28 јануари, 2008

„Развигор“

Поради „развигорот“ што ја мавна Македонија, а и Балканот воедно, деновиве во одредени краишта имаше проблеми со интернетот, исто и со кабелската. Се работеше за повремени прекини, но не е исклучена варијантата некаде да немало подолго време. Исто така имаше и проблеми со струјата, од повремени варијации, па се до подолготрајни локални прекини. Како што разбрав имало и паднато оптика некаде од кабелскиве оператори. Тоа е... ветер вее...
На оваа слика очигледно се гледа сериозноста на елементарната непогода што не зафати - дури и телефонската говорница не издржала. Исто така имаше на некои места и по некој превртен билборд, извадени табли од фасада, подоткорнати ролетни, разлетани заштитни мрежи по градилишта и слично. Се прашувам каква судбина имале некои од канопиата и сателитските антени...

26 јануари, 2008

Неотел - WiMax Бизнис

Нешто пред крајот на 2007 интернет провајдерот Неотел доби лиценца за WiMax. Кон крајот на 2007 тој излезе со WiMax понуда за бизнис корисници. Сепак понуди за физички лица сеуште не се објавени.
Според официјалниот сајт на Неотел постојат 4 бизнис понуди.
Neotel business WDSL:
Neotel 15
Брзина: 1.5Mb/s
Лимит: 15GB
Цена: 1 522ден

Neotel 55
Брзина: 2Mb/s
Лимит: 55GB
Цена: 3 528ден

Neotel 105
Брзина: 3Mb/s
Лимит: 105GB
Цена: 5 888ден

Neotel Unlimited
Брзина: 3Mb/s
Лимит: нема
Цена: 8 248ден
Теоретски максимум:
(100% остварување на услугата)
949,2GB download + 949,2GB upload = 1898,4GB = 1,8TB вкупен сообраќај
*во пресметката е земено дека upload и download брзината се еднакви на 3Mb/s
Цените се на месечно ниво.
Се надевам дека за одредено време ќе понудат нешто попристапно за физички лица.

06 јануари, 2008

ОнНет Solo Mini

Во меѓувреме ОнНет излезе со нова понуда - Соло мини. Понудата се остварува преку ADSL варијанта (како останатите ОнНет соло понуди). Спецификации на пакетот:

Цена за приклучување (еднократна): 1.994 ден. со можност плаќање на 12 рати
Цена за инсталација (опционално): 999 ден.
Редовна месечна минимална цена на пакетот:
235 ден. (по 24.01.2008 инаку дотогаш е 117ден. промотивно)
Договор: да, на ниво на Соло пакетите, значи 12 месеци.
Корисник на Solo Mini може да мигрира кон останатите Solo пакети со соодветна миграциона постапка, додека обратното не е можно.
Брзина: 1024Кb/s download, 256Kb/s upload (не пишува до, само 1Mb/s и 256Kb/s...)
Месечен трансфер вклучен во претплатата: 100MB, бројачот се рестартира на први месечно, неискористениот сообраќај не се префрла во наредниот месец
Што по надминувањето на лимитот:
за секои додатни 512MB - додатни 117 ден и се така натаму...
Опрема: опремата е во сопственост на ОнНет и по завршетокот на користењето на услугата корисникот е должен да ја врати на ОнНет. Наведено е дека корисникот мора да се однесува како добар домаќин кон опремата што значи - да ја врати неоштетена.
Исто така корисникот не смее да користи друга опрема освен онаа од оннет или од овластени партнери на оннет.
Активација на услуга: 10 работни дена
Адреса: Динамична

Теоретски максимум на трансфер и цена (земено е 100% спроведување на услугата и постојан трансфер на месечно ниво, пресметано за 30 дена):
Download: 316,40625GB
Upload: 79,1015625GB
Вкупно: 395,5078125GB
Максимална цена: 92 665ден.