28 јануари, 2008

„Развигор“

Поради „развигорот“ што ја мавна Македонија, а и Балканот воедно, деновиве во одредени краишта имаше проблеми со интернетот, исто и со кабелската. Се работеше за повремени прекини, но не е исклучена варијантата некаде да немало подолго време. Исто така имаше и проблеми со струјата, од повремени варијации, па се до подолготрајни локални прекини. Како што разбрав имало и паднато оптика некаде од кабелскиве оператори. Тоа е... ветер вее...
На оваа слика очигледно се гледа сериозноста на елементарната непогода што не зафати - дури и телефонската говорница не издржала. Исто така имаше на некои места и по некој превртен билборд, извадени табли од фасада, подоткорнати ролетни, разлетани заштитни мрежи по градилишта и слично. Се прашувам каква судбина имале некои од канопиата и сателитските антени...

7 коментари:

Анонимен рече...

Хе хе, за чудо канопито остана здраво и живо и имав континуирано интернет и во најјаките налети на ветар, иако наоколу летаа телевизиски антени и откорнати дрва.

Уште еден доказ дека WADSL е добра технологија, само со слаба реализација.

Анонимен рече...

Сателитската ми се измести. Ќе ја селам на кров - чао Хиспа...

Tigar рече...

Од кров ми летнаа неколку табли, ама Капопито не мрднало...

Кога сме веќе кај no.net, од ноември се префрлив од WADSL на solo101. Дури пред некој ден ми го деактивираа WADSL акаунтот, а опремата немаат абер да ја земат.

Значи до вчера користев и WADSL и solo101 а плаќав само една сметка.

Има ли некој што мигрирал?

Се мислам да го вадам канопито и да го шитнам, пошто лесно се наоѓаат user и pass, ама слушнав дека се опаметиле од no.net, ќе прават една MAC адреса на еден user, така да нема да може на туѓа сметка да се сурфа...

И уште една работа пред едно три-четири месеци, комшијата го раскина WADSL договорот, ама абер немаат опремата да му ја соберат. Изгледа на поклон ги оставаат :)

Анонимен рече...

Абе никој некажа ништо за лиценцава за 3G, што е како е, за понудиве малце кој е во право Cosmofon или T-mobile?

Кој се цените?

Ganco рече...

Си ги земаат канопито, им треба време но ќе дојдат кога тогаш. Освен ако не сакаш да им го платиш 400 евра колку шо го ценат они немој да го чепкаш.

Анонимен рече...

popokakapetl alea popokakapetl,
popokakapeeetlllll alea popokakapetll.

Zivko si e Zivko, alea Zivko si e Zivko, Zivko si e Ziiivkooo, alea Zivko si e zivkoooooo.


:)

Smasher рече...

@ Тигар
Има и на други места кај што не ги земале подолго време, ама сепак подобро е да го оставиш дека може да им притекне да го соберат. Нивна работа е да го монтираат/демонтираат.