25 мај, 2008

р-Еволуцијата згасна?

Мислев да напишам подолг осврт на овој тип коментари и да објаснам зошто има се помалку (или воопшто нема) написи на блогот...
Сепак сметам дека нема потреба; тие што разбираат-знаат, а тие што не разбираат - за нив е ионака сеедно. Нема да разберат...

Ама еве сосема на кратко: р-Еволуција (баш така, мало р големо Е) имаше за цел да ја подигне свеста кај корисниците и да им помогне да се заштитат. Во исто време се обиде да им каже на давателите на услуги дека корисниците не се овци и дека тие корисници го „мачкаат путерот“ на лебот на провајдерите. р-Еволуција си ја заврши работата успешно, останува на корисниците самите да продолжат да се борат за своите права и да внимаваат какви договори потпишуваат со „ѓаволот“ и да се свесни дека алтернатива секогаш постои.

Претпоставувам дека блогот ќе остане како потсетник на борбата за побрз и поефтин нет во МК.
Можеби некој и ќе постира по нешто, ама главната расправа заврши.
Кој не се сложува - широко му блогерско поле...

14 мај, 2008

Онтел - фиксна телефонија

На 12.05.2008, официјално започна со работа новиот оператор во областа на фиксната телефонија - Онтел, произлезен од ОнНет. Најавени се бесплатни разговори помеѓу корисниците во мрежата на Онтел, а и 60% пониски цени од досегашните, почнувајќи од Скопје па ширејќи се понатаму. Исто така би требало да има и бесплатни приклучоци кон мрежата на Онтел.