23 март, 2008

Седум кандидати за директор на АЕК

Цитирам:
---
“Комисијата , како орган на Агенцијата за електронски комуникации донесе одлука да се распише конкурс за именување директор на Агенцијата. Огласот беше објавен на 10 март и траеше до 17 март. Во предвидениот рок, досега пристигнаа 7 пријави, што значи дека имаме голема заинтересираност на кандидати за оваа функција. Согласно одлуката на Комисијата, во наредниот период ќе биде направено писмено тестирање на пристигнатите пријавени кандидати. Сите оние кои што ќе освојат минимум 70 од вкупно можните 100 поени ќе бидат повикани на усно интервју”.
Ова во текот на состанокот, го изјави претседателката на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации Софче Јовановска, на инсистирање и поради големото интересирање на медиумите околу изборот на прв човек на регулаторното тело во сферата на електронските комуникации.
“Со комплетно завршување на постапката предвидено согласно одлуката, изјави Јовановска, ќе биде напрвен изборот на директор на АЕК со мандат од 5 (пет) години, согласно Законот за електронски комуникации. Заради зачувување на приватноста на лицата кои што конкурирале во моментот, пријавените кандидати нема да ги именуваме.
Во моментот, на состанокот само ги констатиравме пристигнатите документи, а на следниот состанок на Комисијата ќе бидат сите детално разгледани”, заклучи Претседателката на АЕК.
---
завршен цитат
Извор: сајтот на АЕК

7 коментари:

Анонимен рече...

Кој ќе ги прави тестовите, кој ќе ги прегледува тестовите. Дали вработените и управниот од АЕК ќе имаат предност (ќе ги „ѕирнат“). Се ова личи на добар заговор за статус кво.

Анонимен рече...

ха, ха, ха Тестови? добра заебанција. Дали некој знае за друг случај било кој директор на агенција (попрецизно кандидат) да се подложува на тестирање? Ми се чини дека е првпат.

Анонимен рече...

Тестови... Е нее...! :)

Анонимен рече...

Шо е тишинава...

Чекаме бесплатен интернет од НАТО?

Ч)

Анонимен рече...

:)

Анонимен рече...

Гревота е револуцијава да ви зјае празна. Толку многу работи се случија. Очигледно во лоши раце остана блогов, плус шефот на блогерите го затворија па нема сега кој да им ги пишува постовите. Рест ин пис револуција.

Анонимен рече...

камо пост на ребрендирањето на Мак. Телекомуникации во Т-Хоум?