22 декември, 2007

Неофицијално Телекабел под стечај??

Неофицијално:

На 19.12.2007 во основниот суд во Штип е донесено решение со кое се отвара стечајна постапка за кабелскиот оператор Телекабел. Судот ги повикува сите должници кон Телекабел да ги подмират своите долгови преку стечајниот управник Димитрија Абаџиев од Штип. Според судското решение долговите што ќе ги исплатат корисниците и останатите субјекти ќе бидат префрлени на посебна сметка и ќе одат во стечајната маса. Причината на ова е тужбата од страна на ЗАМП поради неплатен долг од страна на операторот за реемитување на содржини. Испитното и извештајното рочиште за побарувањата за Телекабел од страна на Здружението за заштита на авторски музички права ќе се одржи на 25ти јануари 2008.
ЗАМП бараат од Телекабел исплата на 1.8 милиони денари плус дополнителна камата. Тужбата била покрената во февруари годинава, по што судот пресудил во корист на ЗАМП. Во мај судот ја блокирал банкарската сметка на Телекабел. ЗАМП не сакаат да откријат детали за случајот освен тоа дека е покренат судски процес против Телекабел. Безразлика на судската постапка корисниците на Телекабел кои што регуларно си ги подмируваат сметките ќе продолжат да добиваат кабелска телевизија.

Информациите се објавени од страна на: NetPress и Време
---
Едит (23-12-2007):
Зоран Илиев споственикот на Телекабел изјавил за Вечер дека нема стечаен процес за Телекабел.
„- Сто проценти тврдам дека нема никаков судски спор и дека најверојатно не станува збор за нашата фирма - изјави за ВЕЧЕР Илиев.“
Вечер тврдат дека според нивните извори станува збор за фирма ќерка на Телекабел. (Вечер Линк)
---
„Од друга страна пак денес Виктор Гроздановски од асоцијацијата на приватни електронски медиуми (АПЕЕМ) тврди дека ЗАМП поседуваат фалсификуван договор за хрватската телевизија ТВ Нова. АПЕЕМ провериле кај правната служба на ТВ Нова и од таму добиле одговор дека тие со никој немаат договор за реемитување на нивната програма. Денес неможевме да стапиме во контакт со надлежните во ЗАМП, а рекоа дека предстечаните постапки и побарувањето на долговите од своите коминтети го сметаат за службена тајна.“ (Канал 77 Линк)

42 коментари:

Анонимен рече...

Na zdravje. Taka zavrsi spored revolucija "najdobriot" provajder vo MK. Nie ostanatite se zeznavme a? :) Sto ke pravite so modemite?

Анонимен рече...

nema bas vrska so temava, ama no.net go podobro WADSL-ot, sea e 1mbps (bukvalno) so 128kbps upload. znaci 15gb so 1mbpds dowload ne e taka losa kombinacija ako se zeme vo predvid deka ima daleku podobar ping od bilo koj ADSL vo Makedonija.

Smasher рече...

Na zdravje. Taka zavrsi spored revolucija "najdobriot" provajder vo MK. Nie ostanatite se zeznavme a? :) Sto ke pravite so modemite?
---------------------------------
Ќе видиме што е како е и како ќе испадне работата. Времето ќе покаже се.

Dejan рече...

Hm vcera dojde inkasator i naplati za 11 i 12 mesec televizija, dade i fiskalna nisto ne spomna.

Анонимен рече...

dejan, можеби не требало да му плаќаш за 12 месец баш веднаш :)

Virus рече...

Малце OFF Topic ама.. МтЊетци ставиле IP адресата да се менува на секои 3 часа наместо досегашните сесии на 12 што според мене е претерано.

Анонимен рече...

На телекабел денес ја исклучиле А1. Викаат од А1 не давале дозвола за реемитување. Има такво нешто на другите кабелски?

Anonymous777 рече...

Кабелтел потпишал, телекабел не. Телекабел станале педерчиња, сакаат се гага. Плукам по нив, и идам на кабелтел.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=87893

И Канал 5 и Сител ќе побараат да ги исклучат, во подршка на А1.

Boban рече...

