Во меѓувреме ОнНет излезе со нова понуда - Соло мини. Понудата се остварува преку ADSL варијанта (како останатите ОнНет соло понуди). Спецификации на пакетот:
Цена за приклучување (еднократна): 1.994 ден. со можност плаќање на 12 рати
Цена за инсталација (опционално): 999 ден.
Редовна месечна минимална цена на пакетот: 235 ден. (по 24.01.2008 инаку дотогаш е 117ден. промотивно)
Договор: да, на ниво на Соло пакетите, значи 12 месеци.
Корисник на Solo Mini може да мигрира кон останатите Solo пакети со соодветна миграциона постапка, додека обратното не е можно.
Брзина: 1024Кb/s download, 256Kb/s upload (не пишува до, само 1Mb/s и 256Kb/s...)
Месечен трансфер вклучен во претплатата: 100MB, бројачот се рестартира на први месечно, неискористениот сообраќај не се префрла во наредниот месец
Што по надминувањето на лимитот: за секои додатни 512MB - додатни 117 ден и се така натаму...
Опрема: опремата е во сопственост на ОнНет и по завршетокот на користењето на услугата корисникот е должен да ја врати на ОнНет. Наведено е дека корисникот мора да се однесува како добар домаќин кон опремата што значи - да ја врати неоштетена.
Исто така корисникот не смее да користи друга опрема освен онаа од оннет или од овластени партнери на оннет.
Активација на услуга: 10 работни дена
Адреса: Динамична
Теоретски максимум на трансфер и цена (земено е 100% спроведување на услугата и постојан трансфер на месечно ниво, пресметано за 30 дена):
Download: 316,40625GB
Upload: 79,1015625GB
Вкупно: 395,5078125GB
Максимална цена: 92 665ден.
06 јануари, 2008
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
10 comments:
A be aj begaj
Ништо ново само уште една верзија на постоечкиве пакети. 100 мб оф леле.
Misloam deka e ludost
Уште баба ми да научи д асурфа, па таман ќе и дојдат 100те мега. Тие нема-нет се тешка превара.
Зашто бе така, нивно е да си пробаат, ваше (наше) е дали ќе испаднеме овци. :)
Од ОнНет не се купува ни усисивач а камо ли интернет врска.
Добро бре, не е ова 1996 година 100 МБ да се дава ограничивање, а после тоа, повторно наплаќање на мегабајти. Нека им служи нивниот снобизам и идиотишлак за пример па нека пропаднат со време самите, од внатре.
Ај корегирајте ме ако грешам:
Download :1024 kb/s :8= 128kB vo sekunda
100MB*1024=102400kB
102400/128=800 sekundi
ili 13.33 minuti
таман еден rar-фајл од rapidshare
Светлина said...
Ај корегирајте ме ако грешам:
Download :1024 kb/s :8= 128kB vo sekunda
100MB*1024=102400kB
102400/128=800 sekundi
ili 13.33 minuti
таман еден rar-фајл од rapidshare
8:11 PM, јануари 19, 2008
---------------------------
Точна ти е пресметката.
За тие што користат АДСЛ од Он.Нет: како сте задоволни од конекцијата последните неколку дена? Дали само кај мене е с**ње или и кај другите е така?
Post a Comment