14 февруари, 2008

МТ - прекин на интернетот

На ден Петок, (15.02.2008) Македонски Телекомуникации од 02 AM до 07 АМ часот целосно ќе прекинат со спроведувањето на интернет услугата. Причината е обнова на интернет мрежата - официјално е објавено на сајтот на Македонски Телекомуникации.

Цитирам:
---
„Врз основа на одобрените инвестиции во интернет мрежата, од страна на Одборот на директори на АД Македонски телекомуникации, а со цел дополнителни подобрувања на квалитетот на услугите, ги информираме сите корисници на интернет услуги дека на 15 февруари, 2008 година, започнува првата фаза од планираните активности за обновување на интернет мрежата.

Поради преземањето на вакви сложени и обемни активности, во петок 15 февруари во раните утрински часови (од 2 до 7 часот ) следува прекин на сите интернет услуги.
За време на тој период корисниците нема да можат да ги користат интернет услугите на АД Македонски телекомуникации.

За сите дополнителни прашања, на располагање ќе биде тим од технички експерти, а сите наши корисници можат да се обратат и на бесплатниот телефонски број 171, при Контакт центарот на АД Македонски телекомуникации.“
---
Завршен цитат.
изворен линк

Значи може да се очекуваат прекини на спроведувањето на услугата интернет кај сите останати провајдери кои што земаат линкови преку МТ во овој период.

3 коментари:

Анонимен рече...

На Телекабел нема проблем моментално (4 саат сабајле).

МТ-Њет News серверот не работи моментално (ама и на тоа сме навикнати). :)

Петко

Smasher рече...

Телекабел уште вечерта на сајтот напишаа дека Роби (Штип)и Моби (Битола) ќе немаат интернет во тој период додека се останато што е под Телекабел ќе има интернет евентуално со побавен пристап.
Оннет и Cabletel тогаш не најавија ништо.

Збунет рече...

MtNet често ги менува IP адресите. Сега во моментов на некои места се двоцифрени xx.xx.xx.xx

Некои повеќе упатени, можат ли да одговорат од кои причини ги менуваат IP адресите? Скоро на секои неколку месеци има нови адреси. Знам дека се динамични, не прашувам за тоа, туку за целиот опсег на IP адреси.