„Малце OFF Topic ама.. МтЊетци ставиле IP адресата да се менува на секои 3 часа наместо досегашните сесии на 12 што според мене е претерано.“

Го прочитав ова и ми текна дека стварно во последниве ден два често ми се ресетираше конекцијата, после потврдив и во логот на рутерот дека е на 3 саати.

Им се јавив на 080012345 и ми рекоа дека е привремено неколку дена и дека ќе се врати на старите 12 саати после тоа. Инаку тестирале нова опрема па затоа е вака како што е. Е сеа да се најде некој да каже ако знае каква е таа нова опрема и дали можда има врска со АДСЛ2? :)

Dejan рече...

Puknav na mt net vise kako testiraat taka u zivo pa sto sme nie beta testeri? A telekabel se goveda uste vikaat neznaeme zasto A1 nejke da potpise dogovor.

"dejan, можеби не требало да му плаќаш за 12 месец баш веднаш"


Tebe be vangja baba da ne ti e? :)

Анонимен рече...

Ima i promeni na stranicata za proverka na soobrakjaj.

андреј н рече...

"dejan, можеби не требало да му плаќаш за 12 месец баш веднаш"


Tebe be vangja baba da ne ti e? :)

8:03 PM, декември 28, 2007


Зарем уште не ви е јасно како функционираме овде во нашава малечка, најмила, намачена...

Анонимен рече...

Abe A1 ic ne mi treba. Koj gi E** A1. Oni gubat ne telekabel. Internetot na telekabel e top. Mi nema padnato mozda poise od 6 meseci. Brzinata e 4Mbita do 6 GB posle se namaluva na 2 taka da off.net ne m ozat da im se fatat za maliot prst.

Анонимен рече...

И јас не гледам многу А1, но понекогаш ми треба, па морам да ставам собна антена за да гледам, а тоа ме нервира. Доста комшии ќе преминат на кејблтел баш за А1, гледаат серии, вести, фудбал..., некогаш има и преноси од македонската фудбалса репрезентација, така да и јас ќе го сменам телекабел пошто можам да си бирам. А башка и не морам да идам до е*бениот наплатен центар да им плаќам, како да јас зависам од нив, ќе ми доаѓа дома инкасатор и ќе му плаќам.
Така да телекабел губи со ваквите глупости што ги прави.

андрејн рече...

“А башка и не морам да идам до е*бениот наплатен центар да им плаќам, како да јас зависам од нив, ќе ми доаѓа дома инкасатор и ќе му плаќам“

Извини што ќе те разочарам, мене двапати ми го сечеа интернетот на Кејблтел заради тоа што инкасаторот не ми носеше сметки. Се побунив и на тел. и во наплатен центар, верувај ми, скроз се дезорганизирани. Ми рекоа да си плаќам он д фејс оф д плејс.

Dejan рече...

"Abe A1 ic ne mi treba. Koj gi E** A1. Oni gubat ne telekabel. Internetot na telekabel e top. Mi nema padnato mozda poise od 6 meseci. Brzinata e 4Mbita do 6 GB posle se namaluva na 2 taka da off.net ne m ozat da im se fatat za maliot prst."


Е баш телекабел губи, 6 фамилии од мојава зграда се префрлија на каблетел, а верувам ова е случај и на многу други места. Ова можда не им смета на помладите на кои не им треба А1 ама тие и онака живеат со татковци и мајки така да не одлучуваат за тоа и онака.

Smasher рече...

“А башка и не морам да идам до е*бениот наплатен центар да им плаќам, како да јас зависам од нив, ќе ми доаѓа дома инкасатор и ќе му плаќам“

Инкасантите од Телекабел редовно доаѓаат за наплата на сметките, немора да одиш до наплатниот центар имаат адреса доаѓаат по станови/куќи.

A1 глдеа кој како и кога како тоа е индивидуално, да речеме јас не ги гледам тоа сапуниците и другите работи од типот на гатачки, поточиња, оваа онаа оговарања и сл. ама затоа CSI, Сопранови и Еднооки (пред да ги укинат) гледам кога ќе стигнам... Работава се изматуфи од страна на одредени виши фактори мене ми изгледа така.
Сепак не заминувам од телекабел затоа што сум задоволен од услугата ТВ/Радио/Интернет а воедно очекувам и кај да е да стават и телефонија.

