj. Pljukni-zalepi.

Kon evropskite serveri, od druga strana, odi maximum 120 KB/s. :(

Овердрајв рече...

Овие 7-8 дена немам проблеми со Телекабел, ама еден другар спроти Бисер се жали цело време. Јас почнав со 4 мегабита, фино-лепо ме намалија после 3GB; до сега имам симнато нешто повеќе од 9GB, ама изгледа дека бројачот им е заглавен, па уште сум на 2 мегабита.

Инаку, најголемо намалување на брзината е до 1024/128.

Анонимен рече...

Да, бројачот не функционира како што треба.

Анонимен рече...

Kaj mene brzinata na telekabel momentalno e katastrofa. 60/KBs max

Анонимен рече...

Толку е и кај мене, а треба да е 2 мегабита.

vlade рече...

Drustvo,,,mt net se vrat1 na star1te ip sto pocnuvaat na 62.162.240.x

Fala mu na boga....
Sega se e ok so mojata konekcija

Бојана рече...

Зар може да има IPто врска со брзината, односно стабилноста?

Анонимен рече...

За bojana: IP адресата нема воопшто никаква врска со брзината на интернетот.

Општо: Јас го имам пакетот од 950ден. со 2048kbps и 10GB лимит. Брзината на симнување не сум забележал да се намалува со количината на симанати податоци. А, што се однесува до брзината пред некој ден влечев торенти со стабилни 400kBps == 3200kbps (пакетот ми е 2048kbps). Значи врската им е добра на моменти. Уште останува да ги средат проблемите кои велат дека ги имаат во моментов затоа што ме исклучува на секои 10мин.

На другиве интернет провајдери некако помалку им верувам отколку на овие, па јас ќе си останам со CableTel и понатаму.

Анонимен рече...

CableTel се најнесериозен Интернет провајдер во Македонија. Двапати поднесував приговор во врска со стабилноста и брзината на конекцијата и воопшто не најдоа за потребно да ме исконтактираат во врска со приговорот. А да не спомнувам колкупати се имам јавено во нивната служба за тех. поддршка и пак ништо не беше превземено од нивна страна за санирање на проблемот. Брзината е релативно добра во текот на раноутринските, утринските и дел од попладневните часови, но не е стабилна, односно во текот на едно мерење може да варира - од 5Mbps и да се спушти до 2Mbps, но после 18 часот паѓа на очајни 512Kbps максимум, и тоа трае до околу 1-2 часот по полноќ. Инаку, го користам пакетот од 4096Kbps. Како се приклучуваат се повеќе корисници, така и брзината се повеќе се намалува кај секој индивидуален корисник. Во зградите со повеќе станови овој проблем со нестабилноста на брзината се чувствува многу повеќе. А CableTel воопшто не сака да се ангажира во поправањето на оваа ситуација со нивниот Интернет. Џабе ги нудат оние брзини од 8Mbps кога овде тоа нема ниту теорија да се оствари, бидејќи, колку што сум информиран, овде во Автокоманда уште немаат спроведено оптички кабел, кој го најавуваат уште од минатата година, а всушност во догледно време немаат намера да го направат тоа.

Анонимен рече...

Уште нешто. Од CableTel неодамна ме советуваа да им пишам e-mail преку нивниот веб сајт во врска со моите приговори за нивниот Интернет, а веќе неколку дена сајтот не е достапен.