11 декември, 2007

Преводи ли се преводи...

Советот за радиодифузија почна да дели прекршочни пријави на некои од кабелските оператори. Работава е: немање превод на македонски јазик на странските канали. Советот се повикува на законот за радиодифузна дејност кој што гласи дека програмите што се реемитуваат и се титлуваат на поинаков јазик од оригиналниот мора да бидат преведени на македонски. Испратени се барања до Министерството за култура и до Инспекцијата за авторски права да ја проверат работата на сите кабелски оператори. Исто така ќе се врши проверка на тоа дали кабелскиот оператор емитува нелегално содржини за кои што нема склучено договор за уредување на авторските права. Казните се движат од 3000 до 5000 евра, а исто така и од 6 месеци до 2 години одземање на дозволата за работа. Советот веќе му има наложено на Cabletel да престане со емитувањето на некои од каналите како Nova, Vision plus, и др. се додека не поднесе валидни документи дека ги има подмирено авторските права со нив.

23 коментари:

Анонимен рече...

Ако треба да имаат македонски преводи како сегашниве МИЗЕРНИ ПЕТПАРАЧКИ И СОСЕМА ПОГРЕШНИ ПРЕВОДИ на македонските/скопските телевизии(освен на А1 кои секогаш имаат точни преводи), тогаш си ги сакам назад српскохрватските и бугарските титлови. Доста ме бранеше Советот за РД од страшните странски преводи, од нив барем научував по нешто.

Купе3 рече...

не разбирам што е толку лошо во преводите кои ги разбира дел од населението. Подобро српски/хрватски/бугарски отколку никаков. Ако одиме во овој правец нека го запрат и звукот, зошто да слушаме англиски/германски и т.н. штом нема соодветна македонска синхронизација. Глупости!

Дејан рече...

Е тоа ти е глуп народ во глупава држава. Топла вода измислуваат, место да се занимаваат со попаметни работи нив им дошло до преводите на српски и бугарски.

Анонимен рече...

Ај преводите што ги нема, ама и програмската шема на кејблтел моментално е 100 пати псолаба од телекабел!

Anonymous777 рече...

Anonymous said...

Ај преводите што ги нема, ама и програмската шема на кејблтел моментално е 100 пати псолаба од телекабел!
--------------------------
Мене програмските шеми на телекабел и на кејблтел ми е скоро исти. Ај кажи ми те молам што е тука послабо кога скоро сите(освен 2-3)канали се исти?
Блогов полека станува адвокат на телекабел:)

Анонимен рече...

shit ako gi krenat skros programite kako sto napravija so pornoto ke si zeam satelitska i tolku koj gi ebe site

Анонимен рече...

И онака кабелските програми се земени од сателитска. Само да си инвестираш во сат. чинија некое евро и фридом.

Smasher рече...

Мене програмските шеми на телекабел и на кејблтел ми е скоро исти. Ај кажи ми те молам што е тука послабо кога скоро сите(освен 2-3)канали се исти?
Блогов полека станува адвокат на телекабел:)
-----------------------------------
Како беше објавено во дневниот печат така и беше напишано на блогов.

Anonymous777 рече...

@Smasher
Го прашав тој пред мене што напиша дека програмската шема на телекабел е појака од кејблтел, да ми каже што е разликата?

Анонимен рече...

Тогаш треба и да контролираат какви преведувачи има во нашите телевизии, затоа што сум видел преводи од кои можеш да напишеш потполно ново сценарио кое нема никаква врска со филмот што го даваат. Тука ги вклучувам и А1 зошто и тие се катастрофа. Нашите телевизии и најголем притисок прават да се скинат добрите канали за само нив да ги гледаме, а кој ги контролира нивните преводи? Ми изгледа како да ангажирале некои тинејџери кои немаат врска од аглиски: идиоми преведуваат буквално, прават некои почетнички грешки, баш пред некој ден во една епизода на А1 "prom night" упорно го преведуваа како "забава", "graphic novel" како "книга", a "lightsaber" како "Лајт Сејвер", имаше многу други грешки кои не ги памтам сега, така да не би рекол дека А1 имаат точни преводи.

На крајот на краиштата и ако ги скинат, има сателитски за 4-5000 денари така да не е страшно.

Анонимен рече...

дали на сателитска за фрее то аир каналите ги има НОВА, Халлмарк со хрватски превод, ТВ 1000 со превод и/или некој порно? Некој сто има сателитска нека каже.

Goce рече...

Gi sredivme internet uslugite, pa sega kako "revolucioneri" (Che ne ni' e ramen:)), pocnavme da gi sreduvame kabelskite operatori :))) Zabega blogov, epten...

Smasher рече...

Кабелските оператори пренесуваат сигнал т.е. информации еднонасочно (ТВ, радио и тн.) и двонасочно (интернет, телефонија и тн.). Штом нудат интернет значи тие се и интернет оператори. Значи се засегнати.

Анонимен рече...

А што имаат врска преводите со интернет? Блогов е за интернет од самиот негов почеток, и ако има нешто за интернетот што го даваат кабелските, нека се пишува за тоа.
И што има врска "Frog Mobile" и "Воведен префиксот 072" со интернет? Нема да се изненадам ако прочитам некој текст за нешто сосема трето што нема врска со интернетов.
Стварно забега блогов и се помалку го читам од порано и бев редовен во сите активности околу револуцијата.
П.С. Ова е само мое мислење, пишувајте што сакате, или отворете некој друг блог за кабловска телевизија, мобилна телефонија...

Анонимен рече...