Окулу брзината на интернетот на Телекабел:
www.speedtest.net/result/215725851.png
www.speedtest.net/result/215132040.png
www.speedtest.net/result/213392628.png
www.speedtest.net/result/212924694.png
www.speedtest.net/result/212055043.png
www.speedtest.net/result/211542006.png
www.speedtest.net/result/211447104.png
www.speedtest.net/result/211156236.png
www.speedtest.net/result/210375233.png
www.speedtest.net/result/209692800.png
www.speedtest.net/result/209690905.png
и така натаму.
Резултатите се измерени со стандардно лимитиран модем 4096/512Kb/s.
Неможам да се пожалам добивам воглавно 4/Mb/s down со 0.5Mb/s up + неограничен бесплатен upload. Тоа е тоа, каква е понудата таква е добивката (кај мене, а и воглавно кај повеќето што ги знам што се на ТК).

Anonymous777 рече...

@Smasher

http://www.speedtest.net/result/215725851.png

Овој скриншот си го направил на 27.12.2007 (имало и други скриншотови што си ги ставал,што ти биле на крај на месец) и сеуште не те намалиле.
Колку гига правиш месечно? Дека после 3 т.е. 6 гига намалуваат брзина на 1024.
Нели се бунеше дека 100 гига ти биле малку, а гледаме дека едвај правиш 3 гига???
Од сите твои постови и коментари 99,9% сум уверен дека си вработен во телекабел или имаш некаква корист од нив, шо знам може ти даваат нешто гага па цело време ги фалиш, а кога има некој проблем од кај нив ништо не коментираш.

А што се однесува до инкасантите, една година сум корисник кај нив и никогаш не биле кај мене ниту пак кај некој мој комшија, освен кај еден (пред една недела) дека немал платено неколку месеци. Добро може ја имаат само неговата адреса, мојата и на другите комшии ја изгубиле:)
Затоа немој да кажуваш невистини дека иделе редовно.
Сега ќе мора да се вратиме на стариот кабловски оператор.

Smasher рече...

Paket: Resident Basic
Period: 2007-12

Vkupen Soobrakaj
Soobrakaj vklucen vo pretplatata: 3.000,00 MB
Download Soobrakaj: 2.988,96 MB
Upload Soobrakaj: 284,45 MB
Soobrakaj Download + Upload: 3.273,41 MB
Nadminat Soobrakaj 273,41 MB
---------------------------------
Мојата тековна сметка за овој месец.
Така одлучив да трошам интернет преку Телекабел за 12ти месец и тоа е очигледно моја работа. Како што важат лимитите за сите така важат и за мене. Наредниот коментар кој што ќе содржи дудлање без факти и мешање во лични работи ќе биде избришан без објаснување (истото секогаш важи за сите коментари од тој тип).
Што се однесува до изборот на кабелски оператор или воопшто ISP - биди на кој сакаш твоја е одлуката.

koskar рече...

да се замешам и ја малце...

интернетот на телекабел е ок последниве 2 месеци
битката а1-телекабел, најверојатно ќе ја загуби телекабел. (кејблтел го има искаблирано цел аеродром, бастионот, нели, на телекабел). ако телекабел продужи да се инаети, луѓето ќе почнст да се префрлаат на кејблтел само поради а1. а1 е најгледана телевизија во мк, со најгледани вести; математиката е очигледна... јебеш ти квалитетот на интернетот. има многу луѓе што немаат кабелски интернет, а сакаат а1(вести). 20-те „дигитални“ канали се тапа, башка што се 15 или 17.

ја живеам у аеродром (стар) скоро 2 години и на „пљукомет“ сум од наплатниот центар на телекабел. со очи немам видено инкасатор и покрај тоа што викате дека има. ако доаѓаат у 11:30 или у 04:00 онда уреду; тогаш не сум дома/спијам...

@првиот анонимец; ако работиш у мтнет или друг провајдер онда разбирам - ако не, патетичен си!

Даре рече...

За андрејн:
Ок може те утнале тебе ама колку што знам инкасаторите од cabletel и во некои други кабловски, работат на процент и идат секаде. Кај еден мој другар дури инкасаторот го прашува кој ден да дојде ако нема моментално да му плати и мислам дека од наплата на стан т.е. куќа заработуваат по 20 денари. А ако има интернет и повеќе.

