23 март, 2008

Седум кандидати за директор на АЕК

Цитирам:
---
“Комисијата , како орган на Агенцијата за електронски комуникации донесе одлука да се распише конкурс за именување директор на Агенцијата. Огласот беше објавен на 10 март и траеше до 17 март. Во предвидениот рок, досега пристигнаа 7 пријави, што значи дека имаме голема заинтересираност на кандидати за оваа функција. Согласно одлуката на Комисијата, во наредниот период ќе биде направено писмено тестирање на пристигнатите пријавени кандидати. Сите оние кои што ќе освојат минимум 70 од вкупно можните 100 поени ќе бидат повикани на усно интервју”.
Ова во текот на состанокот, го изјави претседателката на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации Софче Јовановска, на инсистирање и поради големото интересирање на медиумите околу изборот на прв човек на регулаторното тело во сферата на електронските комуникации.
“Со комплетно завршување на постапката предвидено согласно одлуката, изјави Јовановска, ќе биде напрвен изборот на директор на АЕК со мандат од 5 (пет) години, согласно Законот за електронски комуникации. Заради зачувување на приватноста на лицата кои што конкурирале во моментот, пријавените кандидати нема да ги именуваме.
Во моментот, на состанокот само ги констатиравме пристигнатите документи, а на следниот состанок на Комисијата ќе бидат сите детално разгледани”, заклучи Претседателката на АЕК.
---
завршен цитат
Извор: сајтот на АЕК

21 март, 2008

NexCom - WiMax

NexCom е компанија во сопственост на NEXCOM Telecommunications LCC од Америка, која што се занимава со развивање на VoIP технологијата. Распространета е во 19 земји, меѓу кои една од нив е и Македонија. Со бизнисот во Македонија започна некаде во 2005 година.

NexCom со добивањето на WiMax лиценца почнаа со поставувањето на базните станици во Скопје, а како што најавуваат паралелно ќе започнат и во другите градови. Нивната понуда опфаќа WiMax интернет и телефонија. Пакетите сеуште не се официјално објавени. Најверојатно ќе има 256/512/1024/2048Kb/s (загарантирана брзина) интернет пакети + телефонија (според она што е кажано на нивниот сајт). Се работи за еднаква брзина на пренос на податоци - еднаква брзина на upload-от и download-от. Во овој период имаат поставено пробни линкови. Телефонијата ќе функционира и на локално и на глобално ниво, со што повиците кои што се остваруваат во мрежата на NexCom ќе бидат тарифирани со посебна тарифа. Исто така би требало да има и пакети за физички лица.

07 март, 2008

Надградба

Неофицијално:
Поради одредени поправки и надградби на мрежата деновиве на одрдени места има шанси да дошло до локален прекин на интернетот преку МТ (Скопје - Центар, а можеби и пошироко). Состојбата би требало да биде стабилизирана за скоро време (најверојатно сега е во ред).