07 февруари, 2008

3G дозвола

Космофон го доби одобрението за користење на фрекфенциите и спроведување на услуги од типот на пренос на податоци од 3G технологијата (25 јануари 2008), со почетна понуда (еднократна) од 10 милиони и 500 илјади евра (минимален услов на тендерот за еднократно плаќање - 10 милиони евра). Најдоцна парите треба да ги платат до 10 февруари 2008, а дозволата финално ќе ја добијат на 11-02-2008. На јавниот тендер за доделување на еднинечна дозвола за 3G кој што се одржа на 11-01-2008 настапија Т-Мобиле Македонија и Космофон, по констатацијата дека понудите и на двата провајдери се комплетни одлучено е дека најповолен понудувач е Космофон. Времетраењето на дозволата е 10 години, со можност за продолжување. Критериумот на избирање ги опфаќал еднократниот надомест, големопродажните цени и цените за граѓаните.

5 коментари:

Анонимен рече...

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=FAE5638C1472644599C7AC6EE1E546D8

Ајде крстете се сега во Телекабел.

Анонимен рече...

Telekabel si go narusija ugledot so ova! A se pravat nekoja "seriozna" firma, poglednete im gi soopstenijata na nivnata strana, kakvi smesni izrazi koristat, sigurno im gi pisuval nekoj sto nema ni osnovno zavrseno, se im e izmesano, kako soopstenie od kuken sovet:)

Nasilnici!

Анонимен рече...

Во текстот, горе вика:

Тој им ги препозна ликовите на Митов и на Стојанов, а го познал и гласот на Митов, кој му се обратил при нападот.

А долу:

Тогаш, му пришле две лица со маскирни капи на главата.

Во најмала рака се познавал со нив.

Анонимен рече...

VDSL2.

Анонимен рече...

Еве ги цените

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=29327&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

Услугата за говорни повици во нормална тарифа ќе изнесува 4 денари, во евтина 2 денари.

За видео пренос една минута ќе изнесува 4,5 денари во нормална и 2,5 во евтина тарифа. СМС пораките ќе чинат 1,5 денари.