За smasher:
Дома сум цело време и никогаш не дошле од телекабел да ми наплатат, се чудам како кај тебе доаѓаат редовно? Стварно е безвезе да идеш до наплатен центар кога во цела Македонија ти доаѓаат дома, а така и повеќе пари собира фирмата.

Среќни празници
Поздрав!

Anonymous777 рече...

@Smasher

И други те обвиниле дека имаш некаква поврзаност со телекабел, не сум само јас. Нели читаш дека сите викаат дека
немало инкасантори а ти тврдиш дека имало, и дека иделе редовно. Срамота!
Во врска со претходниот твој коментар колку си потрошил, тоа не е никаков доказ, обичен copy/paste, и можеш да си
го штелуваш како сакаш т.е. да си ги менуваш бројките.
И за 11 месец изгледа не си направил многу(може си направил но не те намалиле-кажав зошто), а жестоко реагираше дека 100 гига ќе летнат за два три дена и бараше флет.
http://revolucija.blogspot.com/2007/11/3g.html
http://www.speedtest.net/result/203216317.png
Датум 17.11.2007, значи и после 17 дена од месецот не си поминал 3 гига.
И многу други скриншотови што си ги ставил...

И ова не е мешање во твојот приватен живот, ова е блог и може секој да коментира што сака, нормално без навреди,
јас никогаш не те навредив дека си ваков или таков, туку кажав дека цело време ги фалиш телекабел, а кога имаа некои
проблеми со интернетот, кога сите се бунеа дека е тапа, кога и од телекабел викаа дека имале проблеми (бев нивен
корисник и лично ми кажаа кога им се јавив дека имаат проблем колку што се сеќавам со некој сервер од унгарија)
зошто не напиша дека интернетот им е за никаде? 100% и ти си го имал истиот проблем. Тоа беше август-септември
и траеше 10тина дена. И друг пат било тапа. Кога некој провајдер има такви проблеми одма кажуваш за тоа, а за телекабел не.
Те читам од порано и дај биди реален, не ми смета што ги фалиш, само пишувај и за нивните недостатоци. Ако немаше
поврзаност со нив,ќе пишуваше и за нивните многу бројни пропусти и недостатоци.

Да ги бришеш моите коментари, кога блогот го пратам од самиот почеток и праќавме мејлови до разни европски
институции,а ти дојде многу покасно на блогов и срамота е ако го правиш тоа од твои лични интереси.
Како што ти имаш право да ги фалиш телекабел со невистини дека имало инкасанти, така можам и јас со факти да коментирам против нив дека нема.

Smasher рече...

@ Anonymous777
Да, ме обвини некој порано, но тоа дека биле некои чисто се сомневам. Во животот се јавува секогаш барем 1 човек кој што не те поднесува поради одредени свои причини па обвинува без докази и сл.
Инкасанти кај мене доаѓаа пред некое време, сега сметките си ги плаќам сам - одам во наплатниот центар, така се одлучив.
Имаш ли доказ дека е штелуван резултатот? Јас убаво напишав „Резултатите се измерени со стандардно лимитиран модем 4096/512Kb/s.“
Лимитот од 3ГБ не ми беше поминат и затоа брзината беше лимитирана на теоретски максимум 4096/512/Kb/s и од тие можеше да извлече брзина прилично блиска до тој максимум што сметам дека е ок.
--------------------
http://revolucija.blogspot.com/2007/11/3g.html
http://www.speedtest.net/result/203216317.png
Датум 17.11.2007, значи и после 17 дена од месецот не си поминал 3 гига.
--------------------
Да точно немав поминато 3GB на 17ти 11 2007.

Окулу тоа дека секогаш сум ги фалел ТК - не е точно, еве баш за тоа што ме критикуваш за август што реков
---------------------------
И Tелекабел одеше со по 30KB/s на непоминат лимит деновиве. Овој месец е особено оптоварен интернетов.

