22 декември, 2007

Неофицијално Телекабел под стечај??

Неофицијално:

На 19.12.2007 во основниот суд во Штип е донесено решение со кое се отвара стечајна постапка за кабелскиот оператор Телекабел. Судот ги повикува сите должници кон Телекабел да ги подмират своите долгови преку стечајниот управник Димитрија Абаџиев од Штип. Според судското решение долговите што ќе ги исплатат корисниците и останатите субјекти ќе бидат префрлени на посебна сметка и ќе одат во стечајната маса. Причината на ова е тужбата од страна на ЗАМП поради неплатен долг од страна на операторот за реемитување на содржини. Испитното и извештајното рочиште за побарувањата за Телекабел од страна на Здружението за заштита на авторски музички права ќе се одржи на 25ти јануари 2008.
ЗАМП бараат од Телекабел исплата на 1.8 милиони денари плус дополнителна камата. Тужбата била покрената во февруари годинава, по што судот пресудил во корист на ЗАМП. Во мај судот ја блокирал банкарската сметка на Телекабел. ЗАМП не сакаат да откријат детали за случајот освен тоа дека е покренат судски процес против Телекабел. Безразлика на судската постапка корисниците на Телекабел кои што регуларно си ги подмируваат сметките ќе продолжат да добиваат кабелска телевизија.

Информациите се објавени од страна на: NetPress и Време
---
Едит (23-12-2007):
Зоран Илиев споственикот на Телекабел изјавил за Вечер дека нема стечаен процес за Телекабел.
„- Сто проценти тврдам дека нема никаков судски спор и дека најверојатно не станува збор за нашата фирма - изјави за ВЕЧЕР Илиев.“
Вечер тврдат дека според нивните извори станува збор за фирма ќерка на Телекабел. (Вечер Линк)
---
„Од друга страна пак денес Виктор Гроздановски од асоцијацијата на приватни електронски медиуми (АПЕЕМ) тврди дека ЗАМП поседуваат фалсификуван договор за хрватската телевизија ТВ Нова. АПЕЕМ провериле кај правната служба на ТВ Нова и од таму добиле одговор дека тие со никој немаат договор за реемитување на нивната програма. Денес неможевме да стапиме во контакт со надлежните во ЗАМП, а рекоа дека предстечаните постапки и побарувањето на долговите од своите коминтети го сметаат за службена тајна.“ (Канал 77 Линк)

11 декември, 2007

Преводи ли се преводи...

Советот за радиодифузија почна да дели прекршочни пријави на некои од кабелските оператори. Работава е: немање превод на македонски јазик на странските канали. Советот се повикува на законот за радиодифузна дејност кој што гласи дека програмите што се реемитуваат и се титлуваат на поинаков јазик од оригиналниот мора да бидат преведени на македонски. Испратени се барања до Министерството за култура и до Инспекцијата за авторски права да ја проверат работата на сите кабелски оператори. Исто така ќе се врши проверка на тоа дали кабелскиот оператор емитува нелегално содржини за кои што нема склучено договор за уредување на авторските права. Казните се движат од 3000 до 5000 евра, а исто така и од 6 месеци до 2 години одземање на дозволата за работа. Советот веќе му има наложено на Cabletel да престане со емитувањето на некои од каналите како Nova, Vision plus, и др. се додека не поднесе валидни документи дека ги има подмирено авторските права со нив.