22 февруари, 2008

3G цени

Цените кои што ќе ги нуди Космофон (големи и малопродажни) со спроведувањето на 3G технологијата во неговата мрежа се достапни на следнава адреса (АЕК).
Напомена: Тие се без пресметан ДДВ.
Има одредена разлика од оние кои што се сега понудени, особено во ценатата на интернет пристапот помала би требало да биде за окулу 15 пати од онаа што е сега (106 денари за 3MB - нешто слично со понудата на Т-Мобиле, само што Т-Мобиле тарифираат на 10KB сообраќај).
Најавената нова цена е окулу 2 денари за 1MB сообраќај (како и да е поинаку е од она што беше), незнам дали би било многу револуционерно доколку вкупната цена нема фиксна граница, сепак мора да се исклучи варијантата - правење милионски суми, што си е сигурно сигурно си е, добро би било да се избегне евентуално влегување во несакани ситуации. Цените на повиците и останатите услуги се нешто поразлични од оние кои што се сега (во зависност од тоа кој пакет го земаме за референтен).

14 февруари, 2008

МТ - прекин на интернетот

На ден Петок, (15.02.2008) Македонски Телекомуникации од 02 AM до 07 АМ часот целосно ќе прекинат со спроведувањето на интернет услугата. Причината е обнова на интернет мрежата - официјално е објавено на сајтот на Македонски Телекомуникации.

Цитирам:
---
„Врз основа на одобрените инвестиции во интернет мрежата, од страна на Одборот на директори на АД Македонски телекомуникации, а со цел дополнителни подобрувања на квалитетот на услугите, ги информираме сите корисници на интернет услуги дека на 15 февруари, 2008 година, започнува првата фаза од планираните активности за обновување на интернет мрежата.

Поради преземањето на вакви сложени и обемни активности, во петок 15 февруари во раните утрински часови (од 2 до 7 часот ) следува прекин на сите интернет услуги.
За време на тој период корисниците нема да можат да ги користат интернет услугите на АД Македонски телекомуникации.

За сите дополнителни прашања, на располагање ќе биде тим од технички експерти, а сите наши корисници можат да се обратат и на бесплатниот телефонски број 171, при Контакт центарот на АД Македонски телекомуникации.“
---
Завршен цитат.
изворен линк

Значи може да се очекуваат прекини на спроведувањето на услугата интернет кај сите останати провајдери кои што земаат линкови преку МТ во овој период.

07 февруари, 2008

3G дозвола

Космофон го доби одобрението за користење на фрекфенциите и спроведување на услуги од типот на пренос на податоци од 3G технологијата (25 јануари 2008), со почетна понуда (еднократна) од 10 милиони и 500 илјади евра (минимален услов на тендерот за еднократно плаќање - 10 милиони евра). Најдоцна парите треба да ги платат до 10 февруари 2008, а дозволата финално ќе ја добијат на 11-02-2008. На јавниот тендер за доделување на еднинечна дозвола за 3G кој што се одржа на 11-01-2008 настапија Т-Мобиле Македонија и Космофон, по констатацијата дека понудите и на двата провајдери се комплетни одлучено е дека најповолен понудувач е Космофон. Времетраењето на дозволата е 10 години, со можност за продолжување. Критериумот на избирање ги опфаќал еднократниот надомест, големопродажните цени и цените за граѓаните.