Може да се достигне брзина сепак ама често се случува да заглави.
1:19 PM, август 15, 2007
---------------------------
Телекабел имаат проблеми со бројачот, така што може да приметите интересни цифри.
Бев во Аеродром рекоа дека е на глобално ниво и дека ќе го средат.
Поздрав

5:02 PM, август 23, 2007
---------------------------
Има и други постови. Јас ја кажувам вистината, како што е така кажувам.
Патем доколку бев пристрасен кон ТК немаше да го објавам воопшто постот за тоа дека неофоцијално оди под стечај. Се на се во рок од единаесетина месеци се случило да прекине едно 10-15 пати (интернетот) и да се врати одма конекцијата за 10 - 15 секунди (имам и тоа напишано) и најчесто се работеше за прерутирање. Се разбира ваква е состојбата со ТК кај мене, ако кај тебе не е ок слободно пиши, буни се, јави се во корисничка поддршка, откачи ги, твој избор и право е тоа.
Окулу 100те гига што реков дека не се доволно, според мене за секој корисник со просечни интернет потреби не се, треба барем едно 200-300 да направат за поприфатлива цена. Исто така секогаш сум велел дека понудите НА СИТЕ ISPа се далеку од добри во споредба со глобалното ниво на понуди од тој тип, но сепак ние корисниците се стремиме кон подобро утре за сите нас. Окулу тоа колку сум потрошил - некои месеци трошам на ТК повеќе некои не зависи од многу фактори. Конекцијата од ТК во мојата мрежа има разновидна примена, се разбира во согласност со дозволените легални граници.
Види од летоска имам напишано на колку ме лимитираа. Што важи за сите тоа важи и за мене.

Друго е да се жалиш за неквалитетна услуга, а друго е да обвинуваш без докази и основа некого.

Ај Среќна Нова :)
Не планирам да се расправам понатаму, затоа што тоа не води кон подобра иднина.

Анонимен рече...

Boban said...

„Малце OFF Topic ама.. МтЊетци ставиле IP адресата да се менува на секои 3 часа наместо досегашните сесии на 12 што според мене е претерано.“

Им се јавив на 080012345 и ми рекоа дека е привремено неколку дена и дека ќе се врати на старите 12 саати после тоа.
-----------------------------------

Сега исклучуваат на 6 часа. Дали навистина ќе вратат на 12 или ќе си остане вака? Многу сомнителна работа...

Анонимен рече...

Ima nekoj informacii za toa sto tocno kje bidat novostite od Mt.Net?

Анонимен рече...

MaxADSL2+ како предигра за IPTV.

Анонимен рече...

Dobro, toa i jas go slusnav od nekade, no dali kje ima novi paketi ili kje dobieme upgrade na prethodnite? Dali kje mora nov aneks da se potpise itn. Koi brzini da gi ocekuvame?

Jovan рече...

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=698FE6AFBF773343A744F9669384F30E

Митко рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
Dejan рече...

Незначи дека ако имаш потреба од повеќе од 100 гига месечно си пират или дека треба да одиш на лекар. Еве видиш ја не сум пират, симињам што симињам не е важно и ги трошам тие 100 гига, арно ама криво ми е кога ќе видам сметка од 1800 денари (на неопределено) а.к.а. 30 евра, а луѓе во 200 пати побогати земји плаќаат толку за флет пакет од 10 мегаита. Алооо ако си ти задоволен ја несум и немој да кажуваш кој е за на лекар а кој не. Не е твое да оцениш. Иначе твојот сакан мт нет, ми ускрати се на се околу 68 саати интернет минатиот месец, ми ја прекинува конекцијата секои 6 часа, а не рачунам што пред минатиот месец наместо тие "јаки" 2 мегабита што поштено си ги плаќам, добивав 15 килобита едно 15 дена по ред, и тоа не само јас него поголемиот дел од центар на Скопје.

Лично плаќам два пакета еден домашен 100 и еден профи 100 za vo firma, се на се околу 8000 денари. И на двата ги имам истите проблеми се јавува 100 пати отвараа и затвараа налози и па ништо. Па сега ти види кој е за на лекар.

Smasher рече...

@ Митко
Јас реков:
Окулу 100те гига што реков дека не се доволно, според мене за секој корисник со просечни интернет потреби не се, треба барем едно 200-300 да направат за поприфатлива цена.