Коментарите за последниве постови се одлични и не сакам да се ограничувам според нечии желби и замисли. Не го читај веќе блогов ако не ти се допаѓаат нашите ставови за сенешто во врска со технологиите и медиите...

Anonymous2 рече...

Па и не го читам само понекогаш го отварам да видам дали има нешто ново со интернетот, но гледам дека се пишуваат секакви глупости за се и сешто, а гледам и дека многу луѓе што беа редовни порано ги нема веќе. Колку што се сеќавам старите револуционери на блогов отворија здружение ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА, и блогов беше само за тоа. Еве има нова понуда од он.нет а никој не коментира за тоа:
http://biz.on.net.mk/node/374
Понудата за мене е за никаде.

И за крај еве ви неколки линка да се потсетите што е идеологијата на блогов и форумот:
http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?t=173
http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?t=154

Предлагам да се отвори друг блог во кој ќе се пишува за технологиите и медиите, и да се стави линк на овој блог до него, а овој нека не се упропастува.
П.С. Како што кажав и пред тоа ова е само мое мислење, пишувајте што сакате, и онака сите стари посетители не коментираат или не го читаат блогов повеќе!

Анонимен рече...

Батали тоа телевизиите дај да се вратиме кај интернетот ова е блог за тоа.

Последниве 15 дена се пекол за мене. Проблеми dc's нонстоп. Живеам во центар. Што не направив али овие у мт нет стварно ич не им е гајле.
Првиот пат кога се јавив ми рекоа демек модемот губи сигнали од струјата па бев и купив продужен таков специјален.
И пак истиот проблем dc's нонстоп и пак им се јавив викаат од наша страна вие добивате конекција у други зборови сакаше да ми каже не е до нас од кај вас е проблемот вирус ли итн.

Ај и тоа го средив fresh windows xp reinstall. Али пак исто.
На крај зедов на моја рака додека имав интернет 2-3мин барав се што можам да најдам на нет за овој клошарски модем 360R што го платив 1800 денари. И видов од црногорскиот интернет провидед TCC за да тестираш. Го извадив и го тестирам со Тrendchip UI APP затоа што само така ќе видис дали си конектиран и гледам конекцијата паѓа поради CRC errors(кои како што дознав се нормални али 10-20 у 12саати махимум), плус видов дека и тие другите HEC errors(што појма немам што се), исто така приметив дека доколку модемот не се конектира на 2048/256 прави проблеми (што знаци не се конектира цело време на 2048/256 туку и на 2048/96 2048/128 т.с варира).
И пак јас со надеж дека ке ми помогнат овие од мт нет али пак исто се погоди некој баш што се разбира и вика демек проблемот бил во линијата и у други зборови демек ќе пратам јас молба за да ти ја тестираат ама мислам дека треба да ти ја сменат телефонската линија т.е кабелот(нели е малце смешно бев меѓу првите што зема МТ нет 100 дсл и 2 месеци работеше без никакви проблеми и сега после два месеци телефонската линија ми била проблем) абе знаете како викаат "тие прикаски на друг" монопол си е монопол, али тоа е што да се прави и другиве интернет провидери се тапа. Него некој друг да не има ваков сличен проблем?

ILEFX рече...

Ај бе што се замарате , не е веке како порано во камено доба

првин 64 кбс, сега превод , нормално дека треба мк превод ,
до душа телекабел и кабелтел се кабелски оператори не се телевизии

а1, сител, мтв, инт. се разбира дека треба да има од нив мк превод

Dejan рече...

@ILEFX

Нормално дека би било убаво да има МК превод ама ставот им е погрешен, или МК превод или без превод? зошто така? Странски јазик бил? Па нас државна телевизија број 2 ни емитува програма на странски јазик. Другата емитува вести на влашки, ромски, српски и турски. Место совет за радиодифузија да се занимава со овие скопскиве телевизии што рентаат двд-а и ги пуштаат (БТР на пример) они се фатиле за титлови на светски познати куќи.

Porno рече...

Nemam kabelska, a porano imav, pa ne znam kako e sega. Navistina li site porno kanali se zabraneti? Nema nitu eden?

bedozin рече...

Треба да доплатиш за убавите канали. За овие што се бесплатни и онака ги има на сателит, плаќаш само 350 денари. За струја.

Smasher рече...

На одредени канали има порнографски содржини по 12 часот навечер, но за оние кои што се наменети целосно за порнографија 24/7 ќе одат во дигитална варијанта за која што ќе ти треба дигитален ресивер и тие ќе се плаќаат додатно на месечно ниво најверојатно. (За Телекабел зборувам го видов списокот на кодирани канали пред некое време (имаше 4-5 такви а другите беа разновидна програма, документарни анимирани филмови и сл.), а најверојатно и со Cabletel ќе биде нешто слично.)

Анонимен рече...

Доколку не пресечеше Советот никогаш и нема да добиеме локализирани канали на Македонски. Редно беше некој да го заштити нашиот јазик, зар сакате децата да ви научат бугарски од Анимал Планет. Производителите и дистрибутери на програма како Discovery, Viasat, Fox, AXN, HBO и сл. секогаш ке имаат оправдување дека нема потреба од локализација штом разбираме српски/хрватски или бугарски.

Со оглед дека во Македонија кабелската телевизија е присутна во скоро секој втор дом, тоа е не така мал пазар. Време е народот да добие квалитет за своите 350ден.

А околу квалитетот на преводот потполно се согласувам дека на многу телевизии е на многу ниско ниво. Сепак големите дистрибутери на ТВ содржини најчесто изнајмуват професионални компании кои се грижат за превод на сите јазици на кои ќе се дистрибуира содржината. Така што би можеле да отчекуваме квалитен превод.