Митко друже пресметај се ти прво дали правилно расудуваш пред да почнеш да делиш препораки и сл. за кои што си ментално, морално и социјално некомпетентен и неовластен. Очигледно мешаш веќе разјаснети поими и цели. Човек немора да е пират можеби плаќа за секој бит податок што го пренесува соодветно и неможеш под никој услов да го обвиниш за тоа. Плус тоа целта на сите нас е подобар интернет за сите, не полош, види што се нуди за тие пари во другите земји, можеби ќе ти стане појасно. Твојот коментар е избришан поради тоа што се однесува на тема која е веќе одмана дискутирана (мнооогу одамна кога беа спомнати поимите хеви даулноадер) и исто така содржи несоодветна содржина (да не соржеше верувај ми немаше да го избришам) за да стои како коментар на пост на р-Еволуција. Доволно аргументирано Дејан веќе ти кажа се што требаше да ти биде кажано, а ти доколку сакаш да немаш подобар интернет слободно немај (имаш и опција - Dial Up и тн.).

Петко рече...

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=446&ArticleID=17440

Многу ме потсеќа на „Политика“ од времето на Милошевиќ и на „голоракиот“ „незаштитен“ народ од Хрватска и Босна кој пишти и лелека под окупаторската чизма.

Тешка артилерија од пропаганда.

Анонимен рече...

Ух каква му беше новогодишната програма, катастрофа, арно му прават кабелскиве, сите треба да ги исклучат, Боки 13 главен беше, невиден кич, пониско од тоа А1 неможеше да падни...

Smasher рече...

Вака Телекабел вели окулу моментот со А1 ТВ.
http://www.telekabel.net.mk/
index.php?option=com_content
&task=view&id=25&Itemid=42
Го исеков на делови линкот за да може да се види целиот.

Како што разбрав А1 барале пари за емитување (вакви работи имало веќе 7 години) ама сега им поставиле ултиматум дека може да ги емитуваат кабелските оператори, но само уште 60 дена потоа секој ќе мора да плаќа, додека антенските корисници можат да гледаат А1 бесплатно.

Анонимен рече...

јебига, ништо за беспари

Анонимен рече...

Епа редно е каблските да побараат екстра пари од корисниците за да го емитуваат А1 т.е. да направат пакети, дали сакате да го имате А1 за плус 50 ден или за тие пари Нова, ХТВ1, ХТВ2, па да видиме колку претплатници ќе плаќаат за А1, колку за другиот пакет.

А кога ќе му се намали гледаноста за 3/4 на А1 и ќе изгубат огромен дел од рекламниот колач, тогаш ќе ги видам дали ќе ја даваат програмата за со пари или за без пари.

Smasher рече...

Да де, дигитална варијанта. И тоа е тоа, иако нема да бидат цените исти за сите, кој сака ќе гледа А1 (оние со антена за без пари а оние со кабелска со месечна сметка) а кој не - не. Штом бараат пари А1 ако е навистина така има шанси крајниот исход да биде месечна доплата кај кабелските оператори.

Dejan рече...

А има уште една опција ако баш толку го сака некој А1 а у исто време и Телекабел, да си купи една скретница на дугме од пазарче, 100 денари, на А го ставаш му дава сигнал од кабелска, на Б од антена и оп решен проблем додуше, half-assed што би рекле америте ама сепак.

Анонимен рече...

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=88431

Анонимен рече...

Абе една работа не ми е јасна со ова што се бунат телевизииве, цело време се бунеа за Формула 1 и за фудбалскиве првенства што одат на кабловскиве програми, но ако кабловската има договор со странската телевизија која го прикажува настанот, тогаш како смееат да бараат да се крати преносот како што сега му се наложува.
Ако кабелските програми се со пари и претплатникот си го плаќа тоа, а во исто време и А1 бара пари за претплатникот да ја гледа, тогаш јас како претплатник ќе си одберам на која телевизија ќе си гледам формула 1 или англиско првенство.

Анонимен рече...

Ова е веќе смешно. Секој ден во неговите медиуми газда Велија п(л)ука по тие што не му плаќаат рекет. Како не се најде некој да расчепка за Унипроком-Вемакс, Стратус, Хедис...

Arheoblog рече...

Со оглед на ажурноста на Телекабел, не само што треба да одат под стечај, туку да пропаднат длабоко во земјата, подлабоко од сите нивни закопани кабли.

Археолошки дневник vol.1